Се трча , се трча и на 60+ Ама за свое веројатно , коа нема кој друг , и на 60 + мораш да си фит Имам помош Од мајка ми , живее во друг град . Доаѓа еднаш месечно , седи по една недела . Колку да можеме да излеземе , да се излуфтираме , а и да одморам и јас малку И на по еден од одморите ја земаме со нас . И одма е другчие ,полесно каде каде . Блазе ви на тие кои имате родители во ист град . Јас овде немам никој , освен една комшивка и една другарка на кои можам да се ослонам ако недај боже нешто загусти и нема кој да го причува саат два .
Eпа кога се мора ќе се трча по свое. Знам на што мислиш. Ама и јас сум за тоа дека треба да ти се најдат кога ќе треба. Еве на пример ако треба да одиш на доктор мора на некој да го оставиш да ти го причува, и јас сум причувувала на другарки, братучетка на мм. Па и да сакате да излезете сами со маж, во ред е ако сакаат, ама ако одбијат нема потреба од лутење, со сила ништо не може. Знам колку се важни внуците во животот на бабите и дедовците и обратно. Некои едвај чекаат внуче, ама ете некои не сакаат да чуваат, и тоа е тоа. Некои се би дале за внуче, а немаат. Јас уште кога бев средно и се најдов многу на прва братучетка, постара е од мене, живее во друг град и одев таму кога бев на распуст, по една недела седев, ама мене ми беше мерак, прва внука од братучетка, јас сакав, никој ме ми наметнал нешто. Па кога потпорасна кога одев таму и требаше да си одам плачеше по мене, многу се приврза за мене и ден денес е, како другарки сме, се ми кажува. Повеќе на мене отколку на братучетка ми (мајка и).
Не знам за какви намалени очекувања се дискутира, ама еве моиве се дури трагични од што се намалени што одат дури во насока на непостоење. Како полесно би ми било ако сфатам дека немам помош. Јас сфаќам дека немам, затоа ми е тешко, не обратно. Само ајде кај мене и други фактори влијаат. Да останев во МК, сигурно ќе имав повеќе, вака... А маж ми, и тој е во истиот брод со мене. Он, прекапан, јас прекапана, уште ни остана по цел ден да си ги мериме кој е поутепан. Да не се и лажеме, 60 годишни уште се работоспособни освен ако на хартија не се. Осум саати работно време наспроти 2-3 саати на помош при чување на дете е смешно да се дискутира. Не биле нивните времиња потешки од нашите, секое време е тешко ако не си снајден или заглавен во некој глуп систем. Кога работев во МК, се случуваше дома да не си дојдам од тоа што имав работа. Моите пак фиксно работно време. Што стан можеш за ич пари да добиеш, а јас не се сеќавам дека купував за ич пари. Башка што не оставале по дома сами да седиме, а уште газовите не сме знаеле да си ги бришеме. Пак ќе кажам, не се бара некој на детето да му биде мајка и татко, туку некоја друга роднинска фигура, која по тек на природните нешта, настани и закони самоиницијатно ќе се понуди да се најде. И што предлагате уствари, сите да си свртиме грб, затоа што никој со сила не можеш да натераш нешто, они пример не сакаат да помогнат за деца, нас кога ќе ни речат сине, ќерко, ни треба ова-она, да речеме, ааа па сега зафатени сме со детето што никој не сака да го почува, прашајте го комшијата да ви се најде во замена за тегла ајвар.
Бабите и дедовците се битни во развојот на секое дете. Ако сакаат и здравствено се добри зошто да не? Тие што не чуваат можеби не чуваат од други причини. Луѓе на 60 не се потрошени па ни на 70. Апсолутно и обострано е задоволство со баба да се прават колачи или со дедо да се оди на прошетка. Тоа се спомени кои остануваат засекогаш, а воедно и помош на родителот да здивне 2-3 часа.ж Ама ако родителите мрмкаат, па зошто да пипало брашно или рендано чоколадо, зошто му дала 3 смоки наместо 2, нормално нема да сакаат да помогнат и чуваат ако имаат џандари над нив.
