На детето му се потребни баба и дедо, нив исто да му посветат внимание кое шо не го посветиле доволно на своите деца, оти работеле и се мачеле и немале толку време. Сега мајки и порано мајки не се исто, порано немало играње, занимавање и шетање секој ден како сега. На детето му е потребна љубов од страна на бабата, да види дека и некој друг го сака и се грижи за него, да го размази и да му дозволува работи шо дома не ги прави, да спија со бабата, да го шета , да му купува да го храни. Има разлика од дете чувано од баба колку е послободно, по исполнето, посреќно. Психолошки за детето е добро да има повеќе луѓе околу него за среќно и безгрижно детство.
Стојам на ставот дека баби и дедовци не се должни да чуваат внуци. Ни да помагаат финансиски или физички, од типот ручек, чистење, чување деца. Ама дали е убаво и потребно? И те како. Децата кои имаат посветени баби и дедовци се многу среќни. Љубовта од родители е една а времето поминато со баба и дедо е непроценливо. При тоа не мислам да бабите и дедовците одат контра родителите: Дојди кај баба да ти даде, мајка ти е лоша бидејќи не ти дава 1кг чоколадо. Детето е среќно кога има луѓе од поширока фамилија да се играат и да се шетаат со него. Да поминуваат квалитетно време. Син ми има прекрасни баби и дедовци, наши родители. Имаме секаква поддршка, од ручек секој ден, до кафе кај нив во двор (ние сме во стан), игра со внукот, чување кога треба и колку треба. Никогаш не ни пререкле кој колку го чувал, ни зошто. Е сега, ние бараме услуга да го чуваат неколку часа кога сме на свадба или излезени, а тоа е еднаш месечно. И два пати нека е, повеќе не. Преку ден се случува да го оставиме на 1-2 часа кај нив за да завршиме работа. Зборам и за моите и неговите, подеднакво го чуваат. Да сакаме, многу повеќе би можеле да го оставиме со баби и дедовци, ама наш избор е дека доволно е. За чистење никој не ми помага, и нема потреба, со маж постигаме се. Еден стан со 2-3 спални може секој да одржува тип топ среден без мака. Финансиски не ни помага никој, и нема потреба. Во добра ситуација сме, подобра од нив, и не сум ни помислила дека треба да ми полнат фрижидери. Само на син ми му купуваат играчки, облека, ама без јас да барам или очекувам, така си сакаат. Моментално кај нас е братучетка ми. Маж излезе, син ми во соба се игра а јас одмарам. Непроценливо е колку се битни вакви моменти за еден родител. Го зема кај нив, го шета, му купува. Син ми среќен, јас среќна, братучетка ми уште повеќе. За братучетка ми, девојка, тоа не е ништо, ама за мене е подарок кој не се купува со пари.
Да знам јас што мислеше членката. Пијам и јас кафе со другарки, одам по родендени, одам и кај свекрва ми на ручек, ама децата, мажот и домот сама си ги чувам нека не ме мисли.
Темата повеќе треба да се гледа од аспект на денешно пост-модерно семејство. Инаку верувам има и од тие што сами можат и навистина добро кликнале дома и одлично функционираат. Има и такви кои се на преживување. @Skyler скроз точно опиша исти сме дефинитивно, само ти си со плус 2 живота од мене за гледање што е уште потешко. И баш како што кажа буквално се гледаме со мм како сме остарени од премор
А кој ќе ги чува ако не оној чии деца биле чувани од таа баба/дедо? Секако дека ќе ги гледам ако паднат, а ми чувале деца, сугурно нема така да ги оставам. Тоа се вика взаемна почит и поддршка. И да не ги чувале децата ако ми се в куќа која патем ми ја оставаат мене и на моите деца откако ќе умрат секако дека на мене останува да ги гледам. Јас од свекрва ми сум задоволна генерално, поголемиот таа го чуваше додека бев на работа, сега за бебево сум во план пак исто да биди ама ќе видиме. И точно кога и кажував беше најаден,пресоблечен, прошетан. Не ги толерира тие барања секој. Ќе ти речи кој те врти ќе го чувам како сакам. Јас ќе пробам да одам на работа, да балансирам меѓу се ама ако видам дека не оди ќе си седам дома одреден период додека пркне малата. Поголем стрес ми е да одам на работа а таа да плачи дома да ме бара,отколку да седам дома барем мирна ќе сум. Секако мм зема тридупло повеќе од мене. Овие пари од платата моја беа за мене и нешто околу децата. Пари не се никогаш доста ама и без нив се живее. Тој вика не морало да одам. Јас сакам ради личен развој.Ќе видиме.
Многу добра тема. Ретко коментирам, но неможев да не искоментирам, значи само едниот дедо ни помага од чување, преспивање ако треба, хранење, шетање буквално се. Другите работат и не живееме блиску, но апсолутно немаме никаква помош од нив, ни тетка ни чичко не ни се наоѓа па дури ни братучедите. Се нервирав одреден период но џабе. сватив и си тераме како знаеме, затоа се мислам второ дете кога зошто и двајцата сме презафатени со работа и патувања од работа службени и незнам како би изгледало со уште едно
Не е туѓо ако сум му вујна или тетка. Тоа што не пишувам за деца тука значи дека имам добра причина зошто и не пишувам. Вие што имате деца сте најмајки. Еве уште еднаш, ако нешто ви значи.
Имаш дете(твое или посвоено)- мајка си. Немаш дете- не си мајка. Не знам што не е јасно и што се вреѓате
По биолошките нешта на случувања, жените кои имаат деца се мајки. За своето и веројатно сум нај-. Ќе каже моето дете дали сум. Ако си вујна или тетка сепак не си мајка на тие деца. Не е тоа нешто да ти се оди контра, констатирам факт. Затоа што на крајот од денот, да се погрижиш за туѓо дете, кое не ни печалиш за него, не ни се грижиш за образование и воспитување, не ни трчаш по доктори на секое разболување, не го успиваш, не стануваш навечер да го доиш или даваш АД, не си го родила едноставно, е многу, ако не и неспоредливо различно.
Не се вреѓам лично јас, ако не сум мајка не значи дека немам искуство. Патем, и тоа што е посвоено, таа конкретна х мајка не му е биолошка мајка. И таа ли треба да се вреѓа? А и она ќе има искуство со деца. Вашето е нема деца, не знае. @ArabellaStarfall немаш право да коментираш зашто и те каков голем удел сум имала.
Да сумираме, за вас мајка е онаа што има деца родено. Исто, само мајки смеат со вас да дискутираат на теми мајки и деца.
Па мајка е, без разлика дали го родила или не. По документи му е мајка. Она ќе се грижи за него 24/7. И не е исто да кажеш дека гледање деца кои не се твои по 2 часа во неколку дена е исто како и 24/7. Не ти ја знам ситуацијата и не можам да коментирам за тоа. Ти си знаеш најдобро, меѓутоа ако си гледала некое дете неколку часа неделно не те прави мајка на тоа дете.