Никаква помош. Нит нешто многу ми се понуди, а да не грешам душа, ниту јас побарав. Убаво ми беше да немам 24/7 некој тука. Сакав само маж ми да е дома. Маж ми зема денови. Сами си ја бањавме, сами си ја гледавме. Некогаш сама кога маж ми одеше на работа, некогаш заедно (имаше период кога тој работеше од дома). Имаше моменти кога си рикав и си плачев, кога длабоко се лутев за некои работи, ама што е тоа е. Помина тоа време. Искрено мислам дека не ми требаше толку физичка помош колку психичка, ама некако никој не успеа да го види тоа. Среќа си поминаа тие моменти, се ослободив и станав многу посигурна во себе. Мислам дека хормоните се пресудни.
I pred i posle poroduvanje - moite roditeli, da ne se oni ne znam sto bi pravela, navistina, najgolema pomos mi se oni i samo oni !!!
Koga se porodiv so sin mi do negovata vtora godina bevme poveke vo bolnica otkolku doma.Pomos ne mi trebase od nikoj zasto toj bese prekrasno bebe,a i sega e najumen ergern (pu pu da ne go urocam ) plus imase rani od operacii,kese,i svekrva mi i majka mi se plasea da go banjaat za da ne mu napravele nesto.No koga ni trebase nekoj da go pocuva za jas i mm da ispadneme tuka bea i dvete,nikogas za nisto ne ne odbile,i den denes e taka.A i predhodno na drugi temi imam pisano deka imam prekrasen maz koj vo se mi pomaga,sega za zal raboti vo stranstvo i ne go gledame so meseci no koga e doma maksimalno go iskoristuvame
Јас два месеци по породувањето морав да се вратам на работа. Да не беа мајка ми и свекрва ми не знам што ќе правев.
Обично не се навρаќам што било и κаκо било, ама κога те пρочитав, κаκо јас да сум напишала. Неκогаш бев ау! Не можам да опишам. Не само што немав помош, туκу и на ρучеκ ми се собиρаа сите. Κаκо да немав обвρсκи оκолу бебето. И тоа сκρоз сама по цел ден. Ама затоа денес. Благодаρна сум на сите што ме оставија да научам се сама. И аκо ми тρеба, во моментите κога ќе се замешаат да им плеснам во лице! Сама одлучувам за сκоρо се повρзано со моето синче. Сеκаκо и маж ми го вκлучувам, κога тρеба!
Кога се породив со поголемиот син дојде свекрва ми да ми помага. Не ми требаше помош, ама она инсистираше да дојде. Цело време ми одмагаше и ми солеше памет. Не сум знаела да бањам деца, да менувам пелени, да пресоблакам деца, и др. На глава ми се качи. Едвај ја истрпев 5 дена. Маж ми одеше на работа. Кога она си отиде му одржав лекција на маж ми. Од татко ми имав поголема помош. Кога се породив со помалиот син свекрва ми пак сакаше да дојде, ама за среќа беше спречена. Маж ми зема одмор. Ми помагаше само за бањање на малиот. Другите обврски сама ги завршував. И овој пат имав помош од татко ми.
