1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош околу децата и домот

Дискусија во 'Дете' започната од Milkiway, 16 август 2024.

  1. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.508
    Допаѓања:
    7.941
    Пол:
    Женски
    Ох колку сакам само да има кој да ми помогне малку.
    Моите не се тука ,во друг град се.
    Свекрва немам...
    Сами правиме со мм све. Буквално.
    Само ние знаеме на моменти колку е тешко .
    Мајка ми кога може доаѓа ,ужива да ја чува и ми помага . Ама тоа е ретко со оглед дека и она мора да работи
     
    На JoyJoy, KuklickaSk, Lisandra и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.578
    вас ви е решение само да се иселите од таму, ама за жал и лично знам неколку примери кај што исто се седи заради вложувањето...
     
    На JoyJoy, Трагедијаупмм и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  3. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Мене мие помош да ги причува и чува кога ние сме на работа,на некоја веселба да отидеме.
    И задоволна сум со тоа и доволно мие бидејки работам и викенди и во смени и по 10 саати сакам децата кога сум дома да си се со мене.

    Ве читам за ручеци а и знам луѓе кој секи ден одат на готов ручек па после дома си одат.
    Не сакам да навредам никој ама тоа за мене е размазеност и неспособност.
    Едино орифаќам ако ме викне во недела пример на ручек и таму да ручаме.
    Ама вака да му готви стално тоа мие несватливо.
    Ова е мое лично мислење.
     
    На Трагедијаупмм, Tea SK, SunnyGirl2 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    2.931
    Не сакам да навредам никој, и пак навреди. Барем напиши, кој се навреди нека му стои, лалалалалала
     
    На Milkiway, anngelique и Annath им се допаѓа ова.
  5. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    Најдобро чуваната тајна е - кога сте решиле да имате дете, сте одлучиле да бидете ненаспани, преморени, и во борба за опстанок. Сте дале живот, не е тоа мала работа а животот има висока цена. Никој не ви ветил ништо, и нема сега причина за лутење. Да, навистина е нечовечки да нема некој да ве одмени на неколку часа, ама има градинки, дадилки за чување, игротеки, работни места каде ќе научите да го сакате понеделникот, додека си сркате кафе пред екран, во тотална зен тишина, ау каква психоделија...
    Со малку досетливост и трпение, далеку се стасува.
     
    На MissChievous, eta, Трагедијаупмм и 4 други им се допаѓа ова.
  6. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    2.931
    Ја реши темата, свака ти част.
     
    На Mother of 2boys, FitGirlK, Skyler и 7 други им се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Има дадилки за чување. Да.
    Ама не сме во Америка и на филм.

    Од авион се гледа дека немаш деца кога мислиш дека за да ти излезеш со маж ти, магично ке најдеш жена да ти го чува детето. Прво таа да е слободна, друго детето да без драми седи и заспие со таа личност.
     
    На Mother of 2boys, FitGirlK, eta и 6 други им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Најспособна да сум, по 10 часа на работа не би била во расположение да готвам ручек.

    Ако се мора, се мора, ама да одбијам ручек секој ден, ми е одење со глава и ѕид.

    Секој ден имам ручек на маса, зготвен од свекрва, спакуван и по маж ми пратен. Нека мисли моник55 дека сум неспособна. Тие 1-2 часа јас се играм со син ми.
     
    На PinkGirl*, LadyD, JoyJoy и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Браво за свекрва ти, ретки се
    Мојата ни на сон нема така да ја видам
     
    На eta, Трагедијаупмм, SunnyGirl2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    2.931
    Така де. Зошто да е полесно ако може да е потешко.
    Истото и со мојата свекрва. Имаме многу помош, ама немам привилегија да ја одбивам, ќе папсам.
    Размазена не сум, ама па можда и сум неспособна. Што да правам, толку ми дал господ :D затоа ми ја пушти свеки, да ме надополнува. Како беше, на ќорото пиле :D
     
    На Mother of 2boys, JoyJoy, Amore123 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Точно дека се ретки. Муабетот е дека можам да ја одбијам, не ми готви на сила. Не праша дали сакаме да готви и за нас, секако дека ке прифатам таква помош.

    Размазена, неспособна, кој како смета дека е. И нека сум. Ми е гајле.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Помош ми е мајка ми што го форсира нејзиното одење на работа на сметка на моето не одење, па така можам да ги чувам, одам на лекар, фризер, чистам...
    Неколку пати ги има чувано (сум имала термин на лекар) иии thats it.
    А да, свекрва ми еднаш ги чуваше пола саат за да го однесам кучето на ветеринар.
    И секако градинката е од голема помош ама пак ќе кажам, среќа што мајка ми ме покрива на работа за јас тој ден дур се во градинка да можам да завршам некоја обврска.

