Јас така замрзнат го ставам да се пржи. Мислам дека нема некоја разлика замрзнат, или незамрзнат. Да си знаеш за следен пат.
Баш имам читано на тој што го купувам дека замрзнат се пржи и нема потреба да се размрзнува Замрзнат имам секогаш во фрижидер, иако преферирам да правам од компир (беровски разбира се) Со сирење рендано ми е омилен( и тоа беровско)
Имам ставано и директно смрзан ама водест ми е така некако.Кога не ми се брза го ставам да се одмрзне бар малку. Најубав ми е на Фриком.Сон им се.
Од мала до ден денес најомилено нешто ми е помфтит (иако знаеме колку не е здрав )со многу сол или со сиренце .Ама највеќе го сакам дома приготвен тенко исечен како чипс,да крцка
Јас помфритот го правам со тоа што ќе го излупам, па ќе го исецкам на ситно и го варам кратко време. После откако ќе го сварам го оставам на салфетка да се исцед и го ставам во фритеза. Крцкав, убав. Ставам вегета и сирење рендам. повкусно здравје.
Помфрит мнооооогу ретко јадеме, еднаш или двапати годишно правам и тоа во апарат на топол воздух без маснотии и од лупен компир, не од замрзнатите.
Обожавам Според мене, тоа е компирот во своето најдобро издание Дома сум пробала да спремам, не испадна лошо. Одозгода со еден тон сирење, кечап/најонез/сенф, што и да е. Или само со сол. Како и да е, помфрит си е помфрит. Мнозинството го обожава мислам
За апаратот од топ шоп зборуваш? Дали си задоволна? Го гледам веке некое време и се мислам дали да го земам.
Да, го имам од Топ Шоп, задоволна сум навистина. И од Тефал имам, задоволна сум и од него, тој има малку поголем сад, но е и поскап. Крцкаво и убаво, а без масло, башка многу попрактично е и полесно. Помфритот го ставам, па по некое време го промешувам и пак си продолжува.
Ух обожавам помфрит, додуша купениот ми е поубав некако, ама и дома често си правам, ставам сирење од горе и кечап, и така можам да јадам помфрит со денови
И јас го обожавам помфритот особено кога го сецкам на тенко. Ќе го испржам и ке ставам рендано сирење одозгора. Повкусно нема
Секогаш си пржам помфрит, не купувам од продавница, но не преферирам да се консумира често. Гледам да го избегнувам што е можно повеќе бидејќи ај што е 80% зејтин во него, па уште и шеќерот што го содржи - ужас комбинација. Ама е превкусен и еднаш месечно си пржам.