Значи си правиме муабет, не сакам да се расправаме, не може секој да се сложи со нечие мислење. Членката си кажа како е кај неа, исто и другите, и ти. Самата кажа дека самите ги барале, тоа е во ред, ама не се сите исти. Има и многи безобразни родители што не сакаат да чуваат внуци. Јас кога би имала дете знам дека мајка ми самата ќе сака да го чува, си ја познавам мајка ми. А за болести знам дека и на 30+ што имаат па шетаат. Зависи и од дијагнозата, на некои им е препорачано пешачење на чист воздух, да не одам оф топик. Јас со дијагноза отидов на море, не ќе седам дома.
Не се караме таман раб. Само дост ме погодува оваа тема, зошто знам како ми било. Иначе постојат секакви родители да.
Се сложувам со @Milkiway, сега младите родители најголем дел од обврските сами ги сносиме околу децата: одгледување, растење, анимирање и шетање на деца а плус и работа и домаќинство водиме. Ние живееме сами во стан, во истиот град со нашите родители, на 5 мин ни се и двете фамилии па пак ја чуваат кога они ќе посакаат да ја видат или кога нив им одговара. Многу често или јас или сопругот сме таму седиме додека они се дружат. Ноќен живот немаме апсолутно никаков, а и немаме желба затоа што и двајцата сме во средни 30ти, и уморот си го прави своето. Еве сега се вративме од одмор, си мислевме сега ќе сакаат да ја земат еден ден барем, било кои, ќе им фали ама јок... еве пак сме 24/7 со неа, излегуваме сам по сам кој како има потреба и желба така си функционираме. Сега е 3 ипол години, до пред една година кога сопругот работеше само 2ра смена навечер бев сама со неа, па колку пати ќе ми затреба нешто од маркет и ја оставав сама во оградена игрална и претрчував до маркет, што е и ризик голем ама што ќе се натегам некој да дојде налет. Друг фактор за овој тренд е тоа што се покасно раѓаме, а родителите покасно стануваат баби и дедовци, до 64 години работа.. а порано станувале баби и дедовци на помлади години, бабите најчесто не работеле и тн.
Да тој момент го заборавив. Во патријахални семејства поготово какви што имавме сите, работата на жената беше да чува деца после и внуци. Точно сменето е тоа. Ама еве и сега доаѓаат од работа во 16-17ч и што прават? Гледаат турски серии немаат обврски како ние со мали деца. Не се со кредити по 30 години за стан нашите родители порано полесно се доаѓаше до купување дом. Сега ние се стресираме за кредити станови места во градинки инт. Живееа посмирен живот , пак ќе кажам не важи за сите. Исто и нашиве месец дена го немаат видено ни побарано да дојдат на кафе. Нема фала богу да ги молам јас дојдете на кафе да се видите со внукот...знаат дека вратата е отворена. Баш како што пиша кога ќе им текне ќе се јават дојдете пример на ручек во недела и тоа е дали еднаш во месец...И ќе одиме и ние сме таму со него. Му се моча, ајде со мама тато, му се јаде ајде со мама тато, сака да шета ајде мама низ улици го ашка другиве не можеле
Не би рекла, татко и во овие 3 години како сме разведени дали 5 пати дошол да ја прошета Моите живеат во Др место нема како и да сакаат, премногу е мала, нема уште ни 5 , да ја оставам кај нив на гости, Така да сама се, тешко ама тоа е.
Мене ми е претеризам да се лутиш на други шо не сакаат да ти го чуваат детето подолго од 10 ипол за ти да шеташ, поготово ако тие луѓе работат. Мислам, ваљда кога ќе донесеш одлука дека ќе имаш дете, прифаќаш дека животот скроз ќе ти се смени и дека можеби со години нема да праиш ништо како што си правел до тогаш. Па уште ако ти се погоди дете што нема да сака да биде со никој друг освен со мајка му... јбг, тоа е родителство. Исто, скроз ми е бескорисно споредување со како им било на нив, пошо ако е така може да се споредиме и со Ријана и да речеме, животот не е фер, она има пари за 100 дадилки, си патува, се журка, си ужива, а има 2 деца, а јас неам излезено 5 години никаде.
