Вака значи деновиве сум премногу зафатена а денес класната ми рече дека треба да напишам песна без разлика каква само да биде песна и јас значи полудев кај можам за еден ден да напишам песна покрај сите овие задачи што треба да ги направам и навистина многу ми е страм да ве прашам вас дали можете да ми помогнете да напишам и навистина би ви била премногу благодарна Ве сакам <3 <3
Дали се потруди да ги прочиташ правилата на форумот? Ако си ги прочитала ќе знаеше дека не се отвараат теми за се и сешто, особено не со наслов-помоооош, хелп ми, плиииз, лелеее итн. Како тоа имаш толку задачи а дремеш на интернет? Тебе ниту другите задачи не ти се решаваат изгледа. Ајде гаси компјутерот, решавај задачи, ќе ти остане време и за песна, денот е голем, до вечер имаш доволно време за сите обврски, нормално, ако се тргнеш од интернетот. Ако уште на 13 години бараш помош за една песничка, ќе се навикнеш се на готово да ти сервираат па кај ќе ти биде крајот.
Па извини но навистина до утре нема шанси да напишам ако си и ти на мое место би го направила и ти истото...и само сакав да видам дали може некој да ми помогне навистина не знам каде ми е главата треба да одам на курс,домашна да напишам,книгите да ги вратам во гратска денес ми истекува рокот па да не си плаќам казна,потоа имам проект по физика треба да одам со друштво во болница да ги видиме сите апарати за поправање на видот,одам на часови по математика навистина полудувам секој ден и уште еднаш извинете...
^^ Зошто си толку строга со девојчето, не гледаш на крај дека напишала оти не' сака? Јас ќе ти напишам песничка и ќе ти ја пратам по лп Остај ја Абеја, лоша дада е она :evil:
Благодарам многу <3 <3 <3 па не мислам дека е лоша секој си има право на свое мислење ке се видиме подоцна одам на часови бај бај <3 <3
Со ученичките треба само строго, за да не чекаат секогаш од другите на готово. Ете, од првиот пост и поминале повеќе од 15 минути, а сигурно ќе поминат уште толку, тоа е време кое можела, наместо да пишува, моли и чита тука, да напише нешто со свои зборови. Ако децата се разгалуваат и им се сервира се на тацна, не се доразвиваат и стануваат како онаа глупачана Ава од тој голем брат, "сакам нешто да кажам ама не знам да го речам и изгледам како глупача" Има време за се па и за тоа што го наброја. Времето е тука само треба РАЦИОНАЛНО да се искористи. Ќе видиш ти кој е лоша дада, само ако ти дојдам таму со метлава
девојки се изнасмеав кога ја исчитав темава Ааа девојче ако неможеш да си напишеш песничка интернетов зошто служи? па твојата проф. не е гугл па да ги има читано сите песнички на светов најди некоја безвезе од автор што никој не го чита(такви има мн) и напиши ја и готовоо Инаку овде не се надевај дека некоја од нас ќе седне да ти пишува песнички
мм добро е :up: :up: ај да го дополниме vetar zdire niz kompire bandere se klatev ti si mi devojka Спојлер п.с. извини што е на латиница го копирам ме мрззи да го препишувам