    Инаку кога не се во градинка секаде се со мене, не едно туку две деца многу палави.
    Стоматолог, фризер, лекар, масажа (медицинска), нокти, шопинг... за пазарење нема збор (омилен дел ми е кога после работа ќе испазарам сама, ама реткост е :)).
    Имам и дополнителна работа, таму најчесто ги носам со мене. Ако можам да сработам за саат, со нив терам два, ама тоа е. Немам избор.
    Еднаш ги земав на редовната работа, работев со луѓе а они шетаа, викаа, си играа, се бркаа. Па почнаа да викаат ајде бе што дошле сите тука, ене онаму може да одат кај други(facepalm) ме збудалеа и толку беше.

    Стрес, нервоза, изгубени нерви... ама тоа е.

    Едит: ручек некогаш правам, некогаш имаме од претходен ден, некогаш скокаме, некогаш купувам или ако треба да завршам некоја работа гледам да јадеме надвор.
     
    На eta, Deus ex mahina, Milkiway и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Па супер, со муабет и слога сѐ бидува
     
    На Milkiway и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  14. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    7.318
    Babite I dedovcite bea vo Sk koga deteto rastese ,no si imaa vospostaven ritam I mir koj ne si go narushuvaa. Da pochneme od majka mi.Taa rabotese I vikendite bese umorna I imase obvrski Po doma. Vo godinata dva pati kifli I pita mi meseshe,ednas za rodenden za vnuceto I vtor pat za veligden.
    Tatko mi bese vozrasen I ne se snaogjase ni so malo ni so pogolemo dete.
    Svekrva mi vo godinata 2-3 pati chuvase dete koga odevme na svadba Ili nekoj povod za da ne go vlecheme deteto Kako sto vikase taa I sekogas se chuvase Kaj nas zasto Kaj nea mnogu ke rasturelo.
    Rucheci za veligden I bozik Kaj nea ke se sobravme zaedno so drugite.
    Druzbata so vnuceto bese glavno Kaj nas doma.
    Zemanje ,vrakanje od gradinka Ako kachese temperature a nie ne mozevme da izlezeme od rabota I toa mnogu retko dodeka jas dojdam Kaj niv.
    Pazarwnje nikogas.
    Znachi tie imaat uzrechica,ste sakale ste pravele deca,vie ke si gi gledate,nie nashite gi izgledavme.
    So toa I jas Sega nemam obvrska kon nikogo da pravam poveke od tie sto pravele za mene.
    Samiot fakt deka dvata para roditeli ziveeja vo 100 kvadrata dvajca a sedev so decenii vo 45 kvadrata kazuva deka site ne pomagaat kolku nie ocekuvame I sakame. No zatoa I obvrskite kon niv koga ke ostarat se isti.
    Od druga strana pa zatoa mozam da napravam ruchek za pola chas, I pri toa da sredam ekspresno kujna.Muz si znae deka vikendi mora da spremiv jadenje Ili da donese skara Ili kafana. Za 40 min ,za da ne platam 2 casa parking,pazaram za edna nedela zasto gi poznavam site pazardgii. Chistenje zena na dve nedeli a izmegju site znaat sto treba da napravat.Ako napravat dobro,Ako ne taka ke si sedat.Se se stignuva so dobra volja I organiziranost.Ruchek da nosam vo tendgerinja nikogas ne sum nosela.
    Nikogash vujkovci I chichkovci ne chuvale deca a I jas ne chuvam.
     
    Последна измена: 21 август 2024
    На Bellaa1234, lavica82, eta и 8 други им се допаѓа ова.
  15. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.850
    Допаѓања:
    28.475
    Помош околу чување деца сум имала , особено пред да тргнат на градинка. Ама и отпосле!
    До 3 годинки моите деца не одеа на градинка, јас одев на работа по 4 часа па децата седеа тие часови, секојдневно со баба им. Оставав и јадење, ама знаеше ретко и сама да им спрема нешто само за нив.
    Кога се враќав од работа , земам деца и ја ослободуваме баба.
    Викенд преку ден немаше потреба да ги чуват,ама ако навечер сакаме да излегуваме , баба и деде чуваа внуци. Ова 2 пати месечно секако се случуваше.
    Кога тргнаа во градинка се поретко се чуваа со баба и деде, освен ако биле болни или ете така им здосадило дома па ги однесам на час, два кај баба им да се подружат малку.
    Сега веќе се големки,10 и 6 години, и сами знаат да останат дома.
    Деца не сум оставала за јас да одам на одмор... ама не осудувам ако некој така си тера.
    Веќе си планираме дружби заедно со деца па излегувањата скоро секогаш ни се фамилијарни.
    Се полесно е како растат, ама не заборавам дека немав проблем за оставање деца. Друга тема е тоа како ние нив им се наоѓаме, ама и те како сме биле и во таа ситуација. Но нели семејство сме, ако едни од други не побараме помош, тогаш од кој друг?!?!
    И не им е должност, нити со сила им наметнуваме, често и сами ги бараат децата за друштво.

