ах тие прзени компирчиња знаеме колку е штетен но сепак ги обожавам можам секој ден да јадам и пак да не ми се досадни
Не се штетни ако се прават дома (читај, не се пржат во 200 пати прегорен зејтин кој е канцероген, како во сендвичарите). нормално, да немааат масно останато, туку да се добро исцедени. Пред пржење треба да стојат во ладна вода, повкусни се
Ако сакате помфритот да ви биде како тој на Мекдоналдс, со златносветла боја и лесен на вкус тогаш пржете ги компирите во палмино масло. Маслото од палма иако поскапо, за разлика од другите масла не е толку тешко и трпи повеќекратна термичка обработка. Доколку се јаде без леб не е толку страшно, нема да те дебелее. Лебот и компирот и двата се скроб и поради тоа не е пожелно да се комбинираат.
мммм обожаваам помфрииит го сакам кога е тенок а не ко во некои сендвичари како со секира да ги делкале компирите сакам да го јадам со помалце кечап, повеќе мајонез а неќна пробав и со сенф феноменален е, прсти да излиже човек и посебно мајка ми дома кога го пржи а богами и мекдоналдс ми фалат во моментов
Помфрит, помфрит, помфрит мммммммммммм ЉУБОВ Знам дека не чини ЗНАМ. Но, што да правам го обожавам. Уште како дете мало сум се "давела" во помфрит.
Обожавам помфрит, али се откажав одамна од јадење брза храна надвор, така што дома си го правам. Не знам дали е поштетно тоа што ги пржат во палмино масло или тоа што по 100 пати истото го користат, ужас! Инаку, ги обожавам со ситно рендано сирење, а и обични со сол не одбивам
Баш вчера бев во сендвичара со другарките и му велат на готвачот може еден селски помфрит и јас сум оваква и велам каков е тој помфрит и тие .Со сирење и јас .Ми се згади.Сега пред малку го направив убав е вкусен е само сирење одзгоре.Инаку не јадам помфрит со сол.
ухх ептен сакам помфрит,скоро секој втор ден јадам Најчесто со кечап,ама немам нипто против и со сиренце Селски помфрит не го викаат само со сирење туку и оние компирчиња (подебело сечени) со зачин,печени во фурна
Јас обожавам помфрит, ама доста калоричен е, а guilty pleasure ми е. Најдов на интернет еден доста добар рецепт No-Fry Fries за помалку калорична верзија,а се добива еднакво вкусен и крцкав компир.Се сечат компирите, отстојуваат малку во ладна вода и убаво се цедат.Се посипуваат(попрскуваат) со маслиново масло и се редат во тавче за печење на кое однапред ќе поставите хартија за печење.Си ставате зачини по желба и сол и печете на максимална температура.Моите за 15-тина минути беа готови, ама сепак ќе треба да ги проверувате.Имаат неверојатно добар вкус, крцкави се како чипс и дури повеќе ми се допаднаа од пржените компири.