1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош после породување

Дискусија во 'Бебе' започната од blond, 11 декември 2011.

  1. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    Помош само од маж ми (све живо разбркавме :)))) ). Дома све е цакум пакум благодарение на него, а и он најубаво ја заспива кога ќе е малце покенкава бебушкава наша :)
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми и маж ми (он зема 2 месеци одмор)
     
  3. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Од маж ми и моите родители (затоа што моментално живееме со нив).
     
  4. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.858
    Од мм и од мајка ми имам најголема помош.
     
  5. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Од сестра ми.
    Откако се роди малата е кај нас. И немам зборови колку сум благодарна.
    Имав денови кога не можев да ја поткренам десната нога од раната, таа ме облекуваше, ме соблекуваше,јас будна со малата-будна и она, вода со цевче ми давала, готви, чисти, садови не сум фатила овие 3 недели. И во болница доаѓаше и ми носеше јадење и др што ми треба.
    Ја причувува јас да излезам да ме фати воздух. Вчера дури саат време ја оставивме со неа кога се вративме малата мирничка, сестра ми си ја думка во рацете.
     
    На Eli23, mila25ve, Jagoda123 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    28.509
    Првите 3-4 недели имав помош од свекрва ми, ми помагаше за бањањето на бебето, ми носеше јадење секој ден, миеше садови...поточно се правеше а јас само доев :whew: . За друго немав време!
    Помагаа и моите кога идеа, ама поретко... Мажот ми пак навечер, кога ќе се расчистеше гужвата знаеше да помогне колку може и умее.
    Откако си придојдов на себе и ги нормализиравме подоите си ги презедов работите во свои раце и се снаоѓав и без помошта. Всушност уште знае дома да биде лом, ама научив помалце да се нервирам од нередов ноз дома.
    Сепак не можам да се пожалам, сеуште ми стојат на располагање бабите и дедовците,иако знаат и по некоја грешка да направат но знам дека е ненамерно.
     
    На heppymom и joy1 им се допаѓа ова.
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Pomos :D kaj mene idea na gosti i toa ke mi poraca sto da im zgotvam :@ dada...
    Jas sama so mm on koga bese doma mi pomagase za bajnajne i za mlekce pravejne i davajne na malata koga bese pomala i ja zaspivase.
    Svekrvata ke dojdese ili na rucek ili na vecera so ostanatite od kujcata ili so nekoja blizok od familija,togas ja zamoliv da postavi masata dodeka ja dooev malata i sega na site im kazuva deka sum ja docekala neubavo deka moralo taa masa da postavuvala i .............. Milo mi e sto nedojde za da pomogne oti ke bese prikazna druga.
    Taka se jas i jas i mm koga mozese :) sepak mama e mama :)
     
  8. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Мајка ми и Свекрва ми се починати моите се Бт.татко ми брат ми и снаа ми, дека бев со царски имав на почеток првиот месец помош од золва мн.ми беше тешко за станување,сега само јас и мм грижата околу бебето јадење правење,чистење и перење пеглање, среќа мм ми е супер и работи се исто како мене,не од оние мажи маж сум и ништо не правам,нели за што се оженив така да најголемата помош ми е од него,да ми е здрав и жив само златен ми е <3 <3 <3
     
    Последна измена: 4 декември 2014
    На Kaetana, wtff и leona83 им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Кај мене мајка ми доаѓаше секој ден во првите 40 дена. Од тогаш па наваму доаѓа 3-4 пати во неделата. Јас, откако е родена малата, немам испеглано ништо, а и ручек ретко правам ;) Фала и ептен, да не беше она не знам што ќе правевме.
     
    Последна измена: 4 декември 2014
    На galapce и girl-miri им се допаѓа ова.
  10. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Сама и сама, и со двете деца кога се породив никој не ми помогна.
     
    На stilas7 и anina им се допаѓа ова.
  11. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Помош само првите 40 дена. Оттогаш се сама, дома околу детето, куќата, шетање, пазарување...Тате кога може помага (често и одмага), ама ретко е дома. Јас секаде си го влечкам ѕверчето со мене.
     
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Јас имав првиот месец помош од мајкиве, првите две недели мајка ми зема одмор и секој ден беше кај нас, па вторите две недели од свекрва ми. Околу бебето и не толку помош, само за бањање првата недела, после тоа заедно со маж ми си ја бањавме. Помошта беше околу домот: ручек, чистење, пеглање, па дури и маж ми беше поштеден :lol: Сепак ние останувавме навечер сами а тогаш почнуваше журката :dance:

    Вториот и третиот месец имав секојдневна помош од маж ми бидејќи тогаш не работеше, а мајкиве потпомагаа кога ќе дојдеа вечерта на гости, или ќе ни измијеа садови или ќе ни испеглаа. Неможам да се пожалам :)
     
  13. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Првите 3 недели свекрва ми беше тука, правеше буквално се по дома. Јас само со бебето се занимавав. Сабајле ќе ја земеше накај 7 за јас да се наспијам до 9. Сега сме сами со мм, ми помага многу за се, но најмногу за чување на бебето. Он додека се врати од работа јас веќе имам зготвено, а он готви за викенд. Јас чистам преку недела а он за викенд. Мада немам време како порано и страшно се нервирам кога ќе видам некое парталче по соба :shake:
     
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Имав доволно помош после породување, дури и повеќе од тоа што очекував :) Мајка ми беше тука првите 5 недели, после една недела бевме сами, па следните три недели (се до пред 1 недела) родителите на сопругот беа тука. Сите помагаа максимум што можеа и она што можеа. Најмногу помош имам од сопругот, некако ми падна товар од срце зашто мислев дека нема да се снајдеме сами со Супермен, ама сум се излажала :D Татица е ниво на задачата, и повеќе од тоа. Си ги распределуваме обврските, се надополнуваме во се, и сега за сега немаме никаков проблем :)
     
