Сигурно меѓу нас има мајки кои одложуваат лекарски прегледи или интервенции што нормално не се толку итни баш од причина да потпорасне дете, да се најде со кого да остане и слично. Еве јас следен период имам потреба некој да остане со дете 4-5 дена. И тоа не за шетање. Е сега кај мене има со кого да остане и не е тоа проблем ама верувајте повикот на другарка која рече ако има потреба ќе земе 1-2 дена одмор од работа, за да го чува преку ден моето дете, ми значи повеќе од се. Никој не вика дете да е со месеци по баби и дедовци оставано без потреба, без родителите да го побараат. Ама едноставно има ситуации кога треба и мора да се најде некој за помош.
Па не е нечовечност де. Еве го чува внучето колку толку. И тоа е доволно, и тоа е помош. За тоа зборуваме овде. Не зборуваме за некој постојано да го чува детето додека мајката се шета секој ден. Малце ги измешавте лончињата сакајќи некоја поента да доловете. Поентата на темата е да ти се најде некој во одреден момент кога ќе имаш потреба или чисто онака да го земе детето саат време да одмореш малку.
А шо има лошо ако детето го остават кај баба и дедо со недели па и некој месец? Ова зборам за ако и бабите и дедовците сакаат да го чуваат? Па не го оставаат детето на улица или кај непознати, кај фамилија го оставаат. И плус се работи за недела/месец дена, не за нонстоп да биде тамо и никогаш да не го побараат. Еее, кешким јас да имав кај да ги оставам моиве толку време, многу работи ќе завршев, и менталното здравје многу поарно ќе ми беше. Само да се осудувало значи.
Јас искрено се чувствувам како животот да ми е правосмукалка, кујна, средување играчки. Раат искачање ми е само додека фрлам ѓубре. Кога не бев уште породена мајка ми знаеше навечер да го почува, ама така излегувавме со некој страв саат време макс. Кога сме кај помош, мајка ми максимално ја имаме искористено, иако и таа работи, ама знаеше жената да дојде и ние двајцата да средиме низ дома/ испазариме, додека она ни го чува поголемото (скоро 3г.) Дури зема и неплатен после моето породилно и го чуваше 3 месеци. Ептен сум и благодарна за тоа. Свекрвата помага, не викам не, дојде на недела дена со второво кога се породив, ама таа не живее во ист град па помош само кога ќе идеме кај нив на спиење или пак кога они ќе ни дојдат на гости неколку часа. Чиста среќа што нашата работа дозволува од дома да работиме и исто среќа дека големото си има ред за спиење, спие окулу 2ч на пладне, па додека е болен некако се договараме пред дремка еден да работи повеќе после дремка друг за чување со маж ми. За спиење нигде не сме го оставиле големото - малото не го спомнувам бидејќи сеуште е бебе. Искрено размислувам да пораснат барем 4-5 години, би ги оставила на недела дена кај баба.
Се' во граници и рамки на нормалата. Пак ние родителите ги одредуваме границите. Треба и малку баба дедо да разгалат, ама ако рушат авторитет тогаш веќе станува збор за нарцисоидни баби дедовци што се неопраени во главите и се прават за инат. Има и такви еден куп @Miss_S убаво ме потсети забар, гинеколог, интернист се одлагам веќе 6месеци затоа што секој ден од одмор го искористив за него, боледување не ни одговара многу кратат на плата, од работа не можам кога ќе ми текне да одам ќе си навеам нешто
Кога ќе ми текне како сум се жалела дека сум уморна пред да родам ми иде да се вратам во минатото да си се изнасмеам во фаца. Сите збореле колку е тешко да бидеш мајка, никој не ми кажал КОЛКУ навистина е тешко. Или јас не знаев да слушам. А имам помош цело село...на оние што немаат им се поклонувам. На оние па што може да имаат а бираат да немаат им се чудам.
