Брз и едноставен појадок што може со се да се меша, го сакам со посна урда и со многу мајонез и сенф, понекогаш дотурам кари, лук во прав или го сецкам и мелен бибер уште повкусно доаѓа. јадење за секој ден навистина.
До крајот на средно јадев ако не секој, секој втор ден. Го јадев со кечап и мајонез одозгоре, со кисело млеко, со сирење .
Изгледа сум единствена што сака домашен.. Дома да е приготвено.. Со кечап го јадам овој период, ама и без ништо, само со сол исто е убаво
Ауу сега баш ми се пријаде..Иначе го сакам буквално секаков,а во последно време многу сакам да го јадам само со мајонез..Мњам,мњам
Чат-пат поткаснувам. Имав некни интересна дешавка со еден превкусен помфрит. Дечко ми отишол и купил, а жената заборавила да му наплати, додека овој, заборавил да и плати. Битно си кркнавме помфрит. Со кечапЧЕ и мајонезЧе.
Јас сум родена со компир во рака.Омилен зеленчук Секаков го сакам помфритот и во секое време е добредојден во моето стомаче
Pоследно време скоро секој ден правам помфрит Oвие кај сто сум не го правеле помфритот убаво како мене од кога правам јас бил преубав и ете ти помфрит секој ден
Знам дека е нездрава храна и се остало ама што Порано немавме шпорет на плин па моравме цел ден на рингла да го правиме и плус ја молев мајка ми да ми направи зашто јас демек не знаев (ме мрзеше да научам) Сега се испраксирав од лупење до пржење и коа ми се пријадува самоиницијативно одам да си напраам Со него иде и пивце
Обожавам пржени компирчиња,знам дека е штетна храна но пак си го сакам никогаш неможам да одолеам на компирчиња.99% кога седнуваме на ручек порачувам помфрит,исто и дома често имаме за ручек пржени компирчиња
Многу сакам помфрит, и ретко кој не го сака. Посебно ми е вкусен готовиот замрзнат од Фриком или Лидл со кечап, мајонез, сирење.... мммм Ајт, послужете се
Oбожувам помфрит! Го јадам со сирење или пак со сенф. Кој нема пробано помфрит со сенф обавезно да проба!