Мајка не е таа само што родила, туку што го исчувала и израснала тоа дете. Еве неможеме да имаме деца и пример се решиме да посвоиме? Иии, нема да бидам мајка, повоените деца ги викаат родителите со "тетка" и "чичко"? Значи немам коментар. Инаку кај баби и дедовците не сум седела многу, туку кај тетки, вујко за распуст ама на 10 години, не ме оставале на 2 години. Тоа било за да си играме со братучетките, не да ме чуваат. И мене не ме чувале бабите, туку мајка ми и татко ми. Не завршува животот кога ќе родите дете, ама ете не сакаат да чуваат внуци. А и што има врска ако сакаат да шетаат на 60+, демек само на младите ни се шета?
Девојче, се изгуби во муабетите, ако не е твое значи е туѓо. Многу ми е топло за да ти ги решавам загатките, продолжете слободно со претпоставките.
Јас ве разбирам сите, и јас сметам дека е најубаво кога бабите и дедовците имаат квалитетен однос со внуците, се дружат со нив, ги згрижуваат. Но, тоа не реалност за сите. Сигурно кога размислуваш дали да имаш дете или не, не романтизаш како бабата го бутка детето на лулашка, се смеат и забавуваат? Ваљда помислуваш дека можеби ќе се изгубиш себе си, дека тоа е честа појава, дека постпородилна депресија е честа појава, дека милион други работи се честа појава и дека веројатно и тебе ќе ти се десат? Ако си свесна за сите тие работи, тогаш го прифаќаш ризикот дела истите ќе ги осетиш на твоја кожа со носење на одлуката да имаш дете. Бидејќи не мора да имаш дете. Сите тие работи, и многу други, може да бидат пресудни да се решиш дека нема да имаш дете бидејќи не сакаш да ги осетиш тие работи на твоја кожа. Освен ако немаш над 60 години, не знаеш како е да си 60+. Не знаеш старите со што се борат во себе. Не знаеш дали се во депресија. Не знаеш дали воопшто имаат нерви за да причуваат дете и 3 саати. Не знаеш дали имаат храброст. Не знаеш многу работи, ама очекуваш да бидат такви какви што ти си ги замислуваш, само затоа што тебе ти е тешко. Пак ќе кажам, најубаво е сложна и присутна фамилија, јас самата си кажав колку обожавав да останувам кај моите баба и дедо, но ако бабата и дедото на моето дете се решиле да имаат поинаков однос, нивна загуба. Загуба и на моето дете, ама не сме ние криви. Имаат право да бираат како ќе праат во животот, и секако и ние имаме право на истото сега и понатаму.
Ах вечна болка Свекор и свекрва немам, моите се во друг град. Се наоѓаат, за викенди, не викам не. Фала им за тоа. Ама конкретно ќе зборам за друштвото, затоа што други роднини овде кај што живееме немам. Кога бев трудна "цело село" ќе го чуваше детето, ќе ми помагаа. Yeah, right. Истите тие не знаат ќерка ми како изгледа. Ми фали некој што ќе каже "еве јас ќе ја чувам, не ја влечи со тебе по банки, по болници, по продавници" пример. И пред да ме заколете за муабетов, да, се оттуѓивме и со пријатели и со роднини. Должен никој не е да ми ја чува, ама не станува збор за должност. Јас не ги чував и шетав братучедите од должност, туку од мерак сум ја молела вујна ми. За моето дете на никој не му е мерак, тоа ме боли
Ова е тажната вистина, истово го зборам со сите кога размислувам трезвено. Само што со деца знаеш како е, хроничен умор, престимулирана, хаос дома, другарките полека ги снемува, општо луѓето околу тебе исчезнуваат, немаш поддршка, немаш внимание и тука настанува таа експлозија од емоции. И мажот не може да ти биде секогаш поддршка зашто и тој исто се осеќа, едноставно двајцата преживувате и се снаоѓате. И очигледно единствен начин да го преживееш мајчинството, а да не се распаднеш, е да ја прифатиш реалноста и полека да ги отфрлиш сите што ти свртеле грб зашто е многу поубаво кога знаеш дека нема помош и тоа е тоа. А вака, го гледаш селото околу тебе ама нема никој. И јас искрено кога ќе се спремам психички дека сум сама подобро се снаоѓам, а кога добиваш ветувања дека ‘еве ние сме тука, ние ќе ги чуваме, утре ќе ти донесам ручек’ итн итн. и утре никој нема ни телефон да крене…премногу е разочарувачки, се осеќаш како скроз небитен лик и како никој да не те сака, ни тебе ни децата.
