1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Понуда за секс од директорот

Дискусија во 'На работното место' започната од taya, 25 март 2013.

  1. WaterGirll

    WaterGirll Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Jas da sum bila na tvoe mesto do sega bi lezel vo zatvora za ucena!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.753
    Пол:
    Женски
    Нати не е битно тоа, кога он ставил интернет свесен е дека ние ќе отвараме сва и свашта, што го интересира него со кого јас сум комуницирала, па замисли не да прочита онака туку да чепка по пораки, башка што пораките не се да кажеш последни пишувани туку пред отприлика 2 недели и тоа после тој муабет сме си муабетеле и друго, ама он квалитетно ме изманијачил на ФБ, ама детално го прочепкал, срамота, не за мене, за него, за неговите постапки а не за моите. Нејсе, и ова и се друго кое спаѓа под мобинг, нема изговор, нема изговор да ти чепка по приватноста, што ако го заборавам телефонот на работа, ќе ми чепка по пораки, што ако добијам на работа писмо, без разлика дали е од природата на работа или нешто друго, ќе ми го отвори, ако ме побара некој на телефон зар ќе прислушкува од неговата канцеларија, нема изговор, а ова со понудите за секс, со психичкото, физичкото и сексуалното малтретирање па ич нема изговор. Ама директори, нашле па зашле, само едвај чекам детето негово да дојде ред да се вработи, ќе се чукне ли во глава што правел тогаш? Или неговите деца се личности и не смее никој да ги малтретира а нас може да не малтретира некој. Епа не се родил уште еден мајмун како него што ќе ме малтретира така ;)
     
    На Lolo5, WarriorAngel и vinozito1 им се допаѓа ова.
  3. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Ќе напишам за мојот случај.Постојано ме прашуваше прашања што немаат врска со работата .Прашања од мојот приватен живот.Секогаш одговарав со молам , извенете ама не ве слушам, незнам што ме прашувате.Се така до пред два месеци.Тогаш побара на мое место да ги вработел девојчињата(се сомневам дека е поштен човек, го имам забележено како зјапа во девојчиња)Како се однесуваше кога тие ке ме побараа на работа.Како ги гледаше :?
    Да се јавил дома ,упорен човекот .Јави се му реков ,ама нема да дојдат.Прво јас и ти не сме тие што можеме да натераме некој да работи нешто што не сака . Нема пари што можат да купат нечија чест.Јас сум мајка , осум години се жртвувам одам пешки по пет километри по сите временски неприлики, стопирам по патиштата и покрај вашето ветување дека ке ми биде платен и обезбеден превозот.Нема да дозволам да поминуваат низ истото.Вие дали размисливте добро пред да ми го предлиожите ова?
    Девочињата сакаа да одат некој ден ама одма да го пријават на надлежните .Со оглед дека е Заштитно Друштво нему бегаше затварање.Прво за тоа што ке ги затечеа дека работат на црно, потоа за мобинг врз лице со намалена работна способност .Само ми беше грев за колегите и си реков нека иде од нас.Голем е Бог.
    Единствено нешто што направив беше што отидов во Агенцијата за Вработување и ги запознав каков човек е и дека ако сакав можев да направам голем проблем не само на него туку и на нив.
    Посочив да внимаваат со такви газди.Може и они да одговараат.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tinavip

    tinavip Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    53
    на таков директор одма му го сечам пенисчето.... :D
     
    На Lolo5 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  5. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Искрено невикам дека нема безобрази директори но мислам дека и некои од вас ги преувеичуваат работите. Јас сакам слобода комуникација со директорот, секако дека кога ќе добијам комплимент од него ми годи, особено ако е комплимет од типот дека сум згодна ..... Секако дека имам црвена линија после која на пристоен начин го враќам онам каде што му е местото. Па побогу секое женско би требало да знае како да го контролира машкото и до каде може да оди со флертот и кокетирањето. Незнам зошто би било забрането да му се допаднеме на директорот, шефот..... што има тука лошо и зошто потоа да имаме некоја одбивност кон тој човк? Едноставно ќе му кажеш дека не си заинтересирана за таков вид на дружба и готово. Е сега сакав да поразговараме и на темата полтронство, се мислев да отворам нова тема но еве ке продискутираме овде во склоп на ова тема бидејки едно со друго е поврзано. Дали мислите дека доколку сте полтрон полесно ке напредувате и ке успеете или доколку сте праведни и ја зборувате вистината?
     