Nikakva pomos isto samo maz mi posle rabota i za vikendi. Za golemiot posle.porodilno zemavme zena a i isto ke bide so.malava bidejki nema.koj da.mi gi cuva. Nemozam da kazam deka ne.mi fali pomos zatoa sto nekoi denovi mislam deka ke pobudalam. Megutoa realno barem paihicki polesno mi e so vtorovo bidejki e ona polesno bebe ne e tolku zahtevna i kenkava kako brat i posebno prvite nekolku meseci bese bajce ama kako raste si bara poveke vreme i vnima i i ona. E tesko mi e realno da ne recam fizicki, sama so nea.sekoj den go zemam golemiot od gradinka bez ogled na vremeto pa i se spielo vo toa vreme.pa budi ja da ne go zakasnam, pa koga e ubavo nadvor on saka da si igra so decata pa visi na lulaski so saati pa trci rucek da napravam bogami naporno mi e mnogu. Neznam dali bi sakala nekoj doma da mi e non stop ama dobro bi mi dosla nekoja baba da.mi e vo blizina da uskokne na pomos ponekogas. Zal mi e za.golemiot nekako nemam mnogu vreme da mu posvetam i se pocesto se karame
Помош имам најголема од сопругот и од моите родители. Од кај свекрвата избегав на време (живеевме во заедница краток период 7-8месеци), да не грешам душа да бев таму и таа ќе помагаше(дури и повеќе од што треба). Терсене човек сум, среќа дома ме знаат и знаат како тактички со мене. Со мм сме делумно сами во ниту 40тина квадрати ама мајка ми ми е на 2 метра до мене. Помага со готвење, перење, пеглање и огромна е таа помош. Нема како да се оддолжам никогаш. Со бебето освен што го подржува и нишка кога плаче не ми се меша. Сами со мм го бањаме, сами го облакаме, пелени, храна ... Свекрва ми доаѓа по 1ч.во денот и само нешто додава и се мешкара. Не така бањање, не така за грчевите, не вака, онака. Дури коа ќе кажеме што ни кажал докторот одма она: "еее ја од кога ви го кажав тоа`` Син и многу не и придава значење на зборовите. А поред него ни јас. Ми направи првата недела малце испади ама одма пресеков. И тој саат што доаѓа ми е ок. Мерак и е нека доаѓа. Ја придржува и поигрува ако е будна, ја успива, а јас успевам нешто да потсредам. Е сеа секој ден кафе, благо, и после неа пак мијам... Ај. Да не се жалам. Едвај чекав да се вселиме во станот, ама сега за сега многу ми се наоѓа мајка ми тука да е до мене. Нека пркне малце па ќе се селиме. Да добијам и јас самодоверба дека ќе можам сама.
Јас и маж ми бевме сами односно 3000 у кусур км оддалечени од сите. Инсистиравме ние да сме сами инсистирав и јас со надеж дека ќе си научам се со оглед на тоа дека сум кратка на фитиљот и со оглед на тоа дека сакавме сами да уживаме во моментите без бабини деветини и без непотребни совети и зборувања. Од сам старт уште пред да останам бремена тоа и ни беше замисла. Бевме хаос, имаше повици на нет ама јас икслучував телефон оти сакав јас сама да се справам и да научам не сакав згора на се да слушам и непотребни муабети. Најпрво кога се роди бебе не знаевме да го облечеме пелена да ставиме ама научивме малку по малку плус имав помош од бабиците доаѓаа дома секој ден што требав си прашував Имав огормен страв огормен страв од ноќ огормен страв од седење сама дома ама се тоа се преброди успешно и помина откако ми спласнаа хормоните а и јас самата се навикнав со бебе и научив што треба и како треба До тогаш ми се чини( а денес се смеам) дека беше хаос односно хорор, не спиење не знаење шро како и ред редум па не знаевме што со бебе како со бебе зошто плаче итн поготово навечер Али откако му најдов цака за фунционирање бевме супер Имавме потршкотии дел беа и поголеми али пребродивме заедно како и маж и жена доволно свесни за нов член иако не знаевме ништо али истинктот тука ни беше со оглед на тоа дека маж не знаеше како се држи бебе од 1 ден а јас заборавив како се менуваат пелени одма дојде инстинкт на маж за думкање по цела ноќ итн итн.. Од оваа гледна точка не се каам и пак истото би го направила само да немам совети и бабини деветини од страна да ми е мирно и да не ми се зборува, општо мирот си го сакам. И пак истово би го направила и нареден пат мислам Едноставно мислам и сакам сама. Сакам да уживам сама и да ми е тешко сметам дека ќе го пребродам сама Таква сум цел живот. Ништо не знаевме а се научивме.
