Го романтизирате времето во кое сме растеле ние. Ама тогаш нашите работеа до 3, одевме по поседоци и кај втори и трети братучеди, бабите ретко која работеше, најголема обврска им беше домот и питите. Тоа време го нема одамна. Нашите поминаа страшна транзиција, колку од нашите родители работеле со години за ич плата? Нашите родители што работеле по приватници што маста им ја вадеа до 65, некои сеуште работат и очекуваме да ни шетаат деца по игралишта иначе се себични? Ова не е тоа време кое ние сме го живееле. Нашите родители се преуморни (бар повеќето). Имам 3 тетки во фамилија до вчера работеа тешки фабрички работи, и еве ги 60+ буквално ги пораснаа и внуците оти младите не сакаа да се жртвуваат, па ги жртвуваат старите. Епа извинете, ама денеска се калкулира пред деца. И се калкулира само со оној што ќе одлучиш да имаш дете, сите останати не се должни да ги вметнувам во идни планови. Ако самите сакаат да се инволвирани на некој начин ок, ако не, супер. Ќе имам едно дете ако не можам да се носам со целиот тој притисок и обврски. Ќе останам дома да чувам деца ако така налага ситуацијата. Апсолутно не можеш да го знаеш уморот пред да родиш, ама затоа оставаш простор за изненадувања и се адаптираш на ситуацијата. Сегде сме со децата, од банка до супермаркет. И не се жалам. Едноставно таква ми е ситуацијата. Разбирам да сакаат да ви излезат во пресрет, ама разбирам и ако не сакаат и не, не ги прави тоа себични, туку и тие си имаат живот и своето слободно време можат да си го трошат како сакаат. Ако вас ви треба мир, зошто мислите дека нив не им треба сега на 60+? Станување родител значи и дека ќе се откажеш од многу работи. Дека ќе си уморен и ненаспан и нема да се журкаш како тинејџер, ама се тоа исто така е и привремено. Децата растат и тоа се менува.
Вистина е дека се поуморни вистина дека трчаат работат во смени,ама ние правиме муабет за оној момент кога тебе те исполнува внучето да го прошеташ два саати еднаш во месец два пати.Никој не може да ме убеди дека толку се уморни да неможат да им посветат два саати во месец.А сигурна сум дека ќе ги потрошат тие саати на скроз непродуктивни нешта.И зборуваме тоа да е самоиницијативно а не јас да молам ај ако сакаш детево пека за тебе земи го малку.
мислам дека секој збори за меѓусебни човечки односи, мене баба ми моја секое лето ме носеше со неа на село имавме куќа и мајка ми се журкаше тука, не е битно, не очекувам свекрва ми сеа да ја земе ќерка ми и три месеци да ја носи на село, не живееме во истото време. по ова што ти го кажуваш утре свекрва ми и свекор ми кога ќе паднат болни и ќе им треба помош, како што они на пример се грижеа за нивните родители со деменција, ја треба да им кажам ахх извенете сега сменети се времињата, јас сум презафатена, преуморна друго време е ова и да ги оставам така да не им се најдам? не знам со пензијата одете си во дом пошо сеа е модерно време?
Болдот - ова ти е скроз размазен пристап, не знам како си даваш за право да кажуваш кој како си го троши или треба да си го троши времето. Ова е рамно на она кога свекрвите мрчат за снаите од типот "види ја пие кафе два саати место да земе да чисти." Некој едвај чека пензија за баш ништо да не прави.
Далеку од тоа дека ќе се лутам или нема муабет да им правам,ама со самото однесување нивно паѓаат во вода оние муабети фамилија, единствено,све на свет итн...
Не се уморни само физички. Нашите генерации родители, со чест на исклучоци се утепани и ментално. А тој умор е многу потежок. Немаш право да се лутиш, особено ако не знаеш што носи во себе.
Тоа што го кажуваш ти е скроз друга тема. Зборуваме за помагање околу децата,ај да се расчекне свекрва/мајка само и само да ја чува јас да излезам на пијачка или било каде .Треба да се има свест и да се гледа ситуацијата. И сега дека свекрва ми неможе да ја гледа ќерка бидејки е возрасна и има проблеми со здравје треба да се лутам?
Па со сигурност можам да ти кажам дека сум се освен размазена,си отидов со првото дете во скут на пораѓај,и на никој не му замерив.А за продуктивноста можам да тврдам дека е така зошто нели си ги знам редовно имам контакт.Ако ништо друго тоа дете ќе те натера да испешачиш со тоа ќе придонесе и за нивното здравје.
Ја утињаш поентата. За тебе може се непродуктивни, за нив се продуктивни. Шо сакаат ќе праат со своето време.
Јас зборам дека ако некој сака да е инволвиран во нешто може да биде се додека и колку што самиот сака. А ние треба да си ги намалиме очекувањата од другите за нашите избори во животот и како ние имаме замислено дека нешто треба да биде. Кога ќе сфатиме сите дека немаме село, дека денеска тоа село од пред 30 години не функционира, на сите би ни било полесно. Нашето село е само нашиот партнер и тоа е сосем во ред.
А бе ако сакаат и ќе шетаат, и ќе лежат по цел ден ако не сакаат да чуваат внуци. Самите пишуваат не биле престари на 60+, а за шетање демек престари се. Па ако имале дијагнози немале да шетаат, болен човек бил за дома. И млади знам болни па шетаат, нема да се затворат дома, така бетер ќе им е лошо. Цел живот ќе чуваат деца и на стари години. Па на 30+ се уморуваат, не на 60+.
Зборуваш за чување или за квалитетно поминато време со внуче два саати во 30 дена???И сега ќе кажеш ако не сака нема да чува.Па тоа е факт,само не ми е јасно зошто некој не би сакал?
Едноставно не дека не сакаат, туку не можат. Не може некој на 60 да трча по деца. Не се престари, ама не се и млади. Еве јас да имам дете знам дека мајка ми ќе сака да го причува, ама јас не би и го оставила од причина што знам дека психички не би можела. А квалитетно време со баби и дедовци може да се помине и сите заедно. И да се физички ок, психички се уморни. Ова време и тоа не е исто.
не треба да и се лутиш ако е болна и физички неспособна да гледа дете, збориме за здрави луѓе и искрено ако е способна па не гледам шо е толку страшно да го почува два саати своето внуче па еве и јас пијачка да пијам? мислам ок сега ќе ми одговорите дека она може сака телевизија да гледа и не должна да ми го чува детето за пијачка да пијам, ама ја стварно мислам дека треба меѓусебно да си помагаме и они на нас и ние на нив затоа сме фамилија, не е работата сите да се оттуѓиме од секого и секој да си го гледа своето.
Мене очекувањата ми се сведени на нула,и тим сум само со партнерот и никој повеќе.Впрочем децата се наша обврска.Ама да ми е сеедно нема да ми е никогаш зошто нели повеќе се надеваш на помош од родител него ли од комшија.Тие се оние што викаа леле внуче да дочекаме тоа е радост а сега на месинџер ќе се гледаме мислиш во Австралија живеат.
Во една тема беше напишала дека свекрва ти ти праве ручек. Подруго е кога од работа ќе дојдеш на готово поставена маса. Некои ни тоа го немаат. Времето кое некои го трошиме за да правиме ручек, ти го трошиш за играње со ќерка ти. Е извини ама има разлика