Помош околу децата и домот

Дискусија во 'Дете' започната од Milkiway, 16 август 2024.

  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.837
    Допаѓања:
    19.979
    Голем е, во школо ќе почне а таму имаат екскурзии, па понатака летни школи итн. Мора да му збориш повеќе и да го пушташ. Мојот е 5ипол, од 4г оди на спиење немало никогаш проблем едвај чека да оди, кај бабите сите ќеифови им се прават. Не е дека оди често. Во 3-4 месеци еден викенд ама итекако значи.
    Јас сум со бебе , сами скроз секој ден со двајцата, не оди во градинка не го пуштам ради вируси. Големиот веќе има свое друштво и попладне сме на лулашки ако не е таму вози точак. Мислам дека оваа возраст од 5години е најдобра, најсамостојни се. Сами јадат, сами се облакаат, сами играат не треба да го пазиш, шетаме, седнуваме во кафич јас кафе он сок, одиме на кино, на театар. Идеална возраст за второ дете е.
    Инаку е мнооогу хиперактивен, не застанува по цел ден, не' преморува. Ме изненади со мислењето.
    Мене од градинка ми се жалеа колку е немирен, дека само трча, прај глупости ист е и дома. Кога дојде на оваа возраст ми олесни во однос на активности околу него (јадење, облакање, премногу пазење на лулашки сега бар седам на клупа со деугите родители).
    Сакам да кажам, пробај види каде лежи проблемот дали тебе ти е страв да го оставаш или нешто друго. Големо детенце е за да речеш не сакам второ ради тоа. Он за 9мес од сега итекако ќе се смири повеќе :D
     
    Последна измена: 2 јуни 2026
    На Lea.Messi и Cherry333 им се допаѓа ова.
  2. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    5.265
    Мојата би останала ама нема кај кого, баби и дедовци не се во игра, пријатели и роднини да молам исто ми е незгодно, башка што она не е бубаче и да прави како што ќе и кажеш, па знам дека ако ја оставам сто пати ќе ме опцујат што прифатиле да ја чуваат. Викенд без нејзе е само научна фантастика кај нас која може да ја сонуваме. И кога ќе ги видам другаркиве како си шетаат со мажите, а децата оставени кај баби и дедовци ќе излажам ако речам дека не им завидувам. А од друга страна не ми е прифатливо да чекам уште година две пет за да се олабавиме. Мора да има некое решение што не ми е познато.:) До некаде можеме да дозволиме жена да ја чува, така и сме правеле за неколкуте вечери кога сме излегувале, ама за повеќе? Сеуште немам храброст да ја оставам со некој „непознат“ или „туѓ“ да остане сама 2 дена, па и дома да е. Нешто што сега мислам да пробам е да ја запишам на дополнителна активност после градинка. Пробала физички активности и танц, тоа не сака, ама стем и тинкер и се интересни, ако успеам да го изреализирам ова два пати неделно, и да добиеме јас и маж ми две кафиња во неделата сами, мислам дека ќе се преродам.
     
    На Lea.Messi, Miss_S и H.VAGA им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.853
    Допаѓања:
    39.845
    Пол:
    Женски
    @Lea.Messi во однос на сотанување на преспивање кај баби и дедовци и мојот на таа возраст не сакаше. Потоа наеднаш на некои 6 години реши да остане кај баба му и дедо му во друг град и ни рече ние да си одиме дома. Отидовме и се чудевме. Преспал без проблем и потоа останува од време на време. на 5 години ич не се големи како што сакаме да бидат.
    @Mucika овој период едноставно треба да се издржи. Станува полесно кога поаѓаат на школо. Тогаш имаат и повеќе активности и созреваат некако.

    За двете пердиото е напорен бидејќи ем интензивно растат ем сеуште од возрасни за се зависат. Ние сеуште крадеме време за нас двајца со дете од 10 години зашто не може сам да го оставиме на пример навечер да заспие, преку ден може, навечер не баш. Сеуште му треба надзор за да сме сигурни дека ќе се истушира и ќе заспие на време. Станува полесно бидејќи е посамостоен, може сам да земе за јадење, да отклучи/заклучи, да оди некаде сам (во продавница на пример да купи нешто), ама за навечер сеуште треба возрасен да го пази. Затоа сме махери во правење коктели, мезиња и слично по дома. Дете ќе заспие и ние имаме време за нас. Особено за викенд.
     
    На Lea.Messi и Mucika им се допаѓа ова.