A кој рече дека нема да си мајка ако се посвои дете? Спомнав негде такво нешто? Кажав ако немаш дете не си мајка, и тоа е тоа, безразлика дали си го родила или посвоила, кога чуваш дете до тебе, 24 часа, и 3 часа у месец дена, не е исто. Многу паметувате а не знаете како е, навистина од кожа ме вадат вакви муабети! @eliesaab ти прочитај се што пишуваш прво, јас добро знам што мислам и што пишувам, не ми се исчуваа сами дома децава. Take it easy!
Истото е и кај нас млади баби и дедовци сеуште работат, со две деца комплетно сами се справуваме со сопругот
Во ред е да зборувате за децата, не сте ни виновни на нас што не сме мајки, ама на секое "ти не си мајка, не знаеш", не знам колку пати го спомнавте тоа. Точно, не сум мајка, и не знам. Ама...мене не ми е логично да оставам 2 ипол годишно дете 5 дена (не 1 ден, 5) за јас и мм да одиме негде. Сепак се работи за многу мало дете. Што ако качи температура детето, или не дај Боже му се случи нешто? Сигурно ќе се обвинуваат тие што го чувале детето. Во такви ситуации детето си бара мајка, не баби, дедовци, тетки, вујковци. Тоа е мое мислење, секако вие си знаете и одговарате за вашите деца и последици. Секој има право на свое мислење, не мора веднаш да се скока ако не се согласите или на нас што не сме мајки (тоа не од што не сакаме). Точку од мене, продолжете си.
Зошто да не романтизирам бабата да го носи детето на лулашки и да бутка количка. За тоа е баба, за мене е свекрва или мајка, не ми треба на мене да ми ја бутка количката, од ќеиф дека е баба да сака. Патем не знам за каква помош се зборува на темава. Мене лично не ми треба уште една јас на моето дете, ми треба баба која ќе потпомогне на мене да одморам или да завршам некоја обврска, а воедно да си помине квалитетно време со внучето. Да се пожали дека не може или да не сака, а тоа треба да го направи еднаш до два пати годишно, ќе се лутам. И имам право. Јас исто така имам чувано внуци, ќе ги земам од градинка, од школо, ги носев во продавници, ги возев по автобуси, филмот им го правев, супер си поминувавме. Ден денес сакаат мое друштво. Тоа сакам да кажам. Ако не искусиш не знаеш. Знаеш колку што знаат тие без деца, дека на децата само пелени се менуваат и си го решил детството. Како може да знаеш што е постпородилна депресија ако не си ја искусил, знаеш која болка ја има личноста од тоа што на интернет пишува? Ниту една статија, ниту една книга, ниту едно искуство не е твое патешествие и нема споредба. Имам дете затоа што сакам да имам, тоа не значи дека кога ми е најтешко треба да ме остават да тонам, затоа што сама сум си го барала. Факт е дека никој ништо не можеш да натераш. Но, ако си свесна што носи детето, ќе бидеш свесна дека и кога ќе си баба, треба да си тука да му се најдеш на внучето и на своето дете. А не родив, израснав, твој проблем, снаоѓај се. Ти би си ја оставила ќерка ти, кога највеќе и треба помош, да тоне, а единствено што треба да направиш е да ја оставиш некој саат да позанимаваш внуче. Ти среќна, таа среќна, среќно внуче. Сфаќам дека се стари и три пати е потешко, затоа не очекувам да бидат мајки. Јас сум. Очекувам да бидат баби, а на мене мајка и свекрва.
Не ти е логично затоа што не сите деца се исти и не сите родители се исти. Јас ќерка ми ја оставив 6 дена на одмор кај моите , ние бевме на одмор со маж ми. Сите живи и здрави и среќни останавме. Ќерка ми да била болежлива од раѓање, ќе сум се подзамислела дали може нешто да се деси. Ама околностите налагаат да можам да се опуштам На крајот од денот, не е ни важно нешто да му биде логично на некој друг, туку да не се осудува зошто некој што прави. Нели?
Не мора детето да е болежливо за да фати температура или да му се случи нешто. Да, на крај на денот сите си знаат за себе и нивните деца што е логично. Ама не треба да не осудуваат и ние што немаме деца дека ништо не знаеме.
Не е осуда ако некој ти каже "доживеј па ќе видиш како е". И јас не знам како е кредит за стан да купиш, па не можам да зборам додека не доживеам. И тоа треба да го прифатам како критика ако се акнам во тема за кредити и пишам "Не ми е логично како може некој да земе кредит и 45 години да го исплаќа". Пример.