да, баш тоа, затоа што сега е модерно време, време на модерни баби и дедовци. не знам шо се чудам кога општо живееме во време кога се губат секакви вредности, па нема да ме чуди и утре и ние да не се грижиме за нашите и тоа да биде најнормална работа, пошо ете ние имаме свој живот. по мислења на темава искача дека ако си родил дете веќе никогаш во животот не смееш нишо да праиш за себе или да земеш здив едноставно, ќе седиш, ќе си го носиш сегде со тебе и ќе чекаш да порасне и не смее да ти се случи ништо ни добро ни лошо и да го оставиш негде, едноставно ти раѓаш дете и тука престануваш да постоиш ти како индивудуа, сега си мајка и само мајка.
Мајка ми немала свекрва на сервис , ниту па мајка и доаѓала да не причува. Ја прашувам како функционирале со татко ми , со оглед дека она родила мн млада , на 18г, и се сеќавам дека беа баш боеми . Вели : коа потпораснавте ( јас 7 брат ми 5 год ) ве остававме сами навечер на спиење и одевме на серенади кај пријатели . Ама блиску живееле !! Како бре викам си оставала две толку мали деца сами дома . Еееее вика : доѓавме на саат два да ве провериме . Од прво одд сум седела сама дома кога ќе сум втора смена на школо а они се прва на работа . Оди сега остави 6 год дете само дома по 7-8 часа . Или па да излезам во комшии и да го оставам детето само дома да спие . Не и било арно на жената , дефинитвно Не
Јас во очи на другите имам голема помош амаа никој не прашал каква а и ни јас веќе не зборам јбг. Научив дека се ќе помине.. И се трудам да не се замарам. Не дека секогаш успевам ама ете барем полесно веројатно ќе ми е. Девојчето ми е 4г. кога дојдовме од болница леташе со коритото уште не влезени ,до 1г чим дојдеше време за бањање ми се лошеше. Пошо ако сакав сама да бањам правеше војна и секој ден се спиело ноќта или на во 8:30 ете ја лупа на врата да станеме да се бањало бебето пред 12 ч на пладне... заврши породилно почна во градинка не сакав да ја оставам со неа ама се разболуваше и морав... прашај ја како поминале ќе ти се развика ,не прашај не ме интересира еднаш се дрзна и да ми рече дека она ја чува и шо сака ќе и прави... мајка ми па далеку не може никако да помогне. Животот си го нејќев таа една година додека траеше се ова (речи ги две сосе породилното) нормално се ова придонесе за проблеми во бракот. А три пати на раб бев да се спакувам и да си одам ама пусто немаше каде... Ама чим јас влезам од работа абе уште не влезена во тоалет шо се вика она излегуваше одеше негде,време за себе нула за бракот ич да не зборам кој покрај такви проблеми ќе седне да се посветува во меѓувреме мм за да избегне од се ова си најде втора работа... Ручек еден прави и тоа пак како ќе и текне некогаш знае без најава да не направи. Јас пак ќе се снајдам и од мака шо и е дека ќе се снајдам 2 дена нема да збори... на спиење никогаш нигде не е оставена прво јас мислам дека не би можела без неа цела ноќ друго и она без мене не може. Единствено излегување откако е родена ни е една свадба на од мм братучедка (кога дојдовме во 1 ч уште не беше заспана ,не сакала без мене да спие.) и уште еднаш во црква до покасно останавме накај 23 ч и ни се јави ,,ајде во црква сте не во дискотека ,детево не сака да заспие " веќе не се ни обидов само нервози си стварам така... Има уште многу... Али битно од страна ,свеки ми ја изгледа ќерката да не беше она шо ќе праевме ние...