Помош не очекувам, пошто и моите и неговите живеат во друг град. Од една страна ме плаши како ќе се снајдеме, од друга страна си имам наумено шо ќе праиме, како ќе праиме, сами да праиме Ризично ми е да барам помош, се плашам и знам дека тоа ќе повлече неколку дена седење кај нас, и наместо да се фокусирам на бебе ја ќе се замарам со гости и ќе се тресам што и како мислат они, без разлика дали мајка ми или свекрва ми. Знам дека не можам да предвидам како ќе се одвиваат работите, ама ми останува се надевам ќе биде сè во ред и дека ќе успееме сами.
Ми се најдоа бабите за јадење првите денови, да не живеам на мачкано лепче, зошто готвењето ми беше последно од обврските што сакав да ги завршам. На третиот ден по доагање од болница ми земаа алишта за перење за да не сум ги сушела дома, до една недела помагаа со бањање. Од седмиот ден, кога си се осеќав физички добро, се си правам сама. Се нудат постојано, ама сама си перам, чистам, готвам, бебето се погоди генерално спанко, па најчесто имам доволно време за се. Да не беа бабите на располагање, мислам дека ќе се снајдевме и сами со маж ми, бидејки немав некое тешко и долго опоравување. Ми олеснија, не дека не, ама ќе истеравме и без таа помош. Сега, на еден месец, буквално се си правам сама, тато само ја зема за успивање или онака да ја подружи кога седи будна навечер додека е дома. Не можам да се пожалам дека е нешто многу тешко, ама ми се погоди бебето.
Здраво, кога си појдов дома со бебето свекрва ми не знаеше "кај тера", 5 дена ни јадеше ни пиеше, ептен чудно го поднесе доаѓањето на новиот член. Ајде можеби измешани емоции (прво внуче, едниот син го изгуби за жал). Јас како тазе мајка и како снаа што прифатила да е во иста куќа со свекор и свекрва, од неа очекував најмногу помош. Но, таа толку беше исплашена не сакаше воопшто да го фати во раце. Ок, не ни мораше сѐ сама си правев од прв ден во однос на бебето, а на неа останаа куќните обврски. Но, очекував искрено некои корисни совети или да ми покаже како да правам одредени нешта (масирање против температура, начини, што во случај на засркнување и сл). Ме изненади што за се поим немаше и креваше раменици.. Во тие моменти се чувствував толку сама... Ок, и за тоа се научив како и што да правам.. Друг проблем е што пуши цигари и доле чува мачка, и плус не води толку грижа околу лична хигиена и сл. Маж ми еднаш ја предупреди за цигарите, таа толку се налути што 3 дена не се качи горе кај внучето. Заради тоа јас преќутно и ги намалив посетите горе. Кога воведовме дохрана таа чувствувајќи се некорисна инсистираше да го спрема млекото. Ок, прифатив зошто за сите беше прифатливо. Сега кога пркна детево, се наметнува да го држи и да го причува за јас да јадам раат и сл. Но, додека јадам ја посматрам цело време.. Без разлика кога се разбудило, и без разлика дали е наспано или не, таа го легнува во релаксатор, му се наведнува над него и го тресе со двете раце. На убав начин два пати и посочив дека детето е наспан, еднаш дури и од раце и го зедов, но таа тера по старо. Друа работа е што не знам дали воопшто мие раце после тоалет или после држење на мачката.. А ја гледам го фаќа за рачињата, и истите рачиња завршуваат во устата на бебето.. Збеснувам... Дипломатски полека имам пробано да посочам за тие работи, но нејзе не и одговара.. Вика, еее цигари . Нека се учи детето на нашите миризби.. Или.. Амии нема врска тоа.. И сл. Кога цел ден сум излезена со бебето ко да е лута... Небаре нејзино е детето и сл. Муабетот ми е дали јас можеби претерувам со замерки или да фатам да применам построги мерки.. Сите ми викаат да преголтам тие работи, дека таа допрва ќе ми треба да ми го причува детето, и да ми спрема ручек, гардероба пеглање перење и сл.. Но кога се работи за моето бебе едноставно попрво ќе седам гладна и жедна отколку да го оставам бебето во такви раце.. Вие како би постапиле?