Темава за овој период за мене е како погодена, цело време едно исто ми се врти во главата од како останав пак бремена и сега се најдов во зор за ден-два кој да ми го причува синко додека сум во болница. Од како е роден син ми со маж ми сами си го чуваме, тоа беше наш избор. Седевме заедно со свекор и свекрва и плус девер и јатрва. Во заедница, ама сите си имавме посебен спрат. Од гледање како се чуваат децата на нив, само посакував никој да не ми се меша па колку сака нека биде тешко. Така и беше од како си дојдовме од болница се сами си правиме. Ниту сум очекувала јадење некој да ми прави ама ништо ништо. Не сакам помош и готово. Се понудувале не дека не, ама дали 2 пати го имаат чувано. Еднаш бевме на денски роденден, а баш тогаш синко спие и го оставивме. Јас незнам цело време го премислив детето. Од годинка ипол кога беше се преселивме во странство, значи скроз сме сами. Дека е лесно не е, ама мене многу повеќе ми вреди мирот и раатот во мојот дом. Од мајка ми коментари што ме погодуваат и нервираат се. "Јас како сама 3 деца исчував" "Чекајте да видите дека не е лесно да си родител, вие како ќе знаете." "Сестрати само нека роди бебе, јас одма ќе одам да и го чувам." И зборувањето на брат ми дека многу сум се жалела Сега сум пред породување и сакав таа да дојде недела-две бидјќи синко со нејзе е најопуштен, најмногу ми е како што реков додека сум во болница да не тагува многу по нас бидејќи мора маж ми да е со мене. Ја разбирам и неа почнува со работа одделенски наставник е, ама еднаш не ми рече дете не се секирај ќе се снајдеме или барем утешен збор да каже како една мајка и баба. Секој ден плачам и се нервирам и се осеќам многу помалку вредна од сестра ми. Имам избор свекрва ми да дојде, ама луѓе толку тешка жена е што незнам како ќе издржам Хормоните ќе ми лудуваат, уште на сето тоа и таа ми фали. Ама немам избор за жал.
Види, ти можеш да романтизираш твој живот, да фантазираш што сакаш, да очекуваш нешта од други. Ама тоа е тоа, само романтизирање, фантазирање, очекување. Но не ти дава право на друг да му кажуваш како да прави. Ти можеш да смислиш каква баба ќе бидеш кога ќе бидеш баба, ама не можеш да кажуваш твојата мајка или свекрва каква баба да биде. И они си романтизираат, фантазираат и очекуваат нешто околу нивниот живот. Ти што си правела со твоите внуци, било твоја желба и одлука. Не мора секој исто да сака и да прави. Кој сака ќе помогне, на тебе останува дали ќе ја прифатиш помошта или не. И да трагаш и бараш начини како да си олесниш. Тоа е реалноста, можеби ладнокрвна, ама сепак е реалност.
Јас неам никаква помош, посакувам да имав од мои родители ама џабе е кога они не сакаат, не ги интерисира ни внучиња ни ништо. И не ми требаат, можам и сама. Бар никој не ми се качува на глава.
Види, немам ништо против тебе, дури со мн твои мислења се согласувам, ама апсурдно е тоа што за тебе е болна тема, на секое мислење да го возвраќаш, секогаш зборуваш за стерилитет, искрено посакувам и ти и сите што немате деца, да имате! Да видите како е навистина, бидејќи мајчинството е една од најубавите работи, а воедно и најтешката. И да посвоиш, верувам ќе ја имаш истата љубов спрема дете за кое ќе се грижиш 24/7, не е исто мал дел од денот да се почува дете, и ден и ноќ да си сама со него, секој има право да коментира на секоја тема, ама ако нешто не знам како е не можам да зборам со сигурност, и нема ништо лошо кога некој ќе ти рече "искуси, па да видиш како е" не ти мисли никој лошо, и не знам зошто тоа така го сфаќаш, и секогаш се фаќаш за тоа дека се бориш со стерилитет, и мене ми е болна тема "психичкото стање" па не можам во се да го барам како причина и "сожалување". Ништо лошо и лично од моја страна.
Какви барања и очекувања? Што барање е тоа баба и дедо да си поминат време со внуче? Смешно е да се дискутира. Сами треба да посакаат, не да се бара. Воедно и ми дава целосно право. Затоа што јас и без да се побара помош, а согледувам дека треба, несебично ја давам. За ништо не сум рекла не. На тоа да ми се рече, за нешто минимално, не, тогаш и јас нема да бидам снаа или ќерка, туку комшија. Затоа сме фамилија. Да си помагаме. Смешно ми е навистина да дискутирам за помош од неколку саати, распределни во неколку недели од 365 дена каде во останатите денови само видео гледаат од нас. Кое романтизирање, кои високи очекувања. Реплицирањево звучи на психијатриска седница, за нешто што не е ни моја проблематика ни дискусија.