1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош околу децата и домот

Дискусија во 'Дете' започната од Milkiway, 16 август 2024.

  1. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.163
    Пол:
    Женски
    Ти сама во првиот пост на темава имаш пишано дека сестрата на твојот сопруг ти го чува детето секој ден по неколку саати, а свекрвата прави ручек.

    Ако и покрај ова не си задоволна од помошта треба сериозно да си ги преиспиташ очекувањата од другите.

    Смешно е да си навредена што никој не ти се нафаќа да ти чува дете од две години додека ти си на одмор во странство. Земи ти така чувај туѓо дете па ќе видиш која огромна одговорност е.
     
    На eliesaab и Anyshka им се допаѓа ова.
  2. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.246
    Пол:
    Женски
    Да, ми прави ама кога може (со цел кејф) ,ако не може си правам одвечер..се сложувам со тебе дека е помош голема ама нема љутиш ако не се нафаќа .
     
    Последна измена: 19 август 2024
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.578
    види донекаде искрено и се согласувам со тебе, секој треба да биде инволвиран колку сака, факт, со сила убавина не бидува. не се согласувам дека имам преголеми очекувања, ако добро го прочита моето мислење пишав не очекувам да ја носи на село, како мене баба ми шо ме носела. не е ни битно некако темата се вади од контекст, фала и на свекрва ми што маж ми го има воспитано така како што го воспитала, па мене лично слободно време и без нејзината помош искрено не ми фали, маж ми ја чува, ја идам на пијачка и се гледам со другарки и искачам и спортувам редовно, истото и ја го правам и он искача со другари и спортува, само се менуваме на смени, дури и заедно кога треба да одиме негде, ја чува золва ми без проблем или се наоѓа некој и фала им на сите затоа што без тоа стварно е претешко.
     
  4. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.246
    Пол:
    Женски
    Снаата два пати и има сменето пелено на ќерка и сега чат пат ми го укажува тоа ама на многу невкусен начин "Ајде јас ти ги бришев го*ната кога беше малецко бебе" :worried:(facepalm):drunk:
    Затоа дете не оставам на друг,да ми извади низ нос за едно кафе испиено,јок .
    А камоли да одам на одмор 2/3/5 дена неее,самата помисла ме потресува .
    Ако веќе помагаш доброволно не го укажувај тоа, барем јас ако помагам помагам од што сакам и никогаш нема да ти го укажам тоа "Eeee јас те пораснав,ти гледав дете,ти менев пелени"
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    3.775
    Пол:
    Женски
    Живеам на посебен спрат со посебен влез и двор. Имам 2 деца. Помош сум побарала само во исклучителни ситуации и каде што морам да излезам сама поради Х причина.
    Бабите и дедовците кога беа децата помали работеа, во смени.
    Помош околу дете ( кога бев првин со едно ) имав од свекрва ми само кога требаше да се пофали на колешките дека- се чуваме, се раниме и сега на школо еве учиме. Кој свати свати.
    Сега со две помош имам исто така од неа "премногу" бидејќи мојата золва која живее во Германија ми рече дека сум била мн среќна личност бидејќи моите деца- учат со свкрва ми, доле седат со неа, ги чува, ги шета итн итн. Останав шокирана.
    А дента за да излезам со неа на кафе бев одбиена од свекрва ми да ги наслушнува оти моите деца седат веќе сами дома без проблем а не сакаа да идат со мене баш тој ден :D а маж ми ќе си доеше дома за цели 45 мин. Ама сега пошто свекор ми е болен од неверна болест ( онаа која јадеш пиеш спиеш) и не може да ги пази цели 45 мин.
    Помали кога беа ( не дека се големи сега 10 и 6) поседуваше со нив кратко или доле седеа додека има размак време помеѓу идење дома меѓу мене и сопругот, ама сега е стара нели и со болен човек и не може. Ама ок е и тоа, не се лутам и не замерувам и никогаш не сум пререкла .
    Од моите татко ми сега е во пензија се на се имам побарано да ја земе големата од училиште во 5 год вкупно 5 пати. Мајка ми ми се има најдено многу бидејќи она работи во градинка па од таа гледна точка.
    Исто и за нив важи дека барам кога морам нешто итно или ако одам некаде навечер а свекрва ми ме одбила.
    Инаку сакам сама да си ги чувам и се мм се организираме ние двајца да се справиме со кој ќе ги чува, кој ќе ги носи и зима на училиште или градинка и сл.
    Така да верувајте децата ги раѓате оти Вие сакате, помош нит сум очекувала од никој така да се ова горе што набројав ама ич не ми е чудно ни па ме навредува.
    И многу ми е полесно и убаво што сами си се организираме со сопругот околу децата и функционираме одлично на тоа поле.
    Затоа толку ретко бараме како минат годините толку ми е поубаво. Децата одат кога сакаат кај баба и дедо без проблем.
    А да напоменам 2 год ја имаа носено големата во Дојран летоска викенд свекрва ми и до ден денешен се слави тоа не секој роденден, слава и сл. И после тие 2 год со никој не ја пуштав оти ми ја чувале, не дека и син е родител ама мене ми ја чувале и шетале :D
    Мајка ми бар си се искрени и директни и тие ко мене нит носам некој по одмори од деца нит да ми ги нудите. Одам сама да одморам од деца. И нема лутиш тука.
    И така :)
    Многу е убав животот ко не зависиш од никој да ви кажам.
     
