Сакам да ви ја раскажам најодвратната случка што ми се случи пред некој ден. Со моите другарки отидовме во пицерија "Филитеа" (Кочани). Седнавме и не послужија со пијалок. Си порачав само јас бидејќи моите другарки сакаа да си порачат откако ќе биде готово јадењето. Ми го донесоа пијалокот и си порачавме јадење. Веќе 15 мин. поминаа откако седнавме, јас станав и си зедов пепелара и се вратив на масата. По 2 мин. келнерот доваѓа и ме викна настрана. Станав и тој ми вели: Сакам да ти кажам ти и твоите другарки да станете и да ја напуштете пицеријата. Чудно го погледнав и го прашав зошто и кој го кажал тоа. Тој пак ми повтори да станеме, да си одеме и дека не е битно кој го кажал тоа. Газдата на пицеријата седеше надвор, а неговата женска беше во шанкот. Отидов и го прашав што е проблемот зошто да станеме и да си одеме? Тој чудно ме погледна и ми кажа дека никој не е кажал такво нешто и да продолжиме да си седеме. Пак го прашав да не има некој проблем и во тој момент женска му излегува од шанкот ги треска 3те кафиња што ги носеше и вели: Јас мојто си го кажав. Се вратив и им кажав на другарките да станеме, го платив пијалокот и си заминавме. Ваква вулгарност немам видено никаде што ги бркаат муштериите без причина. Ги бркаат муштериите што ги почитуваат. Браво за таквото однесување и понижување. Браво!
Прв пат читам за вакво нешто. Цц, се има во оваа наша Македонија... Срамота! Така само си ги губат муштериите, а изгледа не се ни свесни за тоа..
А да не сакаш само да ја оцрниш пицеријата.. или женската на газдата бидејќи не ти е по ќејф? Да не беше така немаше потреба ни името на локалот да го спомнеш, бидејќи темава си ја отворила со наслов понижување...значи да дискутираме за постапката а не за локалот.
Ниту сакам да ја оцрнам пицеријата ниту па сум кажала дека женската на газдата не ми е по ќејф. Ќејф ми е да кажам дека се случи случката
А за што се отвори цела тема за ова? И нејасно ми е, како темава стои во "правила и новости"? Нели таму само правила и новости можат да се постираат, но од модераторите.. Јас мислам дека и таа не е добра, ама и ти што се замараш, па и толку многу што си отворила цела тема за да не информираш, со која воедно и бесот ти расте.
Веројатно станува збор за љубомора. Но, од кај знаеше ти дека тој што седел надвор е газда? Зошто баш на форум го пишуваш ова, зошто не објави по групите?
Можно е девојката на газдата да ве избркала од љубомора Ама не е љубоморна од ништо Сигурно некоја од другарките се плетка со газдата, или газдата и има досадувано па девојката дознала За ништо не ве бркаат биди сигурна од чиста мира никој никој не брка
---- Ако целиот овој текст е вистина,,, а чисто се сомневам дека е! ... Тогаш тешка "малограѓанштина" e скоро целата ситуација ,со кулминација нагласена "кај женска му" без разлика дали и било кој е виновен од посочениве.... Анархија
Јас сум работела во кафичи и сум имала ситуација да кажам дека све е резервирано(а не било) за да не седнат гости бидејќи беа мали, деца средно негде пошо стално правеа лом и играа карти на сред маса. Исто така сум морала да однесам сметка за да станат да си одат зашто седеле 5 луѓе и не пиеле ништо или само еден пиел. Да не е некоја од тие причини?... на крај краева може стварно сте и сметале на девојката од Х причина иако тоа не е оправдување
Реално и да сака да ја зацрни пицеријата е во право бидејќи и неа и на нејзините другарки му било неубаво кога така му рекле па никој не се секира за тоа.Понашањето од нива страна не е во ред во никој случај,а тоа дали има нешто што ние не знаеме меѓу тебе или твоја другарка и таа девојка или сопственикот на пицеријата нема врска не е оправдување и што да е.
како да не го каже локалот после ваков срам што од таму направиле? Мене ми изгледа ко таа женската со кафињата што си го кажала своето да ја стегнало некоја љубомора. Нормален човек не прави вакво срамови без причина или ако има проблем нормален човек ќе си го каже а не вака... Одете си оти мене ми е ќеф и не ми се свиѓате
Проблемот е што никој не може да го потврди настанот и фактот дека ги избркале..а тука читаат стотици жени и формираат некакво мислење.. а она денес се зачленила само за да ни каже дека ги избркале.. пфф Од кај знаете дека не лаже?! Еве може моето звучи како клевета ама нејзиното е далеку полошо..
Темава е чиста глупост. Инаку ми се има случено со друштвото да ни кажат резервирано а да не е но никој од нас не се замараше да отвара теми по форуми (барем не јас). Ако е вистина сами си ги губат муштериите. Темава може во канта
Ако гледаме по тоа во која категорија сте ја отвориле темата нема да ме чуди да сте седнале место на некоја маса, на некој декоративен инвентар па затоа да ве избркале. ..