Обожавам помфрит, мама ќе ми излупи компири, а јас си ги сечам и пржам. Ги јадам само со сол. Иначе еднаш си изрендав компири, ги ставив во тавче, ги полив со зејтин и разни зачини, си ги испеков и многу убави беа. Малце ме болеа рацете од рендање, ама вредеше.
Многу сакам помфрит, најчесто го јадам со кечап и мајонез од краставица, или пак само со сол и оригано.
Обожавам помфрит! Но, ниеден помфрит не може да го замени онај домашниот што сами си го правиме. Сосема друг е вкусот. Овие помфритите по ресторани и сендвичари ми се некако вештачки, не природни.... едноставно не е тоа тоа.
Помфирт јадам многу ретко, скоро никогаш. Не знам зошто не ми е убав, ни домашниот. Дома си пржат, си јадат, ама јас не јадам Сега има и искучоци; пример, гиро
Обожавам.Кога ме мрзи да лупам и сецкам користам смрзнат исечкан.Ќе почекам 5-10 мин да се пододмрзне и го пржам. Најчесто го јадам со кечап, морско, риба/фингери. Не е здраво ама милина е