    На NEA му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.399
    Допаѓања:
    33.691
    Пол:
    Женски
    Пρвата недела доаѓаше мајκа ми,но само за бањање,од тогаш па еве до денес,се спρавувам сама,сопρугот помага κолκу што му налагаат условите,па стигнувам ρучеκ да напρавам,да исчистам па и да одмоρам. Благословена сум со миρно бебе :)
     
    На zuto, leona83, TIGARCE86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Првиот месец мајка ми дојде и многу многу ми помогна. Да не беше таа не верувам да успеев со доењето. Голема подршка ми беше, додека се мачев да фати син ми да цица. Додека доев таа ќе направеше ручек, а потоа се гушкаше со внукчето, па јас ќе си средев низ дома, бидејќи си бев супер уште кога се вратив од болницата.
    Сега вториот месец сум сама со маж ми, и многу ми е потешко, тој ми помага колку може, но работи многу и затоа не очекувам многу од него. На крајот од месецот ќе дојде свекрва ми, па ќе имам уште еден месец помош.
    Секоја чест мајки што успеавте сами!
     
    На heppymom, zuto и TIGARCE86 им се допаѓа ова.
  17. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Леле кога ќе ми текне ми иде да плачам од мака ама ете помина и тој период. Помош немав никаква освен за бањање првите 20дена од свекрва ми а потоа јас си преземав и со бањање. За чување ретко ми го причувала по 5-10мин дали 2-3пати во овие 11месеци. Мајка ми дојде 2пати по 1недела за да ми помогне да направам зимница. Првата недела мм зема одмор и тогаш он ми помагаше го чуваше малиот кога јас се виткав од болки иако природно породена ама од провокацијата имав многу болки, ден денеска ми е од голема помош иако на толку многу работа сепак наоѓа време за се. Свекрва ми ќе се качеше само да ми каже дека малиот е гладен, дека немам млеко, дека треба да му давам вештачко, дека не сум била добра мајка требало повеќе да јадам за да имам млеко па јас глупава ја слушав и благодарение на неа се направив како мечка а од породување се вратив послаба и од пред да останам бремена. И еднаш и реков мм виде дека и стомачето му е полно, се познава, па затоа не ме напнувај дека е гладен син ми па се налути и се симна. Немав помош ни за чистење ни за готвење, освен што готвев за нас готвев и за свекор ми кој сеуште беше жив бидејќи она не му готвеше си јадеше она на работа а на него еднаш месечно ќе му направеше манџа па јас цело време готвев и за него. Кога се вратив од болница бидејќи се породив пред термин тие дома местеле креветче до спална па разместувале делови, па божем чистеле со џогер кој беше оставен на сред соба и кога се вратив дома затекнав хаос наместо средено. Па наместо да одморам јас чистев бидејќи вечерта имавме гости на мекици па ми беше срам некој да не го затекне тој хаос па потоа се туширав и пуштав машина. Ама се помина и издржав и без помош, и здравје некогаш кога ќе имам второ дете несакам никој да се меша, бидејќи повеќе нервози и одмагање имав
     
    На okcenzi, stilas7, stefanija70 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Alistata mi gi pere, pegla svekrvata... i na maz mi i na bebus, dodeka bev trudna do kraj se sama si pravev. Prvata nedela dodeka seuste me bolese dole ranata maz mi bese doma i svekrvata, sega si ostanuvam sama do 4 saat, no sto i da mi zatreba si dogajaat odma od rabota (privatno rabotat i nemaat problem da iskocat koga bilo), nekogas doagja mi pomaga sestra mi. Za banjanje na bebus pomagaat svekrva mi i maz mi... :)
     
    На stefanija70, PUPICA, chocolade и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Свеки да ја пофалам пошто се жалев во темата Свекрвите и снаите-проблеми од денот кога се породив како да се прероди :lol: пу пу пу машала да не ја почудам само ќе треба пак да се жалам :D.Прво шо направивме со мм ја испробавме и неа и малиот да се чуваат додека сме излезени - леунка нелеунка саботното кафе си го испив 1 недела по породувањето :rofl: и кога се вративме рече и утре да си излезите од вакво бебе срамота е да се пожалите.Ако сум зафатена со бебето ако види садови ми ги мие алиштата ми ги шири итн за јадење таа готви од стално или го зема бебето за да одморам малку.За на вечер сум сама на себе препуштена ама да не барам преку леб погача сега :lol: За капењето моментално свеки го држи јас со сапунчето а мм потура со вода.И мм помага се разбира да го нишка ако заплачи особено на вечер ама кога ќе замини службено на повеќе денови ќе се снаоѓам сама на вечер :)
     
    На MilaP, tweety26, Kitten и 4 други им се допаѓа ова.
  20. SelinaKyle

    SelinaKyle Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    2.149
    Пол:
    Женски
    Никој не ми помага
    Мајка ми некогаш дојде на гости на 2-3 часа и тогаш нешто ми помогне, да ми испере алишта на бебето или садови да ми измие ако имам. Свекрва ми доаѓа само за бањање. пола саат.
    Кога излегов од болница маж ми ме зема, ме однесе дома и отиде на службено патување на 4 дена, мораше и не му дозволија од работа да остане. Мајка ми работи заедно со него и таа отиде и јас сама дома...
    И сега е на проби по цел ден ја сама со бебушка, навечер се прибира само и тогаш ја шета малата за да измијам садови, исперам или заработам нешто по дома.
    Среќа мирна е, не е напорна па се снаоѓам и сама со неа.
     
    На pilenka му/ѝ се допаѓа ова.