1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош после породување

Дискусија во 'Бебе' започната од blond, 11 декември 2011.

  1. mmacichka

    mmacichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2015
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште не можам да се приберам со мислите поради таа 'помош'. Бебко направи завчера еден месец, а јас не можам уште да му се израдувам убаво. Инаку јас не сум човек што ќе ти каже се одма во лице, туку ќе си го собирам тоа во себе додека некогаш ептен не ми пукне. Понекогаш знам да префрлам нешто само во моментот кога ептен ќе ме изнервира ситуацијата. Е сега, мојата свекрва имаше уплав и поголем страв и од мене за бебето, се плашеше да не плачело како син и, додека не искочивме од болница збореше дека и било страв да го држи. Два дена откако бевме дома таа не знаеше кај тера, беше толку испаничена и изгубена и само тресеше зелени, што почна да ме нервира. Се породив царски, имав многу големи болки првите десетина дена, додуше и сега сум уште со болки при станување од кревет и одење во тоалет. Е сега дојде време дека сака да го држи внукот у раце ама мене ми е страв да и го дадам, и она самата кажуваше дека и е страв да го држи. И општо страв ми е кога го зимаат детето у раце.. некако освен кај мене и мм, нигде не ми е сигурен, и кога ќе сака некој да го земе јас викам 'остајте го, нека си лежи, и она одма се дува што не сум го давала.. сите сега знаат дека јас моето дете не сум го давала на никого, и само јас сум си го држела, цело време е тој муабет, кој и да дојде све тоа се збори.. првата недела беше автобуска станица дома, толку замразив луѓе и гужва немате поим, толку ми смета гужва сега.. катастрофа.. а не сакав да е така, ама се деси.. у постпородилна депресија сум сеуште, освен со мм и бебко не сакам со никого да седам. А дотичната свекрва, а слушне глас од бебето, автоматски улетува у соба, што страшно ме нервира ама не можам ништо да кажам.. бебко спие, она доаѓа му збори (стани, по цел ден спиеш, ноќеска што ќе правиш, само мајка ти те гледа, она не те дава, баба мора да те види некогаш итн.) и секогаш кажувам кога спие да не го фаќаат и да не му зборат, зашто останувам после јас со него кога плаче, а треба некогаш да се одморам мислам и јас.. ама џабе, толку себични и неразбрани луѓе. Моите кога ќе дојдат она све околу него се врти, а луѓето не го гледаат ни 1/3 од времето она што го гледа, вика види сваќе внучето мое денес ми се смееше седеше со мене.. што мене ме нервира тоа. Јас сфаќам дека уште ми работат хормоните, али луѓе јас уште малце и ќе си полудам... плус осеќам како да се љубоморни кога ќе дојдат моите, некако многу различно ги гледаат од предходно. Инаку они секое доаѓање му купуваат нешто на бебето, нешто за нас за дома коа ќе ме прашаат што сакам за јадење и слично, а она коментира само дека претерувале, па сме имале ние дома јадење, вака така.. премногу алишта имало бебето, немало потреба да купуваат.

    ја се изнапишав, од што цело време сум нервозна и при крај со нервите коа станува збор за темава, не можев да се сконцентрирам да напишам се по ред, него што како ќе ми дојдеше пишував извинете на долгиот пост :)
     
    На warrior, the12345, Мари_ja и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Баш заради овие сите причини не сакам да има никој. За чистење и за готвење не за џабе мм ќе биде дома, фала богу жив и здрав е со две раце. Он изгледа си мисли и спомна во муабет како родители се радост им е да дојдат како така не ни треба помош, ама бевме во друштво и оставив за насамо да разговараме.
    На мајка ми веќе и кажав и може не и падна убаво, ама ми рече како ќе си одлучите така. Ние сакаме да дојдеме ама кога ќе не повикате, сега на ред се мм и свеки :D
     