Се согласувам! Дури сум за тоа дека бабите и дедовците доколку имаат развиена свест и граница, треба да учествуваат во воспитувањето на детето. Секако дека не треба да се нарушува авторитетот на родителот. Воглавно мислам дека секој член од семејството има главна и посебна улога кај детето. Доколку е тој однос здрав, имаме едно сакано, самоуверено дете. Семејството е заедница и детето е дел од неа. Не сме ги донеле од продавница хахаха.
0 помош. Се сами со сопругот. Тој на работа, јас дома со бебе. Мајка ми на работа, ми помага колку што може, но ете не е слободна. Свекрва ни не знам што е, пензионерски денови си ги има сфатено баш пензионерски, до толку што не крева ни тел да праша што правиме не па да помогне нешто. Од девет месеци бебето во градинка и слободно можам да се пријавам доброволно во некоја лудница.
хаххаха, искрено да ви кажам јас мислев само мојата е, ама вака кога ве читам очигледно се повеќе е вака, искрено мене ми е многу чудно однесувањето, пред се затоа што мене баби и дедовци буквално ме имаат израснато, од друга страна моето дете е прво внуче и мислев некако повеќе ќе имаат желба да го чуваат сами, ама не. едвај чекаше да отиде во пензија, секој ден е акната негде, живееме во околина на Скопје, она и 40 степени знае автобус да фати и да се шета по пазари, шета по гости, оди на еднодневни бањања до Грција, па во короната кога не можеше во Грција одеше и на еднодневна до Албанија, aма кога треба да ја почува малата тогаш не може, тешко и е, стара е, болна е она итн. инт. секогаш ми нагласува дека баби не се за чување деца, како нејзе никој не и помагал она децата си ги носела секаде со неа. искрено до некаде и се сложувам со неа детето е моја одговорност и на сопругот, апсолутно. малата иде во градинка од 8 месеци, не ни помислив да ја оставам со неа, ниту па она сакала, ниту јас, сметам дека ќе и е подобро во градинка, него дома со баба и, јас се лутам за таа минимална помош шо ни треба некогаш, маж ми работи две работи, често сме сами со малата, јас имам приватен бизнис, он има приватен бизнис, се дешава пред недела дена малата да почне да кашла, јас не сакав да ја пуштам во градинка пошо знам дека ќе се доразболи, а и од градинка ќе искоментираат, јас секогаш, ама баш секогаш седам дома со неа кога е болна, ама овој пат се погоди да имам неодложна работа, маж ми е исто секогаш презафатен, на крај он мораше да зима 2 дена од работа, да седи дома, а мајка му за тоа време да си шета по пазари и да си гледа телевизија по дома, некако за ова се налутив, пред тоа имавме дешавка исто братучетка ми ја чува кај нас дома дојдена, пошо свекрва ми нејќе нормално, ние на работа, на братучетка ми и се слошило и отишла кај нејзе пошо сме во еден двор и и рекла тетка Х лошо ми е нешто, може ли да ми помогнеш и она била аа не знам ја звони им, нека си дојдат од работа и тогаш исто се налутив, може не сум во право не знам, ама јас сметам дека во вакви Х ситуации треба да се помогне.