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека една девојка или жена со достоинство многу повеќе треба да знае како да се контролира себеси и физичките нагони. И да се прави разлика од приватност и професионалност. Мислам дека комплименти од типот "згодна си" најмалку можат да помогнат на работното место или конкретно во работата каде што сите треба да се однесуваме професионално и да имаме само службен однос.
    Таквите комплименти се секогаш со некоја скриена намера, сигурно директорот мене нема да ми рече дека сум згодна зашто мисли дека со тоа ќе ме поттикне да работам поефикасно. И секако дека сме си ние многу паметни и сите тоа многу добро го знаеме, само си го сфаќаме на кој како му одговара. ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Секако дека треба да се однесуваме професиоnално, да се облекуваме пристојно без миничи, без длабоки деколтеа, маици nа пrерамки и слични работи, но не се согласувам дека треба да се има чисто службена атмосвера јас сум повеке за некој вид пријателска атмосвера. Не мислам дека и нешто многу страшно или дека им сексуални алузии ако ви каже дека сте убаво облечени или дека денес убаво изгледате, исто и обратно. Ме интересира што мислите за кодексот за пристојно облекување на работно место а погоре наведов што подразбира тој. Ако носиме сукна да биде под колена да не биде стегната да се оцртуваат и гаките, потоа маички исклучиво со ракавчиња, без длабоки деколтеа....
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ако машкото е перверзно говедо и во секоја жена гледа прилика, и во мантија да се облече, пак ќе ја манијачи ... веројатно затоа што ќе му е тоа уште поголем стимул побргу да ја соблече. :D
     
    На Traveler91, Lolo5, Espadrila и 4 други им се допаѓа ова.
  9. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    BINGO!
    Од мене имаш чиста 10 за ова!
     
    На Traveler91, Lolo5, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Сепак од ова можам да заклучам дека не сте баш за почитуање за овој кодекс. Сакате да се стегнете во миничи со голи рамења и деколтеа а притоа као ви смета ако зјапаат во вас. Е тоа е двоен морал, као ми пречи а ништо не правам тоа да не се случува. Драги мои ако вам не ви мрда опашот и ако вие несакате никој ншто неможе да ви направи. Ако тргнете од тоа како што ти велиш дека сите машки се говеда тогаш и нашите брака и татко се такви. Јас не се согласувам дека по дифолт сите што се на позиција се расипани, Некои можеби да но за некои сме можеби самите виновни со нашето однесуање и облекување. Само немојте сега да ми кажете дека тоа е ваше право ако сакате и голи да шетате никој ништо несмее да ви направи. Да, така е но и н има исто акво право да се обиде.
     
  11. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Ама и тој директорот може да има керка и жена,
    па тие сигурно не се облекуваат ко пред 100 години!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Зборувам за пристојно облекување како што доликува за на работ, а не за облекување од минатиот век. Значи работното место не е модна писта. Исто така заборавив да напоменам дека треба да внимаваме колку и каков парфем користиме. Парфемот треба да биде дискрете и едноставен а не километар по нас да мириса у да биде о заводничка нота и да ги дигаат хормоните на останатата машка популација.. Знаете, лесно е да ја префрлиит вината на дрг, но секогаш треба да тргнеме од себе.
     
