Има некој што не сака помфрит??? Ваљда не! Мене ми е омилено јадење и можам баш секој ден да го јадам и нема да ми здосади! Со сирење, без сирење, со мајонез, со кечап... ма секаков ми е омилен! Си го комбинирам со се, со скара, со виршли, со јајца, со сендвич и со се ми оди и вкусен ми е!
И јас обожавам помфрит,најмногу ми се допаѓа во Џуџу бургер (во Куманово) и не сакам да го комбинирам со ништо освен со кечап и мајонез.
Обожавам помфрит! Го јадам како пржени домашни компирчиња со пржени колбаси и виршли со кечап и мајонез и со зелена салата!Исто и во хамбургери и тостови со кечап,мајонез,оригано,црвен пипер и кромид го јодам од сендвичарниците!Посебно би ги издвоила сендвичарниците Џуџу Бургер и Фул Бургер од моето родно Куманово!
Обожавам помфрит, често си правам сама , кога ме мрзи да си готвам друго нешто, ем вкусно ем брзо се прави
Сакам помфрит, вкусен ми е, ама дома се трудам секогаш да направам поздрава варијанта, како на пример печени компири, варени компири, и други комбинации кои не вклучуваат премногу масло. За мене компир си е компир. Како и да е подготвен прекресен е
од секогаш сум го правела супер,последно време дали тавата или што незнам што е проблемот никако не ми испајгат убави