Абе што да кажам просто човек да се чуди. Да имам толку слободно време и да не мрдам со прст. И кога ќе си кажам некогаш дека ми е тешко кога ќе ми искоментира само “епа мајка” ууу ќе се шекнам толку. Баталив и одење таму и се, добро е што не живееме заедно инаку ќе се пакував експресно хахахах
Со мм кога решававме дали да правиме спрат со посебен влез или да купиме стан клучен фактор ни беше ког ќе имаме деца дека ќе ни треба помош. И вистина, има нервози со живеењето во близина не велам не, ама сепак помошта што ја добиваме нема цена. Преблагодарна сум што секој ден си пијам кафе на раат, се бањам без брзање, ручек ако ме мрзи да правам само кажувам да направат доле повеќе и слично. И не е тоа со сила туку гледам дека бебето е опсипано со љубов од сите. На сите им е мерак да го земат и да го играат, шетаат, успијат. Одморена без стрес, прошетана без трошка совест колку што дозволува бебе што цица, јас уживам во мајчинството. Фала им на сите за огромната помош зошто тоа за мене значи психичко здравје. Јака ви душа вие што немате никој околу вас, или што едноставно избегнуваат дс поминуваат време со своите внучиња. Јас внуката ја чував две години секој ден пред и после работа оти нема баба сервис, ама сега после седум години толку сум приврзана со неа што обавезно ја носам со мене по родендени, одмори, прошетки. Доаѓа еднаш неделно на спиење как мене. И тоа за нејзините значи благодарност за цел живот. Не е само времето што го имале за себе туку ја гледаат и љубовта со која расте нивното дете и тоа е непроценливо. Тоа се посебни врски, тетка внука или баба/дедо внуче. Ја стварно не знам зошто мора само најлошото да го собираме од западот. Па од секогаш се знаело дека растењето со баба и дедо околу има посебна вредност, ама веќе вредностите почнаа да се менуваат за жал.
гледам да не се замарам, живеам тука веќе 4 та година, имам прифатено дека имам дојдено во туѓа куќа( во посебно сме, ама еден двор) и дека треба да се приспособам на уште 3 ца карактери, фала богу никогаш не сме имале конфликт, она е не ти помагам, не ти ни одмагам, па затоа и толку не ми ни смета, си се држат на страна и она и свекор ми. неам родители, ама фала богу ја имам тетка ми, прв пат кога дојдовме дома од болница тетка ми дојде седеше за прво бањање, ми помагаше за доење итн, прв пат малата кога качи скоро 40 температура избезумена бев, они знаеа не се ни јавија да прашаат како е, а не па да дојдат, во 1 навечер пак на тетка ми и звонев, запали жената кола и дојде, цела вечер ја туширавме, ја мачкавме со ракија и што уште не, свеќи сабајлето во двор ја среќавам ејј како сте шо напраивте со температурата
За се имаат време освен за внуци и децата нивни. А пензионери не толку стари и изнемоштени, а како знаат кога му треба нешто одма те бараат, нешто се расипало, било за менување, да бараш мајстори, да му средувам мобилни, да му менуваш сијалици, а тие со прст немаат мрднато, и кога сме таму само ќе се поздрави со детето и толку е муабетот, ни го заигрува, ни да го прошета, да му зборни нешто. Нас ќе не отруе со негативност и повеќе ќе ти напрај стрес него друго нешто. Затоа не ни одам. Подобро најди жена и плати ќе ти помогне се шо треба со детето него од нив да очекуваш помош.
Скроз иста ситуација. Само наредби на син и купи ми ова купи ми она. Нешто и се расипало најди мајстор па и пази таму да бил и маж ми додека мајстрот работи цццц. Мислиш ќе ја киднапира. Ќе дојде еднаш во два месеци и само “ајј на баба детето убаво” од 10 метри далечина. Раат ми е главата откако откачив одење се отепав од обидување да воспоставам однос од кој немаше ништо повратно. Абе еднаш не праша зошто не одам повеќе. Не носам ни дете и не ми е гајле воопшто.
Од душкало не сакам помош. Тоа е одмагање. Ќе направи ручек и ќе ми соли памет како требало син и да јаде прв, да имало за него. Море ај сиктер тамо. Ќе давам сок за детето она ќе блендира ке цеди нејниот сок бил поубав. Од мене милост нема, а уште попуштам за децата и сопругот, мали се ако не друго децава им се радуваат. Ама и они ќе разбираат за некоја година. Многу изначитав слични ситуации темава баш ми се погоди. Не сум сама, не сум само јас уморна распраталена и несредена. Фала мајки
Убаво е да се има помош,но во иднина кога би имала деца ќе инсистирам јас и маж ми да бидеме ангажирани за се што треба во врска со децата за да не ми ја преречат при првата кавга свекорот или свекрвата помошта околу децата или да имаат влијание во некои наши одлуки во смисла направете така оти ние така мислиме па децава ви ги чуваме имаме право да кажеме.Затоа секој одделно и секој во својот двор да си прави како сака и мисли.Не фала,не ми треба помош за при секое недоразбирање да ме потсетат дека ми помагаат околу децата.Истото ќе важи и за мајка ми и татко ми.