    На Milkiway и forumce им се допаѓа ова.
  6. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.578
    под свекрва ми прави ручек, не подразбирам секој ден доаѓам јас и ручекот ме чека на маса, реков често јадеме таму и мене тоа ми е голема помош, сега кога нешо е така така е нема да терам инает тука. од друга страна да, золва ми ја чува често малата, затоа што и е тетка дечки, малата ја обожава, живееме во еден двор ја гледаат секој ден, ги обожава и баба и дедо и, сама бара да оди таму и плаче, ние гледаме да ја носиме шо помалце баш од таа причина и збориме не може сега кај баба ти, баба одмара легнала сега спие итн. пак 90 посто од обврските за детето се на нас, тетка ја игра да саат, два и три некогаш затоа и е тетка и самата ја сака и бара да ја види, не разбирам зашо мислите дека детето треба да расте само со мајка и татко и никој друг
     
    На Mumoftwo30, LiquidLuna и strelec231992 им се допаѓа ова.
  7. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.380
    Допаѓања:
    16.902
    Пол:
    Женски
    Ко што те сфатив имаш помош да ги чуваат кога ќе излезеш навечер,или погрешно те разбирам?
     
  8. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.246
    Пол:
    Женски
    Ќе се самоцитирам дека свекрва ми прави ручек овие месеци додека сум на работа инаку бев дома со ќерка и сама си готвев и се сама,посебно за ќерка посебно за нас,како и да е свекрва неможе секогаш да готви бидејки проблемите со здравјето се зачестија па се организирам одвечер,ќерка ми заспива рано па јас си готвам одвечер ,и кога ќе видиш за се треба добра организација за и вие да си играте со вашите деца :)
     
  9. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    3.775
    Пол:
    Женски
    Ретко излегуваме сами без деца , ги носиме најчесто со нас. Ама кога одиме на пр. на концерт ако не може свекрва ми ги оставам кај мајка ми.
    Избегнувам да ти кажам најискрено и сега и ко беа мали оти таман се опушташ еве ти звонат.
    Затоа реков многу е полесно ко си независен.
    Излегуваме често скоро секој викенд ама дека и веќе во друштвото се со деца а и кај мене се поголемки сега ги носиме обавезно.
    Последен пат ги оставив дома да ги чува мајка ми Декември за Дино Мерлин кога бев.
    Инаку јас кога излегувам со другарки мм ги чува и обратно тој кога излегува сам јас. Наши се на до крај :D
     
    На Milkiway и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  10. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Знам дека порано му било тешко и многу работеле и се тоа.
    Но секој ден му е поминат пред тв, гледање турски серии, а не можат еден ден месечно, два саати неделно е многу за нив да посветат малце внимание на внуците. На децата, со нив да се расположат, да ги тргнат неубавите мисли и да му се порадуваат. Не бараме некој да ни чисти, да ни готви, не бараме ни ко ќе се болни со децата да седат. Туку да има желба да го запознае внучето. Овие само зборат и зборат, како шо требало, но не мрдаат со прст, кога се работи малце да се почува и поигра дете. Не се за оправдување, него се себични, а постојано имаат потреба по нив да се оди...

