1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош околу децата и домот

Дискусија во 'Дете' започната од Milkiway, 16 август 2024.

  1. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    Не настојуваме некој да ни чува дете ако не сака, моментот е што ни е чудно што не сакаат да го однесат внучето на лулашки саат два, да си поиграат со него или било каква активност. Мајка ми го чуваше син ми додека одев на работа и ми кажуваше цело време дека ужива со него и ја полни со позитивна енергија.
    Тие што немате деца ајде не може да го сфатите овој муабет ама ај тие што имате: за 20-30 години вашето дете има дете. Вие сте живи здрави (релативно). Кога ќе го земете тоа внуче ќе ве врати во времето како сега кога го раснете вашето, само сте постари, имате сѐ поминато и знаете колку брзо раснат. Плус не треба за сѐ да му мислите само да го занимавате и да го пазите неколку часа и после го враќате на родителите. Еве тоа е на мајка ми гледиштето, а млада жена нема ни 50 год.
    Ако еден ден имам внуче би сакала да им се најдам во годините кога расте, искрено тогаш му требам и на детето и на родителите. Исто и другарките и сестра ми ја чекам да бидам тета. Таа кога ќе се понуди да го земат некој саат син ми, го прават тоа од љубов и уживаат, секако дека не им е обврска ама се цени премногу и мислам дека е човечки да си помагаме. Многу анти деца став ми е тоа дека родителите си се нафатиле, не може да очекуваат некој да им го причува.
     
    На Skyler81, LiquidLuna, Skyler и 7 други им се допаѓа ова.
  2. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Во право биле што не ги чувале кога имаш вакво мислење за нив и како очекуваш финансиски да ти помагаат со две пензии ? Не ми е јасно како немате согласување ти кон неговите родители, тој кон твоите родители, тоа е основата на еден брак.
    И јас тоа се прашувам.
     
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    24.233
    Хипотетички беше тоа јас.

    Сето тоа што си пишала треба да го размислиш пред да имаш дете и земеш во обзир дека можеби ќе ти биде реалност. Џабе раскажуваш како ти било или ти е, зошто никој друг не е крив за тоа, па ти да се лутиш на други луѓе. Ако некој треба да ти овозможи време за тебе, тоа е партнерот, зошто заедно сте решиле да имате дете. Секако дека кога ќе станеш мајка дека не престануваш да постоиш како индивидуа, меѓутоа свесно и намерно стануваш мајка знаејќи ги можните проблеми.

    Јас сум за "селото", но не преку наметнување. Ако немаш "село", никој не е крив за тоа. Ваљда си свесен за тоа кога решаваш дете да имаш. Сум за помош (прочитај ми го првиот коментар), но нелогично ми е да се лутиш ако роднините кои не учествувале во твојата одлука ти да имаш дете, не сакаат да помогнат.
     
    Последна измена: 18 август 2024
    На Gosh, Anyshka и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    24.233
    Заебано е да ти е така како што опишуваш, но пак ќе кажам, не можеш на сила некој да тераш да прави нешто. Меѓутоа, што си сеел, тоа ќе жнееш. Утре може они ќе се чудат зошто си ти незаинтересирана за нив.

    Ова.
     
    На Gosh, Milkiway, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.906
    Допаѓања:
    11.932
    Пол:
    Женски
    @MissChievous сето убаво го кажуваш, ама нема кој да сфати. Пред сѐ детето е одговорност на двајца (свесни) личности што решиле да создаваат потомство. Ова доаѓа роди го, па отстрана други да го гледаат.
     
    На Gosh, Amellie13, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.794
    Допаѓања:
    12.284
    Пол:
    Женски
    А ти мислиш ако причуваш дете на 1 саат јака работа си завршила? Како тоа го раѓаш и други го гледаат? Дали воопшто си свесна што значи вистински умор или онака само да се пише нешто?

    Туѓинци станавме, браќа и сестри, родители, сите се оттуѓивме. Себичност насекаде. Ќе скролам 5 саати денеска на инста ама не одам кај сестра ми, кој ја терал да раѓа.
     
    На januari19, Lizi, Skyler81 и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.091
    Допаѓања:
    7.549
    Пол:
    Женски
    Леле, па не го оставаме детето по месец дена да ни го чуваат и воспитуваат, туку по 2-3 саати во ден, еднаш до два пато во неделата, што ви е значи? Вие не сте оделе кај баба и дедо кога бевте мали?


    Чудно е како сите што се уште немаат деца, вакви негативни комнетари пишуваат.
     
    На anngelique, Milkiway, forumce и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.919
    Па има ли поубаво дете да си знае фамилија и да расте заедно со баба и дедо. Башка среќн и одморена мајка, среќно и спокојно детенце.
     
    На snegulka445, tinkerbell22, Martka и 6 други им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.906
    Допаѓања:
    11.932
    Пол:
    Женски
    Никаде не кажав нешто за да реплицираш вакви работи. Знам што е вистински умор зашто сум учела и плус сум гледала едно дури мајка му лежи во болница. Ваљда не очекуваш да се распостелам со приватни информации за тебе да ти удоволам.
     