Не си во право. Ќе тргнам од себе. Имав постпородилна депресија, додади на тоа интрузивни мисли кои ми го уништуваа секојдневието. Самото тоа што стануваш мајка е огромна промена за себе. Се што до сега си бил, веќе не си. Изгубен помеѓу себе-старата ти и новата ти-мајка, нешто сосема непознато. Дополни на тоа, се што носи мајчинството. Сите си ги сакаме децата, но факт е дека ни треба време за себе. Се сеќавам до ден денес, после толку време, кога за прв пат сама излегов. Тие четири саати што ме немаше, ми дадоа енергија да издржам. Да си ги слушнам мислите, да сфатам која сум и каде сум. Супер за тебе што 5 години немаш излезено. Ако тоа не те тера на раб на лудило, мене ќе ме извади од колосек. Не барам журки, пијанчење, барам сопствено време. И затоа е потребна таа помош. Не барам некој да ми зема дете од градинка, не барам ниту преку недела да се грижи. Јас барам кога ќе одам на гости, или кога они ќе дојдат кај мене, да се помогне во смисла, да излуфтирам мисли и негативна енергија. Да излезам, да блеам во небото и ништо да не слушам, тишина. За среќа, не сум имала до сега некои проблеми со нив. Но, и тоа како премногу значи кога некој ќе ти се најде. Кога стануваш мајка, не престануваш да постоиш. Само ги модифицираш очекувањата врз туѓи барања. И човечки е да почуствуваш за момент време за себе. Така да, муабетов јас 5 години немам излезено никаде, не се споредувајте со Ријана, никаде не води, уште помалку е продуктивен. Помош треба. Не искористување на туѓата добрина и време. Туку помош, кога си на раб да се јавиш на жуто комбе да те однесе.
Ајде ние без деца да дадеме еден коментар. Првично секој сака време за себе, но ако веќе тоа го нема не е некој голем проблем ако излезете заедно со вашите деца каде и да одите. Секој кој се согласил да има деца бил свесен дека најмногу мажот и жената ќе ја носат таа одговорност. Кога сме конкретно кај бабите и дедовците ако тие ви ѓи чувале децата дали вие како снаии дали би ги гледале нив на 70+, 80+ ако не дај боже паднат во кревет ?
Многу се пронајдов во ‘болката’ на @Milkiway и мислам дека повеќето не ја сфативте. Не е толку работата некој нонстоп да ти се наоѓа, колку што боли тоа што никој не е заинтересиран ни за тебе, ни за твое дете. А за фалење на фб со внуци први се, за родендени, крштевки, свадби. Толку многу имам да пишувам ама се иритирам премногу од оваа тема. Мајка ми, татко ми и свекор ми работат, свекрва ми мислам нема ни 2 години стаж во животот. Прво внуче во фамилија од двете страни, јас мислев дека ќе се потепаат кој да го чува зашто јас на пример за децата на другарките бев секогаш тука. Единствена помош што ја имам е од мајка ми, навечер знае да земе едно дете и да го прошета, порано и ручавме кај нив додека бевме презафатени ама после една кавга со татко ми и тоа прекинавме. Е тоа ми е помош. Свекрва ми скроз незаинтересирана, што прави сама дома по цел ден само таа си знае. Што вика Милки и на гости кога одиме никој не ги погледнува децата, пак јас и мм ги играме, пак на нога (а не си седнал од 6 сабајле) и веќе да ви кажам искрено никаде не ги носам. Кој сака да ги види знае кај сме. Е сестра ми ја пропуштив, она ми беше дадилката кога мораме некаде сами ама веќе и таа е презафатена така да, сами сме. И ние сме пораснати со баба и дедо и баш поради тоа најчесто се расправам со моите, шетаа додека ние бевме мали, сега пак тие непрошетани. Тотално никаков однос со внуци, никаква близина. Седат децата со нив ама не е тоа тоа, ја нема таа конекција. Јас стварно не знам како опстануваат браковите, едвај наоѓаме време да се видиме, муабет, секс. Се научивме претепани да функционираме, остаревме некако, немаш сила ни децата попладне да ги прошеташ, дома сме во константен хаос. Маж ми ги извршува обврските надвор и придонесува едно 80% финансиски, мои се поголемиот дел обврските низ дома, големо пазарење е со децата, шопинг со децата, банки, институции било што со деца, на свадби и прослави ако е возможно со деца, ако не еден од нас оди или никој, со друштво ако заспијат децата до 21h двајцата одиме, мајка ги пази само. И ред други работи што не ми текнуваат, а ги има. Им завидувам на сите што имаат заинтересирани родители спремни да помогнат, овие нашите мораш да им закажеш неколку дена унапред, да кажеш причина, колку време ќе не нема, па да размислат. Уствари мајка ми ова, свекрва ми сама никогаш не ги чувала, не ги ни погледнува.
Во контекст на муабетот на @Skyler , не лично за мене ама од другарка,на барањето свекорите да почуваат дете на 2-3 часа за викенд преку ден и тоа добива одговор што имаме ние да ти чуваме дете кога ти за викенд си слободна. Жената имаше лекарски преглед и буквално беше доведена во ситуација да бара по друштво дали некој би почувал дете, на сите да се објаснува каков проблем здравствен има. Таткото на дете, во моментот на службено патување беше. Може не постојано ама добро е да се најдат кога стварно има потреба без прекорување, без прашања, без мешање.
