Точно, јас сум одела кај тетки, вујко за летен распуст по недела две, братучетки исто седеа кај нас, тоа време друго беше. Сега некои едвај врзуваат крај со крај, можеби сиромаштијата си го направи своето. Сме јаделе што ќе ни принесат на маса, не сме прибирале за разлика од денешниве деца.
Јас не знам како очекувате тетки, чичковци да ви ги чуваат децата? И тие си имаат живот. Сум чувала внуци, не велам не. Пелени менував, им давав да јадат, ги кревав, ги играв. Пример за да може сестра ми да зготви, да исчисти и сл. Некогаш одевме и со мама, кога двајцата се иста смена. Јас ќе ги чувам, мајка ќе измие чинии и сл. Ама и ние немажените имаме обврски. Еднаш трчаше внук ми, се лизна и падна на тревник и си напраи модрица. Па, ми се развика сестра ми за ништо не ме бивало. Оттогаш кажав, ко ќе можам и сакам ќе чувам деца. Нит сакам да ми два некој обврска, нит па сакам некому да давам обврска. Да би можела сама би чувала мои деца, со нормала помош од сите.
Чекај уште немаш деца, да видиш како е, кога немаш одмор за себеси ни 5 минути, кога немакој да го почува ни пола саат, за да искочиш на кафе или со маж ти некаде, кога ќе си преморен и ќе ти се спие и лежи, ама ќе те бара да си играш со него, зошто да не е 2 пати во неделата со баба и дедо, да го почуваат некој саат? Што има тука лошо? Никој не рече децата да ми ги одгледуваат и воспитуваат побогу.
Ич да не се замараш, нека го чуваат еден ден од викенд, вие малце прошетајте и сами, или одморете дома, што имаат обврски бе секој ден, за да не можат да го почуваат внучето? Имаат други внуци, ги чуваат? Кажи јасно и гласно дека ќе искочите вечер во 21ч, и ќе си дојдете до 1ч пример. Само да седат и да се тука е потребно, немаар некоја голема обрска спрема детето додека спие. И да, мајка ми еве 2 работи работи, и пак ги зема, ги чува, ги шета, се праи со нив, не им е оправдување работата, изговор им е, за да си одмараат дома.
Мене па ептен ќеф ми беше да ги чувам внуките од брат ми кога ќе имаше потреба. Млада, немажена, со обврски, немав фамилија. Дури сама барав да ги чувам, не зашто беа многу мирни, напротив. Сакав да помогнам, оти сфаќав тогаш, иако не како сега што сфаќам, колку значи некој да ти се најде во одредени моменти. Сама, со сопругот да чуваш деца и притоа сите обврски да ги подмириш и ништо да не запоставиш е многу тешко, треба ептен добра организација и кратење сон. Оти денот е мал, плус ако работите двајцата, да се организира градинка/школо, спорт, други обврски, термини, лекари, разболувања... Нешто ќе страда, едниот можеби и ќе треба да остави работа, а со една плата е тешко. Имав и имам помош, и сум многу благодарна за тоа. Знаат некогаш да ми преречат, ама искрено, сеедно ми е. Низ едно уво влегло, низ друго излегло. Ич не се замарам ако зборат, оти како прво, сами се понудија да помагаат, не побаравме ние. Првите две и пол години со дете ми беа најтешки оти бев сама со детето, буквално само јас и тоа, среќа не работев инаку не знам како ќе постигнев. Никаде не излегувавме со мм само јас и тој додека второто дете не наполни три години. Ама буквално никаде, освен до маркет. Вечерно излегување, концерти, свадби...ништо без деца. Се' со нив двајца или не одевме. Е како растат стана полесно, седат и сами, сами си прават јадење, ручек имам секој ден и максимално го користам тоа, секако тоа мене еден ден ме чека, нема довека друг да ми готви. Не е лесно кога сте сами со сопругот и сите обврски се на вас, едноставно не се постигнува секогаш, ќе мора да се жртвува нешто. Јас искрено им се восхитувам на луѓето што постигнуваат се' сами.
Ama bas od nıkoj nemam pomos. Nı okolu deca nı okolu kukja.. Se jas ı mm samı. I ıskreno tesko e. Ajde olesnıtelno e sto rabotıme od doma pa nekako stıgame ınache.. Kukjava nema kraj, bas kukav od sabajle Epten ı gı ostavam na majka mı godısno moze 2 patı ako ıdeme so maz nekade samı, drugo sve se so nas..
Можеби доаѓаат и таму бабите кога можат, а зошто кога има можност и сме блиску да не ги чуваат? Не сфаќам стварно, имаш внуче, треба да си радосен да го почуваш, да помогнеш на децата, зошто да не, да ми је знати?