гледај да не си ги губиш нервите и да си правиш проблеми во бракот заради свекрвата. мојата ќерка е помала ама пак како расте ми е полесно за чување, твојата е поголемка ќе станува се полесно. за луѓето како да ти кажам, за било шо и да правиш ќе те осудат, пошо од страна е лесно да коментираш, а никој не знае дома како ти е. ако ја пуштиш во градинка мала, зашто си ја пуштила, греота е, ако не ја пуштиш, зашо дома ја чуваш, на детето местото му е во градинка, ако дадеш отказ и чуваш дете, што мислиш ти финансиски да му обезбедиш на тоа дете, ако се вратиш на работа, ете кариериска си, итн итн. има многу примери на темава, па од тоа си патиме и за жал се повеќе мајки патат од постпородилна депресија, се раѓа детето се губиш во улогата на мајка, истрошена си, запустена, немаш време за себе, почнуваат проблеми во бракот, а ако пробаш да живееш различно за да не западнеш во магепсниот круг на тоа имам дете сега и цел живот ми е на пауза, жените први ќе те осудат
И јас кажувам дека се трча. Памтам за твоите постови мајка ти од друг град доаѓа и седи. Од љубов се се прави @Yowannty ајде нека се затворат дома нашиве родители дека тешко живееле и работеле за ич пари. Нема врска едното со другото. Зборам за семејни вредности. Што обврска има баба за да се види со внуче? Да го земе за рака, да го однесе на љуљашки и да изедат по еден сладолед на 1-2ч и да си поправат муабет? И ова е терет? Можам да видам колку им е пметот, први се да трчаат кога се бебиња да се прават паметни после нигде ги нема. Мое мислење и стојам за тоа е дека се правиме заради луѓето што ќе кажат, а не заради љубов. Нит се уморни нит им било нешто многу потешко од нас. Имаме кредит на 35год за стан, работиме за ич пари малтене во 2 најдобри компании во МК. Одмор еден во годината ништо подобро од мојте...Дури на мојве и на мм неговите им беше подобро испонаследија куќи и станови и коли не знаат кредит што е. Секако дека не можеш никого да натераш, ниту терам, не сум им ни кажала бидејќи ќе биде исфорсирано. Ај да барам да дојдат да ми перат, да ми чуваат дете 8ч на ден, па згора и да му готват да разберам. Ова зборуваме за поврзување. Па он си ги бара бабите и што да му кажам( месец дена едната ја нема видено). Не може да дојде, нема време за тебе? Грубо ми делува и жал ми е за детето... Секој има 1-2ч во денот само приоритетите кои ни станаа е прашање. Јас со баба ми и ден денес сум блиска во неделата се слушаме по 2 3 пати. Син ми повеќе ја сака неа него нашиве родители, затоа што искрено се поврзува со неа кога одиме таму. Она ме исчува како дете и на нејзе се' и кажувам. Дај боже да дочекам ваква конекција со внуче. За жал мојот син нема да ја има со дедовците и чичковците, па ни со братучедите.
@Milkiway за семејните вредности се одговорни мама и тато и никој друг. Селото е само илузија денеска. Тоа село денеска не функционира на начин што функционирало порано. Денеска селото значи дека ти ќе го учиш твоето дете на почит кон сите други деца како и јас, за да минимизираме секаква можна дискриминација и конфликти во иднина меѓу децата. А ни тоа не функционира како што треба. Јас немав баби и дедовци. Имав една баба што си живееше со вујко ми кај што имаше внук и никогаш не не чувала. Доаѓаше таа кај нас на поседок 2 пати годишно по една недела и пак си ја сакав и ми фали ептен. Со моите бевме секој викенд Маврово или Охрид, се дружевме со нивното друштво и децата и ни беше супер. Сега во странство со маж си имаме преку еден петок дејт. Ќе заспијат деца, ние мучкаме разни коктели, бинџаме серии. Со децата шетаме секаде заедно. Цело лето секој викенд сме некаде. Уморно е, ама тоа е нашиот живот сега. Мајка ми едвај на нозе стои. По една недела не излага од дома, вади леб од дубоко. Кога една тетка се дешава да не го чува внукот, па ја зема со неа да попешачат. Сите што ги знам а се 60+ попрво ќе се шлаат по автобуси место да трчаат по деца и не оти не ги сакаат, туку не можат, дете е голема одговорност. Мене баш ми е безобразно да им кажувам што друга работа имаат. Мајка ми во сезона работеше и по 18 саати на нозе и сеа јас ќе и оправам што друга работа имала по цел ден дома требало на лулашки со децата мои да оди. Па само затоа што по закон се работоспособни не значи и дека се способни по деца да трчаат. И апсолутно сметам дека кога се работи за медицински потреби сите треба да се наоѓаат едни на други, ама се друго е само на добра воља од двете страни. Ако ја има супер, ако ја нема, жив човек на се се прилагодува.