Леле можеби и најболната тема за мене,и скроз ја разбрав поентата.Значи тука не правиме муабет за секојдневно чување или секој викенд шетање а детето да го тупнеш.Неможам да се помирам дека баби и дедовци немаат желба да се јават и да речат спреми ги децата два саати низ парк да ги прошетам абе не повеќе,еднаш во месецот.Јас со сила ни терам ни молам,ако има некој желба нека повели ако не тоа е.Ама со таквото однесување и незаинтересираност направија да ми се одмили одењето кај нив на гости,и двете страни. Не сфаќам гледаат се мачиш трчаш работиш на прав пат си да не изразат желба да помогнат,ако ништо друго со еден ручек да те удостојат.
Од прв ден кога се породив сакав се сама,царски рез бев ,сама ја бањав,доење на секој пола саат,неспиење цели ноќи,само јас станував да ја соблекувам ( не му давав на сопругот) ,дури кога имаше температура го бркав мм у друга соба да не ми прави гужва,не сакав никој до мене само јас да бидам со ќерка и да си ја смирам ако плаче ако има тт со сирупче ке си ја истуширам ке се галиме ке си цица...Мајка ми од секогаш била тука за мене исто и свекрва и сопруг и татко ми ,ама јас одбивав помош од сите се додека не ми отиде менталното здравје и стигнав до терапии и психијатри. Сега сум си вработена,мајка ми ја чува од 8 до 4 со цел мерак и љубов, сите многу се поврзени со ќерка бидејки прва внука и омилена им е хихи... сум била будала што сум одбивала помош боже мој,кој ми бил паметот Јас немам поверение во никој друг освен во моите и свекрва и не би ја оставила на друг за чување..мада ќерка без мене не заспива и само коа сме на работа ја чуваат,си ја зимаме во 4 и после си се организираме со сопругот дали ќе шетаме заедно 3цата или он ќе ја шета па јас да фатам некоја работа низ дома (ич да не фатам работа, ќе си направам кафе и си пијам на тераса си пуштам музика и се релаксирам) или обратнп јас ќе ја прошетам па мм ќе работи по дома.За се си се организираме добро и без ќерка ми не одиме никаде,не дека мајка ми нема да ја чува но најубаво ни е кога заедно тројцата ќе си излеземе и си поминуваме време заедно! Алал да ви е на сите мајки кои немате никаква помош од никој,но доколку имате (доброволна помош од мерак,без молби) прифатете.
И јас не давав дете па се скренав Летово дури ги оставив двајцата на 2 дена и заминавме со мм во Охрид, мислам дека се препородив Ги чуваше мајка ми првиот ден и вечерта ги заспа, ама кај нас дома, на друго место не спијат никако, мора и тоа да ги научам Наредниот ден од попладнето ги однесоа кај свекор и свекрва оти они на веридба беа Имам за чување помош, ги причувуваат вака, за дом и слично не, ама ако ми треба верувам ќе се најде, кога се селевме бев бремена со малиов (ризична бременост), мајка ми и другарка ми ја исчистија цела куќа од малтер, и фала им до небо за тоа Големата ја чува и брат ми, ја носи по едукативни работилници, на ручек, на базен, на "кафе" по кафиќи Исто и снаа ми од прв братучед, ќе ја земам ти одмори ќе ми се јави од нигде нигдека И место за бабичка да кажам, од ко се преселивме, блиску неа сме, секое утро доаѓа за да отидам до тоалет, ги чува двајцата, 10 минути, 10, повеќе од доволно за женче од 80 години