1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош!!!!!!!

Дискусија во 'Канта' започната од mone.love, 21 март 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mone.love

    mone.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Правам писмена по македонски, а незнам што да пишувам :sweat: :worried: .....ве молам ако можи да ми помогните
    ми требаат состави на овие теми:
    1. Човекот го менува светот, а светот човекот
    2. Дали времето во кое живееме е само лош сон
    3. Најчовечкото во човекот ме води во среќен живот

    ве молам кажете нешто што да пишувам........plss :)


    Итно ее!!!
     
  2. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Женски
    И што сега ние да ти ги напишеме составите. Де бре деца :x
     
  3. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    И за ова немало потреба да отвараш нова тема.
    Земи прочепкај го чичко гугл, сигурно ќе најдеш нешто како за инспирација.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600

    Оваа тема, освен насловот кој ме иритира, може да стои.
    Замолувам насловот да се смени во
    ПРАВИЛА ЗА ПИШУВАЊЕ ПИСМЕНИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.

    Е сега , по ред...

    Првиот мој совет девојче е малку граматички да се едуцираш.
    И правописно.
    Отвори ја темата за правопис ако сакаш, прочепкај...
    Не може е разделно,
    не можи е недозволено во писмена.

    Второ, составот мора да има вовед, главен дел и заклучок.
    Воведот обично е мал и содржи од 5-10-тина реченици.
    Внимавај да не се премногу накитени, но да не бидат и премногу сложени.
    Составите во средно обично бараат да имаат есеистички облик.
    Можеш да се послужиш најпрвин со некаков цитат, кој би го ставила нормално во наводници, а потоа да продолжиш со свое видување на истиот.
    На пример,
    за првата тема Човекот го менува светот, а светот човекот, ќе го употребам следниот цитат:
    "Само две работи се бесконечни - Универзумот и човековата глупост. За второво не сум сигурен" - Алберт Ајнштајн.

    И почнуваш да анализираш.
    Дали човекот го менува светот? Како? На подобро или на полошо? Дали човековото знаење и ум му прават добро - или повеќе штета на денешниов свет? Дали сите изуми се во корист на планетата? Дали човековата алчност е главниот двигател на сите изуми? Или постојат луѓе кои вистински сакаат да направат разлика во денешниот свет со своето суштествување? Итн, итн...
    Просто е, пушти ги само мислите да си го работат своето.
    Пишувај прибелешки, забележувај си, ќе ти дојде некоја квалитетна идеја.

    Главниот дел треба да е најобемен, тука се развива дискусијата, тука се изведуваат тезите, се потврдуваат или одрекуваат.

    Заклучокот е најкус, треба да содржи неколку куси, но јасни и моќни реченици.
    Во последниот дел, ти треба да ги држиш конците и да пресечеш - т.е. да дадеш одговор на сите поставени прашања погоре.

    И не заборавај :!: две прстиња и секогаш нов ред.
    Нов ред.

    Ајде пиши некоја идеја за писмените погоре, па ние на драга волја би ти вратиле дали е добра и во кој правец би можела да се развива.
    Ама да чекаш некој на форумов да ти подари готов состав... тоа е срамно и смешно, истовремено.
     
  5. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    прочачкај низ темите ке најдеш нешто, ако не чичко гугл е тука :)
    А и ова твое „Помоош„ е како којзнае што да се случило.
    Ми мириса на клуч !
     
  6. mone.love

    mone.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Благодарам за ова, веќе почнав да пишувам...

    и очигледно дојде до недорзбирање, јас не барав вие да ми напишите состави туку да ми помогнете... вака како трендафилка...

    фала :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.