Ммм помфрит со сирење рендано и кечап. Незнам колку ми е доста. Но не ми се допаѓа помфритот по ресторани и сендвичари кај што даваат од оној готов помфрит полу пржен, што се става во масло и се вади за 1 минута. Тој е убав кога е топол и ако не го изедеш одма кога ќе ти го донесат гарант порцијата само ќе си ја платиш, а гладен ќе останеш. Ако стои повеќе од 15-20 мминути помфритот е катастрофа, тврд неможеш на виљушка да го боцнеш. Одвратен е
Порано многу сакав помфрит со сирење и домашна салца. Сега сум повеќе по печен компир Некој пат кога ќе си правам, ќе пробам да направам според оној рецептот на Теодора ... не ми текнува презиме нит блогот како се викаше (нешто со Лекции по готвење беше, ама дал така не знам). Лупиш компирите, сецкаш, оставаш во вода не знам колку време (јас би прескокнала тој дел цц) па ги пржиш, па ги ставаш во замрзнувач... па пак ги пржиш (мислам), ама јас ќе ги печам цц Нешто така беше.Ме мрзи да барам сега.
Мојата цимерка го прави најубавиот помфрит на светот! Поубав дури и од тој на мајка ми, само што ми паѓа жал да ѝ признаам. Јас никако не можам да си го погодам, затоа што сум фрик невиден и сакам секое компирче да биде совршено исецкано и најчесто си купувам од тој замрзнатиот на Фриком. Баш ми е убаво исецкан ко оној во МекДоналдс, кој патем не го обожавам зашто понекогаш ми е ко тегав, изладен, никаков и ми се допаѓа на вкус, ама го избегнувам. Не сум баш наклонета кон храната во МекДоналдс, затоа овој на Фриком ми е совршено откритие. Завист ми е помфритот, го јадам со секакви комбинации. Кечап и мајонез - стандардно, исто само со сенф, оригано или сушен магдонос/босилек и рендано сирење. Или само со рендано сирење, ама го рендам додека е уште врел компирот, за да ми се разлее. Најновото откритие на мајка ми - помфрит со песто сос и мноооогу рендан пармезан, а оди и со кравјо сирење. Ма го бива со сè!
Убаво ме потсетивте сега ќе си испржам. Инаку го јадам само со сол, кога го пржам дома, а во сендвичари со мајонез го јадам.
Порано јадев ептен често, сега не сум јадела богзнае од кога. Убав ми е, во сендвичите нели е најдобар. А и домашно испржен јадам, ама се зависи од тоа дали во моментот ми се јаде. Порано го јадев дома со кечап едно кило и оригано а сега ми се слоши од таа комбинација, па кога го јадам онака обичен или со патлиџан или кисело млеко/павлака.
Порано ептен сакав, па после почна да се намалува тоа ептен на малку и понекогаш за да сега дојдам до степенот „којзнае од кога не сум јадела“. И кога ги јадев, најмногу ги сакав со мајонез. Кога се откажав од мајонезот веќе се осеќаше дека ќе се откажувам и од помфрит кај и да е...многу ми се допаѓа што последниве години полека но сигурно и што е најважно сосем спонтано (без намера па некое плачење, кризирање и сл.) се откажувам од овие...„штетни храни“.
Не го сакам помфритот! Самата помисла на него не би буди апетит. И дома кога мајка ми ќе направи некогаш, неможам...неможам да го јадам. До пред некое време го јадев, но ете со тек на време ми одмили некако....дали од оние сендвичарите у школо шо се, кога секој ден јадев тост со помфрит??!
обожавам помфрит, кога ги лупам компирите ги сецкам на даска и испаѓаат многу убави и кога ќе се испржат така крцкави превкусни се, дечко ми вика дека поубави му биле од мекдоналдс, најубав помфрит сум правела ај ај сега се испофалив