1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош

Дискусија во 'Канта' започната од Peperutkatamacy, 3 декември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Peperutkatamacy

    Peperutkatamacy Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Феминки, ве молам за помош,
    ве следам редновно но конечно се осмелив да ви напишам за мојот проблем.
    Во врска сум со дечкото неколку години, и се ни оди супер, но се случи нешто непредвидено.
    Пред неколку месеци како на зафрканција се смував со оженет Турчин, кој има две деца, но тоа полека почна да прераснува во нешто повеќе и трае уште. Се сакаме, ама знаеме дека нема шанси да сме заедно, и секој треба да си го живее својот живот. Не знам како да го прекинам ова, посилно е од мене. ;(
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Секако дека нема ништо посилно на светот,кое ќе може да ти го погази достоинството.
    Значи гордоста ти е погазена,тој си има жена и таа е таа која ја држи за рака,а ти си само за дружба на таинствени места :D
    Позитивно е тоа што си свесна дека грешеш,затоа колку што е можно побргу исправи ја грешката.
     
  3. Peperutkatamacy

    Peperutkatamacy Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Работата е што не знам како да ја исправам грешката. Тој сака да бидеме заедно до бесконечност, ми рече дека не ја сака својата сопруга, јас сум му единствена и тоа ми го докажува постојано со некои романтични дела... Сака да отидам да живеам со него. Како без да ја направам голема да ја прекинам работата????
     
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Види,во ред е ти на 19 години(ако се точни пишаните на профилот) да веруваш во вечна,бесконечна љубов,да поштуваш романтични дела,и да веруваш дека си една и единствена.
    А тој,пропалитет од човек,ако не ја сакал сопругата немало да и направе деца,кои притоа се и негови.
    Знаеш таа постарата генерација на ку*вари се баш такви-налетаат на наивни девојчиња како тебе,една роза,заводлив поглед,една пијачка и тоа е добитната комбинација,а ти после мислеш како тој е романтичен,и слепо му веруваш во колнењето на вечна љубов :puke:
    Јасно е дека те користе,и се така додека дозволуваш.Прекини со ова веднаш,ако нејкеш да бидеш етикетирана како расипувачка на семејства
    (тоа благо кажано,дека има посебен термин за девојките кои одат со женети мажи,не дека и за таквите 'мажи' нема,ама ај не е тоа тема на муабет сеа.
     
    На agnes му/ѝ се допаѓа ова.
  5. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Не сум „феминка“ но сепак ќе ти одговорам. :)

    Ќе ти одговорам како јас би постапил да сум на негово место, не на твое.
    Ако сум имал проблеми со мојата сопруга и се' помалку сум ја сакал, ќе сум направел се' што е возможно за да го поправам тоа. Доколку тоа не би било возможно би побарал развод. Не личи на мене да влезам во друга врска додека веќе сум во врска но според твојата ситуација, доколку веќе сум го направил тоа и навистина е така - не ја сакам својата сопруга и те сакам тебе, ќе зборувам отворено и ќе побарам развод. Можеби не е лесно за децата но тоа е единственото бидејќи не би сакал моите деца да живеат во лага и лажна љубов помеѓу мама и тато, недајбоже караници. Луѓе преместуваат планини за љубов и за некој што го сакаат а не па развод. Ако вистински те сака самиот ќе побара развод.

    А тоа што ти го правиш, му помагаш да си го сјебе животот и децата и таа жена (макар и по цена на љубов). Ако навистински те сака, треба да преземе нешто со отворени чекори во животот.

    Иако имаш 19 години верувам дека можеш да ме разбереш бидејќи зборувам за семејство, љубов, деца. Да не го направиш тоа, е себично иако го сакаш. А тој, колку и да те сака, не е храбар и не сака да се соочи со турбуленции во животот, барем до сега.

    И ако е таков а и ти, слободно можеш да очекуваш понатаму во животот слична ситуација со тебе. Но ако недајбоже дојде до тоа, немој да се чудиш. Тогаш можеби ќе имаш 25, 30 години и ќе мислиш дека си созреана, но вакви ситуации како твојата, кои прават силни недоумици но сепак важни, прават да зрееме, и нашите постапки во таквите ситуации, правилни или погрешни одредуваат како ќе созрееме. Бидејќи и тој човек е можеби зрел нели.

    Се надевам дека ти помогнав.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.