    Од сабајле чистат, готват, перат, некои работи и перени по два пати чисти да биле. Куќата ја чисти секој ден, аман колку ќе извалкаш толку сам дома, навечер само турски серии.. Никој не му кажува како да си го трошат слободното време, ама пак тешко му е со детето некој час да посветат...
     
    Последна измена: 19 август 2024
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.163
    Пол:
    Женски
    Јас не разбирам зошто си незадоволна од помошта која ја имаш во моментов и очекуваш повеќе.
    Нормално дека 90 посто од обврските околу детето ќе бидат на ваш грб, вие сте му родители, вие сте решиле да дојде на свет и ваљда при носењето на таа одлука сте биле свесни колку имањето дете го менува животот, особено во првите неколку години.
    Не можеш со мало дете да се журкаш како пред него, секој треба да е свесен за тоа, а не да се лути на свекрви и родители. Тие можат да помогнат во рамките на нивните желби и можности, но не им е тоа должност.
    Да очекуваш дека некој ќе ти чува дете од 2 години додека ти патуваш во странство со сопругот е едноставно нереално. Ми делува дека ти воопшто не си свесна која одговорност е тоа.
     
    На Anyshka и tinkerbell22 им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.573
    Допаѓања:
    39.504
    Пол:
    Женски
    Нема што да се правдаш и објаснуваш. Ти пишуваше дека си презадоволна од свекрва ти и тоа е за пофалба. Јас само ти кажав дека сѐ што направе друг за нас, за да нѐ одмене, е помош и треба да се цене, макар и ситница да е.

    Под помош не се подразбира само дете да гледа
     
    На Vanilla15 и tinkerbell22 им се допаѓа ова.
  13. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.246
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, секоја доброволна помош од страна на свекрва,мајка и татко е добредојдена ,но ако треба да е на сила не молам и не сакам.
    Јас затоа и погоре кажав алал да ви е на сите мајки што сами се справувате со се без ничија помош!
     
    На Hellokitty93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Ок, на нас што ни помагаат, со нож под грло ни помагаат :D
    Ептен од крајност во крајност заминавте...
    Ако можат и сакаат е муабетот, никому без прашање не сме оставиле дете или сами се јавиле ко брат ми и снаа ми, спреми ја ќе ја земам ...
    Аман :drunk:
     
    На snegulkata, Mumoftwo30, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  15. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.380
    Допаѓања:
    16.902
    Пол:
    Женски
    Тука проблемот е што секој си додава своја или нечива приказна и се се меша,се губи поентата.Јас милки ја сфатив дека пишува за тоа дека родителите т.е баби дедовци самоиницијативно не се нудат за било каква помош.Е сега ја би била преблагодарна за било каква помош,и еден ручек и еден саат чување.Од друга страна знам пар што децата им ги израснаа плус во пакет добиваа помош околу чистење пазарење ручек и на крај и замерија на жената дека отиде да го чува бебето на другиот брак.Безосетни.Знам и жена што на првото одбивање за чување на дете им рече веќе нема да си ги видите внуците.Човечност треба да има од двете страни.
     
    На M.B., Milkiway, ArabellaStarfall и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.578
    не сакав воопшто да коментирам ама ај, прво детето не е 2 години, детето ќе биде 2 години и 10 месеци кога ќе одиме на патувањето, значи скоро три, не им оставам бебе од 2 месеци. детето зборува се, детето нема пелени, детето само јаде, детето само се облака и соблака, детето за тие денови ќе оди во градинка, нивна должност е само да го однесат и да го земат и да ја анимираат додека да заспие. прво тоа, второ, ја повеќе од сите вас сакав да ја носиме со нас и ние нигде не одиме без неа, работата е шо од оправдани причини сеа ќе ми извините шо не можам целиот живот да ви го сервирам на форумов, малата нема да дојде со нас и верувајте дека на нас ни е највеќе криво и со месеци седиме и коментираме дали ќе не бара, ќе плаче по нас, затоа што никогаш не сме делени, особено не во друга држава. не одиме иначе на одмор, одиме затоа што имаме некаква обврска, ама ќе искористиме и шетање, работата е шо немаме кај да ја оставиме додека ја имаме обврската, а на двајцата ни е криво зашо нема да биде со нас и да шетаме сите тројца заедно после тоа, иначе на одмор веќе бевме заедно сите тројца два пати до сеа и сеа ќе одиме во септрември и на трет одмор со неа. и јас и сопругот и покрај сите обврски и те како поминуваме квалитетно време со детето, само не мислам дека треба тоа да го докажувам на некој анонимен форум, фала богу на форумов запознав и луѓе со кои лично се дружам и лично ме знаат и многу добро знаат како си го чувам детето.
     