    На mmacichka, IRBBB, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.765
    Допаѓања:
    33.575
    Пол:
    Женски
    Мајка кажии да не го буди бебето и дека бебето е 1месец како ќе расте ќе останува повеќе будено.За негова возраст максимум 1ч треба да е будно измеѓу дремките.
    Свекрва ти му се радува и од радост не знае што да направи, нормално внуче е.
    Зошто ти не одиш кај твоите?Земи бебето и поседи си цел ден таму.Кажи му на мт дека сакаш малку приватност и да не ти влага у соба кога си со него.Кога ќе и го дадеш тогаш.Не се нервирај и шеткај со бебче по надвор, кажи да не доаѓаат гости ради корона и си суеверна до 40 дена не сакаш никој да го види.Можеш да и го оставиш на пола саат , а ти иди на кафе со мт или до маркет.Смени нешто за да ја пребродиш депресијата.
    Зборувај отворено со нејзе и кажии на убав тон како ти е и да те остава малку повеќе со бебе.
    Гушки мајка ќе помине овој период.Најтешко е да имаш бебе:hug:.
     
    На AhThatFemaleProblems, mmacichka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Јас не сум во мк и свекрвами свекорми и цела фамилија од мм се овде. Јас сум сосема сама, заради тоа ја повикав мајками нели како мајка кој може друг да те разбере и да ти помогне.. Значи во почеток сите доаѓаа овде, секој ден бев во гужва едни влегаат други излегаат ако не беше мајками сигурно ќе полудев.. Тазе породена, цело време гости, свекрвами е на работаа доаѓаа со свекор, и сите други касно навечер во 9 сатот без никаков осет.. Јас треба бебе да бањам тие тогаш беа на врата.. Значи од неа никаква помош.. Да можев да одберам и јас што подалеку би заминала само ние и бебе ни мајка ни свекрва ама тоа е..

    Мајками си замина а тие си останаа.. Често идат па свекор уште и педијатар ми изигава.. Можеш по малку вода да му даваш на бебе и мм му рече има доктор за тоа ќе каже тој.. Па и си продолжува како така таа на 6 месеци грав ке јаде и мене ми дојде преку глава реков не таа туршија ке јаде на 6 месеци..
    Цело време нешто ми додава па стварно ми иде да полудам :@
     
    На mmacichka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. emits

    emits Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2015
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    957
    Пол:
    Женски
    Мој совет ти е ако можеш да си кажеш дека не сакаш никој да доаѓа. Јас немав храброст, иако му имав речено на сопругот дека максимум една недела ако доаѓа некој би седел, познавајќи ја свекрвата па не сакам ни да се сетам како поминав првите 3 недели. Не побарав помош од никој, ама свекрвата сама си дојде кај нас да седи скоро 3 недели, бидејќи од друг град. Наместо да го паметам тој период како нешто убаво што сум доживеала, јас се сеќавам по расправиите и солењето памет, земањето дете од раце, притисок за јадење, хаосот низ дома. Откако конечно по 3 недели останавме сами, си фатив ред и никој не ми требаше. Секој е добар за своето дете онака како што знае и умее, нема погрешно и не ти треба некој да ти кажува како и што да правиш. Во тие 3 недели, само 4 дена беше мајка ми, ќе кажам за среќа, барем тие дена бев поопуштена.. Секој има поголемо разбирање и доверба во мајка, ама ако си имаш работа со љубоморни луѓе, ќе си трпиш како мене. За второ некогаш ако затреба, знам како ама бидна веќе. :) еднаш човек греши. Немој и ти :D
     
    На artemidis, mmacichka и Ladybug98 им се допаѓа ова.
  6. Krofna*

    Krofna* Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Оф го преживеав 17дневниот хорор со свеки, додека да се породам муабетот беше само млеко да имаш откако се породив прашањето беше цица ли а јас капка млеко немав. Дојдовме дома почна хоророт на пробувањето за цицање додек бебе беше на града ме пипкаше по гради да види дали имам млеко, на одмолзување со пумпа гледаше капки дали паѓаат и гледаше ѓи броеше, тие денови само нејзиниот глас сс слушаше вака треба така треба, доѓаше и само нарчуваше што сака за јадење дека дома свекор ми не и дозволува операции е праена, и кога виде дека се откажав од доење бебе не ми фати града ме оставија сама со 15 дневно бебе кое беше повеќе будно и ептен плачливо, на моменти нервно попуштав додека нереков стоп морам неккаов ред да направам и да ги средиме работите.
    Уствари и услуга ми направија што престанаа да доаѓаат по цел ден сеа доаѓаат само попладне за бањае по 1 саат и тоа им е тешко па почнав да ги одјебувам.
    Мојте се далеку инаку штета ќе ја имав правата помош многу сме поврзани ама тоа е.
     