Мајки ми се ближи полека терминот за пораѓање и јас веќе размислувам за помошта иако не сме разговарале со мм, незнам колку е исправна мојата одлука околу тоа. Живееме во странство сами, а родителите ни се во Мк. После пораѓај период од околу 2 недели ќе доаѓа бабицата секој ден по 2-3 саата за помош плус и мм ќе земе тогаш одмор и мислам дека можеме да се снајдеме иако ни е прво бебче. Јас ги сфаќам за радоста и би сакала да дојдат секако, но не одма. Свекрва ми уште сега сама си кажува ќе си земела одмор за тогаш, еве ја и се вакцинира за да можела да патува. Мајка ми верувам исто сака ама она нема сама да ти рече додека не ја поканиш. Јас само си молчам до сега, прво сакам да се договориме со мм ама да слушнам и ваши совети. Може сум малку себична ама првите 2-3 недели сакам да уживаме во родителството само јас и он, штотуку породена не сакам да ја мислам дали сум во пижами и исчешлана, што денес за ручек, што треба да се купи и за гости и слично.. сакам бебе да ми биде единствена преокупација и мисла тогаш, па здравје да му се изнарадуваме и откако ќе се научам сама да го бањам и ќе си го фатам редот ќе биде полесно и нека доаѓаат сите по ред. Сето ова не знам како да им го кажам, а да не испаднам лоша на крај. Јас сум таква што не можам да ти кажам во лице, а во себе ќе се нервирам и јадам цел ден.
Лично и јас би сакала сама. Кога ќе ми текне со круговите на маиците на почетокот. Еден друг низ дома пази се исфлекана да не излезам и ред други работи. Речи им да почекаат да пркне малку тогаш дека ќе ти требаат повеќе. Вака првите 2 недели секако само ќе спие. Ви краен случај како мислиш така кажи си и прави си само не дозволувај првите денови да ти се стресни. Глеј тебе да ти е погодено
Ние живееме во иста куќа со родителите на мм, делени на различен спрат, со посебен влез. Моите се во друг град. Со мм пред да се породам разговаравме и донесовме одлука дека нема да бараме ничија помош, освен ако не е неопходна. Јас не можам да замислам да има некој тука 24/7, па макар и мајка ми била. Друга работа за која што бев против да има баби покрај нас е тоа што според мене бабите го истиснуваат таткото и не му даваат можност да ја преземе улогата на родител. Оти тој е тој што не знае, а нели бабите се најускусни на цел свет. Можеби ова не е секогаш и секаде така, ама во глобала е, според мене. Кога си дојдовме со бебе од болница, дојдоја и моите и неговите на гости. Мислам дека штом тогаш не полудев, ќе ме држи памет уште долго. Едната едно кажува, другата друго, се вмешува свекорот сосема трето, па кој што правел и како требало да се прави... Не го држи вака, не му ставај широк повој, ставај му широк повој, не го оставај да плачи, остави го да поплачи, многу е слечен ќе ти настини, пази го да не се испоти.... И тука фала му на мм им рече на сите 'фала ви шо дојдовте на ручек, да го прославиме идењето од болница на жена ми и син ми. Ако ви се ужива со внукот, уживајте. Поддржете го, сликајте се, радувајте се. Совет не побаравме од никого, а гратис добивме илјада. Оставете не да бидеме родители, вие сте биле. Ако ни треба нешто, ќе ве побараме, ќе ве прашаме. Дотогаш би биле благодарни ако не ни се мешате.' Фала му на Бога тука заврши сѐ. Рака на срце мајка ми ме малтретираше на телефон да сум го облекувала детето, оти нели ќе измрзни на 28 степени, ама кога виде дека не ја фермам, се откажа. Еве вчера син ми наполни 1 месец. Во ова време моите имаат дојдено 2 пати, на мм 3-4 пати на кратко и плус во двор ако сме се сретнале кога го шетаме. Првата недела мм работеше од дома и ми беше супер. Најголема помош е да има кој да исчисти и зготви, оти на почеток само спие и јаде бебчето. Најпотребна му е мама. И да го земе да го придржи некој друг, за скоро пак ќе ти го вратат, оти тебе ќе те бара. После една недела мм почна да оди на работа (да напоменам дека само прва смена оди), па малку сум во хаос некои денови додека да си дојди, има денови кога не сум стигнала да мочам или да мијам заби, за доручек да не зборувам, ама ако го ставам на вага тоа и дрдорењето од бабите, би одбрала гладна и неизмиена да сум. Раетот нема цена. Само отворен разговор со родителите на двајцата, ете дека сакате на почеток да сте сами, да се пробате сами, додека мт има одмор од работа. А за снајдување, ќе се снајдите. Никој учен не се родил и нема нешто шо не може да се научи. Можеби првиот пат нема убаво да го искапите или убаво да ја наместите пелената, ама ќе можеш да седиш гола, ќе може маж да ти помогне за молзење, да го држи штом го нахраниш за да ждригни.. Сѐ што треба така како што вие ќе си се организирате.