    На Mumoftwo30 и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  17. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.163
    Пол:
    Женски
    Е па супер штом било толку лесно да се чува дете на таа возраст, еве јас ќе ти предложам нешто.
    Почувај ти дете од роднини, пријатели или комшии на неколку дена, па после сигурно тие ќе ти ја возвратат услугата.

    It takes a village to raise a child, еве можност да се спроведе таа максима во пракса но и во насока на чување на туѓи деца, не само да се чека чување на вашите.
     
    На Anyshka и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.578
    дете да чуваш не е лесно, особено туѓо, затоа не го оставам кај комшиите, го оставам кај баба и дедо. сепак дете што збори е полесно за чување од бебе. за жал не знам и не сум компететна да кажам како е, немаме ниедно дете ни во поблиската, за жал ни во пошироката фамилија па не сум имала прилика да чувам туѓо дете, немаме ни во друштво ни нигде, нашето е прво ете :D

    и колку и да ја читам темава не ми е јасно шо е толку страшно да се почува внуче во исклучителни ситуации.

    моите кога починаа баба ми и дедо ми беа 60+, па они ме земаат под старателство, не дозволија да одам во дом, ме чуваа, ме воспитуваа, ме школоваа цел нивни живот на стари години беа пак мајка и татко, проааѓа пубертет, тинеџерски години на 70 пак и сето тоа го правеа со огромна љубов кон мене. фала му на бога баба ми е уште жива и веќе за жал и скоро неподвижна, сега јас и сопругот се грижиме околу неа, пазарање, зимање пензија, плаќање сметки, се што има во куќата за било каква поправка, лекари, возење шо и да е се, тоа е фамилија и така треба да биде, јас така го сфаќам.
     
    Последна измена: 19 август 2024
    На LiquidLuna, Mumoftwo30, Skyler81 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Нормално дека треба да има човечност, и осет да речам
    Ама никому не е наметнато сакам да кажам, еве чувај ми го детето, можел или не можел, сакал или нејќел :|
    Немам ја што да се лутам што свекрвата ги чувала децата на золва ми од 9 месеци па до 6 години, а она ги гледала за викенд, ама морала ете да работи, што ќе праи.
    Јас имам среќа да комбинирам работа и да ги гледам како растат, да бидам присутна на нивно се прво, чекор, збор, итн :)

    Гледам и јас да им се најдам за се што треба, сакале до маркет, до бутик, фризер, што и да е, ама да им надокнадам нема да можам никогаш целосно и пак ќе кажам фала им на сите што ми се наоѓаат вака :)
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.578
    точно, сите на темава што зборат за помош, зборат за минимална помош, човечка, никој никаде не наведе очекувам да ми го носат секој ден во градинка, да ми го зимаат, чуваат, анимираат и финансиски издржуваат детето, само темата како и секоја друга се извади од контекст и сеа искача дека ако си отишол кај свекрвата на ручек готово она услуга не знам каква ти направила, јас тоа зборам ние сме фамилија и меѓусебно треба да си се наоѓаме, она направила ручек, во пензија е, дома е готви секој ден за нив, ќе стави поголема количина( најчесто во недела) и ќе се собереме и ќе ручаме таму сите заедно, затоа сме фамилија и фала му на бога за тие моменти шо сме живи и здрави и имаме можност да седнеме заедно во недела да ручаме заедно и треба да бидат среќни шо дочекале внуче, а секако обострано и ние сме тука за нив за било што, дали требало нешо за дома, требало свекрва ми да ја носам негде, никогаш не сум ја одбила
     
    На Milkiway, MilaSs12, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.