Во 90тите ова, тие што имавме баби и дедовци на село, по автоматизам се знаеше, завршува пример учебната година, дете се носи кај баба во село и не го бараш цело лето. Ок, не буквално така, ама по 2-3 недели, месец секако се останувало. Не дека баба и дедо немале обврски околу ниви, земјоделие, животни ама така некако било "правило". Со тетки, чичковци, па и соседи сме оделе на одмор. Додуша во камп во Претор, Крани ама моите тргнувале со полн автомобил деца. Јас еве сега, не знам дали настрана од моево би се нафатила да носам и деца на соседи пример. Исклучок може дете на брат/сестра.
3 godinki ima. I nie posebno izleguvame, ustvari jas ne pametam od koga ne sum izlegla sama so drustvo. Zaedno so soprugot izleguvame samo na pazaranje, togas ke ja pricuvaat okolu sat vreme. Inace sekade kade i da odime po gosti i sl so nas ide
Ама јас велам дека ако има можност и се блиску, зошто да не помогнат?? Здрави, прави баба и дедо, не помагаат? Зошто? Утре кога ќе треба помош нас ќе не бараат, ние сме тука за нив секогаш, во болници, на бањи, на доктори, упати, шетања, за се буквално, зошто и тие да не се за нас тука? Нели треба да им е мерак да си поиграат со внучето??? Тие што си заминале во странство, замнале свесно, знаат дека таму не се баба и дедо да помогнат, далеку се, нема други можности и услови. Тоа е друга тематика, ама полошо е да се тука до тебе, и 3 пати во годината да го поиграат внучето, верувај.
Според мене има само како им е на сите убаво. Не постои некакво си универзално правило според кое сите луѓе треба да живеат. Ако некој друг има желба да ти причува дете и ти му веруваш на тој некој, секако дека океј е да го оставаш детето со него. Пошо иако е обврска, истовремено е и привилегија. Сепак на некому го доверуваш сопственото дете. На тој некој му пружаш прилика да поминува време со твоето дете, да се дружат, да создаваат спомени. И тие што си го причувуваат своето внуче не треба да ја земаат таа прилика здраво за готово, треба да им е мило, треба да им е кејф. Со сето тоа кажано, не треба да се очекува од други по дифолт да сакаат да го чуваат детето. Ако планирате дете, треба да планирате како сами ќе се грижите за сè. Не треба да се форсира никого. Океј е да се праша за помош, ама не е океј да се лути доколку некој не сака и одбие. Е ако бараат да чуваат, веќе кажав. Да сакаат и тие што чуваат, да сака и детето. И only good vibes, уживајте сите во животот. Јас ко дете, обожавав кога ќе ме оставеа кај баба и дедо да преспијам. Едни од поубавите спомени си ги чувам во душата од тие денови.
Со оглед дека сум иселена од мк, немам никаква помош. Свесно сум се иселила и свесна сум била кога сум решила да имам деца, дека го жртвувам психичкото и физичкото здравје, слободното време,спиењето, прошетките до касно...се додека не се осамостојат и пркнат. Тешко е, да. Брнаутот е почест кога немаш помош. Ама стануваш и тераш пак, помирен дека немаш помош и нема кој да ја тера твојата работа. Не очекувам некој да дојде и да ми помага, си планирам што ,кога и каде, макар што многупати не испаѓа така како што сум испланирала и сум се нашла затекната во безизлезна ситуација. Може така сум се научила, зашто сум немала друг избор. Ако некој изрази желба да почува и занимава дете, во ред. Ама и ако не изрази желба,пак во ред. Помало очекување=помало разочарување.
Никој. Но тоа не значи дека не ни треба помош. Што имате против, некој да ти помогне при чување на деца? Сфаќам дека се моја одговорност, но веројатно имам и свои чувства и потреби кои заслужувам да ги испочитувам.
Подобро да кукам во Америка дека немам помош, него ли во Скопје каде сите ми се на 15минути Инаку верувам дека е тешко и ја на моменти си викам да бев во америка ќе доаѓаа можда ќе седеа по месец два вака и тука се случува и по 1-2 месеци да не се видиме со никој. @Miss_S убаво опиша така и јас растев. Јас не одев во село, во друга населба ама мојте не ги гледав по цел месец. Немаше ни мобилни, ќе се јавеа дали еднаш во неделата онака да не чујат. А мене сега родителиве ми викаат демек уште малку ни остана ( по 60год се) да излегуваме и шетаме и толку старееме. Божем се' ненашетани, а по цели лета кај баби За 10год кога детево ќе може да е само дома и нема да ти треба никој, тогаш ќе сакаат да им одиш на гости, да ги развозуваш, да пазариш...баш тогаш кога ќе ни биде нас времето да се олабавиме од деца...Тогаш па детето нема да ги ферма... зачарани круг.