    На mmacichka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Јас мислам дека ако сопругот е присутен дома после работа, се издржува без никој. За првото мајка ми беше покрај мене, за второ не сакам никој. Со првото не се поврзав она баш како шо треба да се поврзиш со бебе, благодарение на помошта. Да не ме сфати некој погрешно, помошта беше добредојдена, фала богу, ама пошто ја имав понудена на дланка, ја прифатив повеќе од потребно и втор пат истата грешка не ја правам. Сега сме во иста куќа сме со свекрва ми, ама по мое долгогодишно инсистирање доаѓа само со покана и само после телефонски повик, никако поинаку. Исто и моите така доаѓаат. Приватност на нивоУ. Конечно после толку време, мислам дека се изборив за тоа што на секој му е основно право. Кажано им е на сите дека ако ни притреба помош за нешто ќе прашаме, а дека не треба на врата по 6 пати во денот да се појавуваат да прашуваат, зашто мене искрено тоа ми беше пренапорно.
    Мислам дека мајката и таткото и ако има и прво дете треба да си се навикнат на новото бебе како фамилија, посебно, изолирано, во огромна приватност, без апсолутно никакви гужви. Кој колку сака нека се лути, ама дека секој ден ќе ми идат на гости за второ бебе, мало сутра. Овој пат јас, бебето, првото дете и маж ми ќе бидиме најбитни, а мислењата сите можат да си ги задржат за себе. Бебето сакале да го видат? Ок, има меснџер, ќе добијат слика/снимка во почетокот. Кога ние ќе решиме дека сме спремни за гости, ќе ги поканиме. На кој сака како сака нека им звучи ова, сметам дека секој си има право на своја приватност и решавање на одредени ситуации како шо си мисли дека е правилно. А особено со ново бебе, постпородилни депресии и комплетно нови ситуации, гужвите и советите а особено бабини-деветините не помагаат ни најмалку.
     
    На Мари_ja, Ladybug98, Zumbulche и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Mamy.

    Mamy. Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Јас за првото дете немав помош воопшто од свекрвами и покрај тоа што е неколку спрата под нас, мајка ми доаѓаше послем работа кога ке кажев дека ми треба човек за да изметам, испеглам и искапам бидејки мм беше 1 недела дома а јас бев царски ми помогна многу дури да се опоровам скроз. Гледајќи сега сум пресреќна што не се калуваше за помош бидејќи неколку пати се обиде да кажи како нас не знам ништо, како ништо не ја прашвам итн и си доби каде што му е местото. Сега за второто мислам дека нема да ми треба никој бидејкќк имам детенце кое треба да се прилагоди на новото бебе како што сакаме јас и мм а не како некој друг да кажва и само уште повеќе нервози
     
    На Ladybug98, Lisicko, mommy's love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Јас првото си го чував сама, мм беше два дена дома, а после тоа во работно време бев цел ден сама, па после кога ќе дојдеше мм од работа преземаше тој ако треба нешто јас да направам. Си се договаравме, си се снаоѓаме сами. За станување ноќе имав огромна помош од мм, а и сабајле знаеше да стане во 5 ако плаче, да го земе до 7, за јас да отспијам, па да иде на работа. Јас само ќе си го надоев. Доколку мажот се пронајде во улогата на татко, сметам дека нема потреба никој да доаѓа. Двајцата сами си го бањавме, не ни требаше никој од прв ден, а ни ден денес никој не ни треба. И за второто планираме сами здравје, ќе видиме како ќе биде.
     
    На mmacichka, cresa-jagoda, Ladybug98 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Јас и маж ми сами си го чуваме.
    Од прв ден е така. Не прифатив помош од никого.
    И тоа ми беше најдобра одлука до сега.
    Мајка ми ми помагаше кога бев позитивна, зошто бевме во ужасна состојба, маж ми беше во болница, јас бев на чекор да одам во болница.
    После си се вративме на старо.
     
    На Bebence29, Anaksunamoon, Mamy. и 1 друга личност им се допаѓа ова.