1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош

Дискусија во 'Канта' започната од Fourrooms, 16 март 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Fourrooms

    Fourrooms Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Имам долга врска, да не речам сериозна и стварно ми е убаво, момчето е навистина добро и супер се сложуваме што слободно можам да кажам дека го сакам.Пред да бидеме заедно, се мафтав со еден тип кој ми го сврте паметот и на крај ме "заеба".Не ме заеба ама топло-ладно беше цело време и на крај се изнервирав и му реков да прекинеме да се гледаме.Како што кажав долго време сум со момчето но има периоди кога не можам да престанам да мислам на овој претходниов.Цело време го гледам низ град и тоа случајно а навистина ни беше убаво иако не бевме пар.Постојано размислувам да прекинам со сегашното момче за да бидам со него но се плашам пак да не биде истото ко од претходно.Искрено имам прекрасен дечко покрај себе и свесна сум дека не вреди оваа врска да отиде во вода поради некој безчувствителен, но знаете "љубовта" си го прави своето.
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Сакаш да седиш на два стола? А знаеш кога ќе треснеш колку ќе те здоболи газето ???
    Немој да си играш со нечии чувства. Ти прво расчисти си сама со себе кој сакаш, а потоа биди со тој што го сакаш.
    Мене ми изгледа дека ти здосадило со дечко ти, па сега со овој ти е поинтересно. Но имај на ум дека секој почеток е интересен, а потоа ...
    Aма според ова пишаново, ти не знаеш што сакаш.
    Сега, го сакаш овој вториот или го "сакаш" ???
     
  3. Fourrooms

    Fourrooms Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Не драга не сакам да седам на два стола.Баш сум против такви работи, никогаш не би изневерила.Со момчето ,стварно ми е преубаво знае да ме изненади и да ме направи најсреќна,најубава и најсигурна, он е човекот што стварно има се што една девојка може да посака.Се прашувам дали мислам на него бидејќи не го добив тоа што го сакам? Или пак се соочив со фактот дека не можам да имам се што ќе посакам?
     
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Може ти станува досаден одвреме навреме овој сегашниов,а сакаш нешто ново.
    Како и да е,не тргнувај по тоа,тој да сакал нешто сериозно,и тогаш ќе го имал со тебе.Чувај си го дечко ти,и пробај со него да ти е поинтересно,а не да мислиш цело време на другиов.
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Тогаш ако ти е убаво со дечко ти, биди си со него и помири се најголем дел од машките само сакаат да ќарат тужа девојка, а потоа да се фалат што се правеле со неа. Во очите на оној другиот никогаш нема да бидеш достојна да бидеш негова женска. Сепак такви се машките, закржлавени во мозокот.
     
  6. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Ова ти се вика сестро преку леб - погача.
    Седи си мадро да не носиш модро. Само да не си го откачиш дечкото со кој, како што кажа ти е супер, па да останеш и без едениот и без другиот, тек тогаш ќе кукаш.
    Размисли си убаво. Со другиот тип сакаш да бидеш, и ке ти биде интересно се додека не го добиеш. После ке си го бараш стариот ама некој друга да не ти го ќари???
    Јас да сум на твое место ке си останам со дечкото а другиот ке си го избришам од глава, дека некогаш постоел и сум го сретнала.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Не го сакаш дечко ти,убаво ти е само со него затоа што ти нуди работи,но сепак,не го сакаш.
    Подобро раскини му,па дури и да не бидеш со овој за кој размислуваш,може ќе најдеш некој друг кој навистина ќе го сакаш,а не ради тоа што прави да бидеш сигурна,убава и среќна.Фала богу дека треба да ти биде убаво со него,но не и да ти биде примарна причина.
     
  8. Fourrooms

    Fourrooms Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Не го сакам вториот тоа сум сигурна, може е само опсесија.Со дечкото не можам да се пожалам, он е тој принцот од бајките што сите го посакуваме.Сепак фала ви што ми дадовте доста пристојни и одлични совети.Се согласувам со сите вас бидејќи јас тоа си го викам постојано,не вреди за да оставам се поради него.
     
  9. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    значи мој совет е да си продолжиш со сегашниот,да не ризикуваш да раскинеш пошо тој другиот може пак да те заебе...чим ти е убаво кулирајси.....и така е секогаш трчаме по тие шо ни го вртат грбот...ама не ризикувај да пошо можеш засекогаш да го изгубиш сегашниот...поззз ;)
     
  10. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Значи чувствуваш нешто кон другиот? Што ќе имаш ако си со него? И дали тој сега би сакал да биде со тебе? Расчисти си што губиш , што добиваш. Ако не си заљубена во сегашниот дечко порано или подоцна ке мораш да раскинеш (освен ако не се заљубиш во дечкото во меѓувреме). Сите тие добри работи што ги напиша за него не се доволни ако нема љубов и страст и ако размислуваш постојано за друг.
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Види сеа ти, ако не го сакаш овој првиот (не значи ако те задоволува на секој можен начин дека ти мора да го сакаш него) веднаш го оставај.

    Туку, ти се плашиш сама да останеш...
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Ова седи си со сегашниот,штом ти е убаво ми е како помирување некое.Ај,така требало да биде,шо да ризикувам,на крај сама може ќе си останам.Вака имам кој да ме сака,да ме опсипува со љубов и внимание...колку е тоа лицемерно човече.Не зборувам само за девојчево,туку за сите девојки кои така размислуваат.
    Никогаш нема да бидете исполнети и сигурни до крај дека тој е тој.Штом има некој друг кој повеќе ти го ѕвони ѕвоното,значи дека овој не е за тебе и дека не е тоа,тоа што го бараш.Е сега ако си патиш за некој кој треба постојано да го освојуваш и постојано бараш такви,тоа е проблем од друга природа.
     
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Обично е така, зависни сме од тој што не повредува.
    Не дека го сакаме, туку интересна ни е играта, интересна е неосвоената цел.

    Остани си со дечко ти, а времето ќе покаже дали е он вистинскиот, не жали за тој што си играл со тебе.
     
  14. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Кога не знаеш со кого сакаш да бидеш, најдобро би ти било да бидеш сама.
     
  15. Fourrooms

    Fourrooms Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Навистина ценам што посветивте време на овој глуп проблем.Дечко ми навистина го сакам не поради тоа што ме сака и ред други работи, имаме тотлано разбирање меѓу себе, постојано сме заедно и се стремиме кон заеднички цели,како најдобри другари сме, се осеќам како да го познавам цел живот.Вториот е едно ладно суштество кое не знае да цени и го мразам на моменти поради тоа што го направил а јас сум се надевала на нешто.
     
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    А ти цени го тоа што го имаш, односно цени си го дечкото зашто бил таков и си го сакала, а и цени си се самата и не се навраќај на нешто што ти донело болка. Не му возвраќај на дечко ти за убавината што ти ја прави - со низок удар. Ако не ти одговара да си со него, тоа нека биде за друга причина, а не за оваа, што во твојов случав е ептен несоодветна.
     
  17. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    се согласувам со мерлинка....цени го тоа што го имаш,и возвратиму со иста мера....
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.