Не ми е намера да изигравам психолог, ама можеби тука лежи зајакот. Звучи како повеќе да имаш поминато време и создадено конекција со баба ти, отколку со твоите. Што кажува доста за твоите. Одтука не ми е воопшто чудно што сеа они немаат близок однос со внучето.
Нормално дека ќе се појават проблеми бидејќи наместо да се обиде да ги среди работите он исчезнуваше под изговор дека работи. Се тоа помина ,за жал морав скроз да прекинам контакт иако живееме во иста куќа ист спрат исто се. Да...баш има уште многу ама ќе биде ептен офтопик Граници со манипулативен нарцис не функционираат. Она се знае и се може еве сега дознавам на золва ми и рекла ,,само кај кумата оди шо бара да и соли памет. Мене треба да ме прашува јас ќе и кажам како" Инаку мајка ми е на 200 км ,сестра ми на 150. Братучедка прва на 1000км. Другарките нормално кај шо е мајка ми.. Кумата ми е блиску и мала разлика ни се девојчињата ама реетко можам да се ослонам не знам пример ако треба порано од градинка да се земе или така нешто. А за излегување да ми ја причува немам никој.
Во твојов случај подобро никој. Не може да нѐ може за твое дете. Држи став и крени глас. Утре дете ќе научиш така.
Не може верувај ,нема со шо не сум пробала ,освен да си заминам и да ја тепам хаха. Веќе добар ден да ми рече ме нервира,иако 5 г никогаш не рекла ни добро утро наутро ни добар ден откако ќе дојдам од работа Ти едно и велиш она обратно праи за инат дури и едно време намерно обратно и кажував за правилно да направи ама ме сети .
Во заедница живеете, или на различен спрат? Оди во градинка дете? Не можете ништо да напраите за да се иселите од таму?
Во заедница живеат како што разбрав и на ист спрат , јас би пуштила дете во градинка или евентуално ако не може во градинка ќе седнам дома и ќе си гледам детето ,друг не смее да ми се меша ни во гледање ни во некои други рутини и ред.Кој и да е дали мајка дали свекрва, нашите не се осудуваат да кажат ништо ,си знаат дека се баби и дедовци и така и си личи.Треба да си построга штом маж ти не превзема ништо .А кога се работи за дете очи ќе им извадам било мајка,свекрва,сестра итн !!!
Во заедница ,сега оди редовно во градинка. Првата година беше проблем пречесто се разболуваше. Финанскиски не можеше јас да не сум на работа бидејќи дома сите трошоци ние ги покриваме. Не сака господинот мој да се исели ,вложувал он. Мислам заедно вложувавме ама јас си одам око не ми трепнува ќе земам се шо е подвижно (кујна ,апарати ,плакари,кревети ) па нека седи со ѕидовите. Ама он не прифаќа. Така и почна да страда бракот. Е после си сфати и он дека вака не оди па и застана малку од малку сеа посмирена е цела ситуација ама тоа шо поминав никој не може да ми го избрише...
Верувам да. Секако сега она не поминув мн време со детето, во градинка е и вие си ја земате, така да нека прави веќе што сака свекрва ти.