Некои сакаат помош од родители, некои не, не сме сите исти. Секој си знае за себе колку му е потребна помош. И потоа си даваат за право да се мешаат во воспитувањето на детето/децата. Некои сакаат да им прават ручек, некои не, еве јас не сакам помош, и не значи ако немам деца дека не ми е потребна. Никој ме му е дома на некој да знае со што се соочува. Толку, тоа е мое мислење. Бабите и дедовците чувале деца, сега треба да уживаат. Не може некој на 60+ со 300 дијагнози да трча по дете/деца.
60+ не е престаро. Нашата замисла е така. Тие луѓе се уште работат. Да има болести, ама не се сите со дијагнози. Баба ми на 80 е со дијагнози. Па тоа се млади луѓе на 60 години тек пензија ги чека. Замисли работиш цел живот и животот на 60 да ти завршува...лошо. Не се баш сите така. Не знам колку години имаш, ама во моја околина генерално се здрави. Да притисок, шеќер ама тоа е нешто што се регулира и се живее нормално. Се уште патуваат и одат на одмори. А што би значело тоа, нив кога ќе им треба јас да речам сега е мое време за уживање? И не ми важи она ама те пораснале и исчувале. Не барав да се родам, си сакале деца си ги растеле и чувале. Генерацијата на нашите родители итекако имала помош. И треба да сме тука еден за друг. Фамилија е во прашање. А не готово она мажена е нека си тера или го оженивме синот сега не е наш "проблем". Ја деца на снаата ќе е и чувам, како да не станува збор за нивно внуче... и ова сум слушнала од многу баби... Знаете што чув последно? Мене дека ми правеле услуга со чувањето? Јас не го гледам како услуга. Тоа е мое дете, нивно внуче, нивен потомок, крв... како може мене услуга некој да ми прави со тоа што помага на свои и поминува quality time со внуците. И не само внуци, туку индиректно помага нашите бракови да опстанат. Па секој втор се разведува. Вредностите се поместија. Повеќе гледаме да се покажеме пред другите што не ни се фактор во животот. Правиме свадби со 300 луѓе, а потоа ниту еден не ти се јавува да понуди ни помош. Поклон за бебе(каков год да е од играчка до користена облека) добиваш ако славиш во кафана... пак со истата таа фамилија од братучеди што веќе нема да ги сретнеш до следни мекици...
Се е точно ова, ама ако не сакаат да чуваат не можеш да ги натераш. А со дијагнози има и на 30+. Ако сакаат да го чуваат во ред, на некои им е мило да чуваат внуче и самите сакаат, некои не сакаат, со сила ништо не бива. И јас така сум слушнала "не и чувам деца на снаата", а тие деца се и на синот, нивна крв, нивно внуче, ама не можеме да ги натераме, тоа ако сакаат. А ни твоите не сакаат?
Да работиш, да чуваш дете, да си дома 200 на саат, психички да не си ок, да поминуваш тежок период, прво дете и не знаеш кај тераш, се ти е ново... и тоа како ќе бараш помош и ќе ти треба! Сум го доживеала тоа на своја кожа, и е претешко сето ова, затоа ве молам не коментирајте ако не знаете како им е на другите. Нашите родители чекаат од нас за помош исто, од нас зависат и они, буквално секаде каде што требало биле однесени, и едните и другите! Свекор ми е со мозочен удар, има зафат на целата лева страна, и саат време бара сам да ги види и да си игра со нив! Се е до тоа колку имаме љубов спрема нештата, за да си ги исполниме! Моите сами ги бараат да ги видат и чуваат, зошто за нив е мн повредно со внучињата да поминат време, отколку да се шетаат секој ден, ако се болни нема да можат ни да шетаат, болен човек за дома е само, а не да ми каже дека треба да изживее на 60 години, а ние на 30+ не треба да искочиме и живееме, барем понекогаш! Ви се молам!
Точно е. И се повеќе ќе има ма 30 дијагнози затоа што сами се справуваме со се. Стресот е поголем и поголем општеството не притиска. Пишав на првиот пост како е кај мрне, чисто сакав споредба од други зошто мислам дека детето треба повеќе внимание и посветување да добива од фамилијата баби дедовци чичковци тетки роднини... некако е отцепен ..верувам повеќето се'. И мм и јас сме растени со цели фамилии братучеди, тетки стрини. И верувам тоа има големо влијание врз нашиот карактер и воспитување. А сега децава од мали двоени, сами... којзнае какви ќе бидат возрасни. Сами со телефоните.