Од никого немаме помош, ни од едната ни од другата страна, да беа други луѓе, да можеа повеќе, да беа поинакви, но толку му е капацитетот. Од едната страна треба ние да ги чуваме, а од другата никогаш не побарале, па ни кога сме таму со прст имаат мрднато, туку само нервоза и стрес. Шо не ни сакам да одам, ни да го носам. Шо е до мене ич да не познава баба оти ова е жаба.
А реално и ретко кој родител дозволува децата да се нонстоп со баби и дедовци, па да ги разгалат, да ти го срушат авторитетот. Муабетот на сите мислам дека ни е да ги земат 1 саат до лулашки, на сладолед, не знам нека си смислат активност да се зближат. Мене баба ми ме анимираше, мајка ми не се замарала со тоа кога ме носела кај нејзе. Или болни беа двајцата ама болни со пневмонија и бронхит, јас со стомак и ги носам сама по доктори. Еден при свест да се најде, да рече чекај женава е трудна дали ќе се снајде сама со две болни деца. Јок. Или да прашаат бе така повремено како сте, да не ви треба нешто? Ете не знам, и јас сум родител и не можам да замислам за 20 години до толку незаинтересирана да бидам за моите деца.
Ние помош немаме. Од кај мм веќе се 65+. Не сакам деца да ми фаќаат. Од прави,здрави и среќни ми ги прават болни, нездрави, нервозни итн. (Тоа дека снаа си ги чува, на муабет е така). Среќа не живееме заедно. За помагање само на синот се помага како он да е фаличен нешто, за јадење готви, за чистење како лисица со опашка. ( Тоа се качува кај нас таму во нашата куќа на спратот кај што не живееме сеуште ние (а и ради нив не сакам да одам да живеам сеуште, немаат никакво поштовање). Иако кај неа не е исчистено долу на спратот кој што и го направи синот ) Ако мислевте и на парично дали помагаат (чувај боже,Не). Ние помагаме, што за нас тоа и за нив. (Они буквално муфтаџии се ) Моите околу домот помагаат. Кога ќе дојдат од странство (два пати годишно). Парично даваат бидејки имаат, ама и не треба...Се ми вадат низ нос Со деца се ок ама секогаш знаат да коментираат како да ги чуваме. Мм не ги мириса многу. Ама со неговите е лепенка. И така подалеку од сите, инаку има расправии. Кој разбрал разбрал кој не ок, јас си кажав И да знаете бракот не го замислував вака дека ќе се турски серии стариве... Среќа јас и маж ми стискаме заби, јас бегам од неговите, тој од моите. И така само ОДМАГААТ
Ни нашите деца не барале да се родат, сме сакале деца, ќе си ги чуваме Порано жените не оделе на работа, луѓето живееле во класика заедница, делеле едно купатило куп луѓе, па сакале-неќеле имале "помош". Јас сум човек што има едно правило, децата треба со родители да растат, родители да ги воспитуваат и во свој кревет дома да спијат. Баба, дедо, тетка, стринка се за да се видат, да си поиграат, да им се порадуваат и после секој по дома. Зборам за себе, како јас гледам на оваа "проблематика", инаку секој со своја желба и потреба нели. Многу кратко се мали, многу брзо растат, еден ден ќе ни фали се ова низ кое поминуваме денес и сега.
Како побогу настојувате и наметнувате да ви чува дете некој што јасно и гласно кажува дека не сака/не може итн, или ете ако не кажува јасно и гласно но пробува да ви каже одоколу зашо му е незгодно…Па дури им навлагате што им биле обврските… Сигурно си превише мека, наредно тупни го без најава зашо ако прашаш може да те одбијат, и гаси телефон да не ти звонат, само тврдо!
Чекај малку, тебе ти е чудно што никој не ти се нафаќа да ти чува дете од 2 години на 5 дена додека си ти на одмор во странство???
Јас не се согласувам. На деца им треба општество, а не само лепенки за мама разгалени станаа до бесвест. Мора љубов и внимание од фамилија и општество. Точно не барало да се роди. Раѓаме затоа што сакаме, ради нас, ради продолжување на нашата фамилија и збогатување на животот на фамилијата општо. Плачеа 2 години по мене како немале внуче за сега да се тегнеме да го видат. Плачеа само за да не рече народот оваа не може да роди? Тоа треба да е нивна најголема радост, да дочекаш внук веќе стана премија. Уште па ми бараа име од дедовци да ставам... Да и ние многу брзо старееме ќе ни фалат овие денови кога сме млади Ја сфаќам поентата, друг ми е мајдсетот во моментов.
Kako za prvoto dete(10 godini ima) taka ii za vtorovo(9 meseci) svekrva mi ke go cuvaa.Utre pocnuvam na rabota,od majka mi nikakva podrska a pomlada e.Da si puknes ama gospod zdravje da I dade na svekrva mi.Krivo mi e Sto majka mi e takva kakva Sto e ,NEMA merak da dojde ni da GI vidi.