Јас завчера се породив, утре ме пуштаат од болница. Денеска се нацртала свеки од друг град кај нас в стан. На мајка ми и реков дојди по некој ден, не одма. Таму имате бабица, тоа е олеснително, за дали си средена низ дома ич не му ја мисли. Јас само за ручекот би ја зела и за пазарење, а да ми се мотка околу дете не. Со првото дојдоа двете баби, многу ме нервираа посебно свеки. Таа на старски начин ми кажува како треба, јас не сакам така и се нервирав. Ако мислиш дека можеш сама ок, кажи им по 3 недели да дојдат, ама мм треба да и каже, за да не бидеш ти лошата
Не си себична, во право си! Не знам зошто без да прашаат упорно се наметнуваат. Знам дека се радуваат, внуче нели ама треба и малку осет, а ќе речеш жена е, ќе те разбере. На почетокот хормони лудуваат, ако доиш нонстоп си со градите на мегдан, фали само некој да ти дофрли нешто од страна. За да не испаднеш лоша, разговарај со маж ти и речи му нека прво се роди бебчето па да се навикнете малку вие сами, да фатите некој ред, потоа нека дојде и мајка му, и без тоа ќе имате помош на почетокот од бабицата.
Mene mi bea majka mi prvite 2 nedeli, svekrvata vtorite 2 dur e maz mi na rabota sedea. Bea od pomos ne deka ne ama nerviraat nema sto. So majka sto i da kazes proaga nema veze ama svekrvata ednas imase teatralno napustanje na stanot posto i rekov ako misli da.pomaga mora da.sledi moi instrukcii za bebe bez razlika dali gi smeta za.ok ili ne....taka da od ovaa.perspektiva bolje ke bese.po 1 nedela max sekoja epten deka im e.merak i deka sme vo isti grad se raboti za x saati vo denot a ne za da mi spie tuka. Btw ja ne gi barav da.doagaat sami si se dogovorija odmori koga.da.si zemat...kako i da e projds
јас на сите трудници во поодмината бременост околу мене им кажувам дека најбитната помош што треба да ја добијат/побараат е готови или скоро готови ручеци и супи/чорби.
Никој не ти треба за помош, доволно е еднаш неделно една да дојди да зачисти и да си оди.. За храна има кафани, сендвичари, маркети све со достава ќе се руча некој период таква храна колку да закрепнеш ти и бебе додека фати ред со цицање и спиење. Кај мене свекор и свекрва се мота на почеток не за да помогнат неможеле да издржат еден ден да не го видат јас цела со флеки од млеко, гради прскат на сите страни, крвариш кога лом си се направила и од тоа, јас и ден денес неможам да си поверувам како на свекорми не му беше незгодно да доаѓа како некоја жена незнам, тоа траеше неколку дена се додека мм не му даде до знаење ако трЕба ќе ве викниме. Со лесно