    На Gosh и Anyshka им се допаѓа ова.
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.906
    Допаѓања:
    11.932
    Пол:
    Женски

    Ако немаме деца, не значи дека немаме искуство. Оти вашата логика е ако нема деца, не знае. Да, вие со децата сте најмајки - ако тебе и на другите ви е полесно. :hai:
     
    На Gosh, Anyshka и nextredstyle им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    5.226
    Пол:
    Женски
    Како да земеш во обзир што е реалноста кога и реално не знаеш што те чека ако не го искусиш на сопствена кожа?:D
    Прост пример. Викаат дека работата на рударите е тешка. Свесна си од кажување дека е така. Но, дали точно знаеш со што се справува еден човек при таа професија, секојдневните предизвици и сл? Веројатно не. Додека не осетиш на своја кожа, можеш само да претпоставуваш. Уморот од неспиење за испит, од журкање, од работа е неспоредлив со оној кога си мајка.

    И ај бидејќи свесно си се одлучила да станеш мајка, сфаќаш дека имаш ,,burn out", нека ти свртат сите грб, затоа што тоа е твој проблем. Сфаќаш колку себично звучи? Како 2-3 саати некогаш ако некој се понуди да помогне, животот ќе му го загрозиш, душата ќе му ја извадиш. Во што се претвара светот и каде е човечноста? Посебно од оној што те родил, да не те познава и да не го препознае уморот и да се понуди да ти помогне.
     
    На Skyler81, Mother of 2boys, Kolache na mama и 4 други им се допаѓа ова.
  12. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    5.226
    Пол:
    Женски
    Многу сте интересни. Споредуваш умор од спремање на испит, со умор од неспиење и чување дете?
    Да, умор е за тебе, затоа што не знаеш дека може уште повеќе од тоа да бидеш уморна.
    Зошто имаш потреба да се докажеш за нешто што немаш искуство.
    На хирург ќе му кажуваш како да се справи со уморот и како да оперира?
    Многу веројатно дека не.
    Така и ова.
    Искуси, па сподели решение.
     
    На tinkerbell22, Skyler81, Mother of 2boys и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.404
    Допаѓања:
    2.674
    Пол:
    Женски
    Ние не оставаме да ги чуваат.
    Не! За нас бракот сме само ние. Моите и неговите не ни се никаква основа. Основа сме ние и децата! Свесни сме за реалноста околу нас. Јас и он се почитуваме. Тоа што јас го мислам за неговите или он за моите е искрено. Многу други работи се основа за брак...
    -Не, не очекувам помош парична. Така спомнав да е на јасно, си зимаат убави пензии. Фала богу и така треба да е за секој.
     
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.794
    Допаѓања:
    12.284
    Пол:
    Женски
    Очигледно кратко си го причувала кога уште не ти се јасни работите.
     
    На Skyler81, flower55555, Tea SK и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.404
    Допаѓања:
    2.674
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се оствариш како МАЈКА ќе сватиш дека сакањето и чувањето твое и туѓо дете не е исто! А уморот не е ни битен. Можеш да се уморуваш и на нива секој ден :D
     
    На tinkerbell22, flower55555, Martka и 7 други им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.906
    Допаѓања:
    11.932
    Пол:
    Женски
    Години за тебе е кратко? Правење храна, ставање свекици, менување пелени и ред други работи што одат со дете..како да кажам, некогаш сте злобни и едвај чекате да нападнете некоја што нема деца.

    Можда пример не можам да имам деца, ти текнало? Го земам како пример зашто немате осет до каде одите.
     
    На Amellie13, Anyshka и nextredstyle им се допаѓа ова.
  17. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.091
    Допаѓања:
    7.549
    Пол:
    Женски
    Па ако немаш деца не си мајка, логично. Сите сме најмајки за своите деца, само за нив сме незаменливи, за секој друг сме.
    А како тоа имате искуство? Сте почувале 3 пати у животот дете или внуче, тоа демек релевантно е со тоа свои деца да имаш?! Можеш да си мислиш само дека е така.
     
    На Mother of 2boys, Martka, Tea SK и 4 други им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.979
    Допаѓања:
    123.871
    Пол:
    Женски
    Немате право да се лутите оти вашите родители нејќат да чуваат деца за кои не се должни бидејќи они не ги направиле туку вие!
    Вашите родители си го завршиле своето со вас.
    Потоа им следува право да се посветат повеќе на своите потреби.
    Да одмараат и да шетаат. Не да им се наметнуваат уште обврски!
    Или се болни или ќе се разболат ненадејно баш ради внуците.
    Им ги тупнувате, а после кукате ако децата ви речат дека повеќе ги сакаат баба и дедо. Гневот ви е посебен ако станува збор за родителите на мажите. :rofl:
    Исто и за другите членови на семејствата. Не се должни за деца кои не ги направиле!
    Вашите деца се само ваша одговорност дур сте живи!

    Пред да правиш дете, треба да си психички и физички спремна. Спремни со нерви, имот и пари за дадилки и градинки.
     
    На Gosh, Malesia, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.979
    Допаѓања:
    123.871
    Пол:
    Женски
    Членката пиша години, значи мисли на повеќе од 3 пати.
    Еј, колку пати имам пишано дека искуство се стекнува и без раѓање дете оти не секое дете е растено од родители и не секое дете има постојано родители до него бидејќи животов е суров. И пак се игнорантни.
    Се занесуваат, а после се чудат оти се одбиени кога бараат некој да им ги почува децата.
     
    На Anyshka и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.794
    Допаѓања:
    12.284
    Пол:
    Женски
    Епа што си чувала кога не е твоја одговорност туѓо дете?
     
    На Malesia, Tea SK, strelec231992 и 4 други им се допаѓа ова.