    Друга помош готвење, чистење немам... и не барам. Иако на почеток готвеше свекрва ми, ама... И за чистење низ дома не сум барала помош, нити ми била понудена.
    На ручек не одиме кај нив, ете зимница 2 тегли може да ни дадат.
    Не носеле деца на градинка, на спорт, на училиште... такви обврски преретко сме задавале. Ние си се организираме и носиме каде треба.

    Воглавном имаме разборање, ама не е се така хармонично и идеално.
    Супер е да имаш баба сервис кој чува без да молиш, ама најчесто си даваат и за право да се вмешат со некој коментар.
     
    На Lisandra, tinkerbell22, Deus ex mahina и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    Не бе баш имам деца :), само можеби се премногу спартански моите околности. Твоите се поумерени, па затоа не ми веруваш - мислев на дадилка за чување денски, а за навечер - remains to be seen :D
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Жал ми е кога слушам здрава права баба, мајка на мајката, да нејќе да го чува внучето. Неможам да замислам на ќерка ми утре да не сакам да и помогнам. И да не сакам внуче да чувам. Дај боже да доживеам и внуче и правнуче. Мојата свекрва кога се породив ми рече сакам за сѐ што можам да ти се најдам, ќе ми кажеш како. Царица и најдругарка. Не ни замислував дека вака ќе биде. Од носење ручеци, до зачистување нешто ситно (имаме жена што чисти) ,пружање алишта и собирање кога не сме тука за викенд со мм и бебето, до шетање бебе, чување јас да појдам на фризер, забар итн. Жената работи и тоа многу одговорна работа, но е витална и способна на 59години. Пред сѐ е полна со љубов кон внучето, синот и снаата. Таа имала многу помош од нејзината свекрва исто така, која е сега сеуште жива и прабаба. И што мислите дека на стари години јас неа нема да и помагам? Господ грев нека ми пише. Од друга страна мајка ми е помалку активна но и таа помага, подалеку живеат. Но кога ќе го навикнам бебчето како поголемо да престојува кај нив ќе им го оставам на чување за некој час или викенд. Исто како што и тие мене ме оставале со баба и дедо и на викендица со нив, и ме земала баба од градинка и ме бањала и ранела и шетала и купувала. За мене тие спомени со баба и дедо се засекогаш запаметени и драги,поготово од како нив ги нема сфаќам колку многу значат. Сакам и моето дете да има такви сеќавања.
    Навистина ми е мака кога читам и кога слушам од другарки како нивните мајки ги оставаат да "се мачат" за да сфатат што е мајка. Тоа ми личи на неизлечени трауми на жени кои немале помош и се мачеле, па чекај сега и ти да видиш како е. Сметам дека не е обврска да ти го растат и чуваат детето, но е привилегија, ако можат нели здравствено. Знам баби здрави прави шетаат по цел ден по најжешконо, не сакаат да чуваат внуци, а сѐ нешто се они болни уморни кога ќе им побараат помош. А исто така знам и баби и дедовци што по 3 месеци распуст чуваат деца на викендица, преку цела година готват ручеци за деца и внуци и овие сѐ нешто незадоволни за начинот на чување и се на сѐ НЕБЛАГОДАРНИ!
     
    На 1209, Mother of 2boys, forumce и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Kaj mene sveki dojde 5dena posle poragaj I nakraj raspravija.
    Poveke taa bese ispanicena kako taa da rodila. Neznaese kako da go izbajnime ni deteto prviot den. Mi velese da ne go zamaram maz mi so ,,zenski raboti,,.
    Nakraj dojde moja rodnina za da ni pomogne so banjanje. Za gotvenje da, no za se drugo poveke mi odmogna. Kraj na se bese 4den koga mi se razvika so povisok ton deka corapcinjata na bebe mu bile staveni obratno( jas so carski, bolki, hormoni na plafon, neznam nisto za bebe pa I mi se dere) e tuka napraviv golema I kazav dojde li za da pomognes ili odmognes? Ne mi ni treba takvata pomos. I po sluckata se sluci drama, placenje nevideno od nejna strana kako e navredena, jas edvaj se sobrav psihicki.
    A prethodno odnosot ni bese med I mleko.
    Sega radi maz mi sme vo ok odnosi, 1nedelno slusanje od pocit I toa e.
    Po 2saati cuvanje ako odime na vikend kolku da ispadnime so maz mi, da se istusiram, jadam I tolku e. Indirectno kaza da ste kaj nas, ke imate pomos. I se 60god sum, nejkam svekorot da go ostam pa ona pa ova, nemam sila....
    Bitno maz mi ne gi ostava, od finasiska strana I'm pomaga. No jas utre da treba da pomognam so bilo sto drugo ke bide isto svedeno na minimum.
    A na maz mi nemozam nisto da mu kazam, roditeli mu se.
    Se nervirav na pocetok, no prifativ. Ke bidam istepana od nemanje pomos no barem nema nekoj da mi se mesa I zamara. Ke porasne deteto podrugo ke e.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.