  13. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Прво на директорот керка му и жена му работат во фирмата и
    тие најпровокативно се облекуваат.
    Што значи и на другите им е дозвоелно.
    Женава е смоуверена и сигурна во својот брак , и ама мува не ја лази
    дали секретарката ке дојде во минич или во макси.
    Дури ги кара вработените ако не се добро стегнати или нашминкани.
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  14. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    да бе ај сеа следната што ке има добар парфем ке ја силувам, па ке се вадам не сум јас крив парфемот е :geek:
    не ги разбирам газдиве што рескираат со вработени, имаат пари па нека плаќаат курви за да се издуваат :)
     
    На Lolo5, Ruby.rose, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Јас немам ништо против кодексот за облекување. Самата почитувам одредени правила во одредени околности. Не за да контролирам нечие однесување (неам свои маки, па и на туѓите да мислам) туку затоа што така поудобно се чувствувам. И тоа ги нема спречено тие што си се перверзњаци да ме замараат.

    Каде прочита дека го мислам ова за сите мажи? Реков ако машкото си е перверзњак и во секоја жена гледа прилика.... А што се однесува до татко ми и брат ми, препровокативните им се предмет за потсмев, не на возбуда. Си имаат тие на кого да се палат.

    Знам топло е, се` ве нервира, ама прво убаво прочитајте па карајте се. :D

    Да уштедат, една плата за две намени. :D Не, озбилно, жални ми се тие случаи кои мора со уцени да се омрсат. За таков ментален склоп и социјален промашај ниту еден минич не е крив.

    Еден мој газда од кој сум презадоволна и имав многу убаво работно искуство во неговата фирма, макар што не беше апла работно место туку повремено ме викаа, ме пофали за пристојниот изглед и ми рече на самото интервју дека веднаш откачил две кандидатки кои што биле препровокативно облечени и им рекол „Изгледа сте ја згрешиле адресата.“

    И аман престанете со оние глупи теории како жените го будат лошото во мажите. :puke: После ќе се лутиме дека сме дискриминирани, а самите си се ништиме. Од болдираново горе коса ми се крева на глава. Демек муживе шо сеа шетаат голи нагоре или по синдикалки треба да ги напаѓаме на улица. :puke:
    Глупости. Вакви размислувања се за општества каде што жените не се рамноправни. И тоа и им велам на жените со вакви размислувања „Многу ми е криво што си се родила во земја каде што жените се еднакви со мажите. Супер би се снашла и таму каде сосила ги мажат на 6 години и каде што жените се ѓаволи, виновни за се`, а чинат само кога ќе родат машко дете. “
     
    На Lolo5, Hipster, karenin и 2 други им се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Оу кеј, смееме да се истушираме сабајле? Немој на некој да му замирисаме на оушн фреш гел за туширање и да не замисли како штотуку излезени од туш кабина, па како у слоу моушн капки вода ни се слеваат по рамена, по гол грб надоле, крпа околу нас која ни паѓа... и така натака :$

    Модата не е само за кафе, и деловната облека не се сведува на црна сукња црно сако и кошула. Ланската година една од најдобрите беше за деловни фустани на еден бранд, повеќе профит направија отколку на вечерни фустани. И си треба таа мода. Затоа што и жената која нема време да се дотера за на кафе, со секое право сака да биде убаво облечена. За себе :!:
     
    На teressa, Lolo5, Ruby.rose и 4 други им се допаѓа ова.
  17. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    За ова со парфемот пак воопшто не се согласувам.
    Апсолутно, никако! Заводлив парфем? Тоа со мирисите е индивидуална работа.
    Пафеми што ги “дигаат хормоните на машка популација“?
    Јас за ова прв пат слушам, нисам одадвде!

    Колку што мене досега ми беше познато, осетот (сетилото) за мирис е индивидуална работа
    и тоа што на некој му е ок на друг може да му е одвратен мирис. Гарантирам!

    Јас имам еден куп парфеми, но омилен ми е ВЕРСУС (Версаче);
    продавачките секогаш ми велеле , абе овој многу малку се троши не го земаат, а мене еве ми се допага.
    На пример мојата директорка обожаваше Шанел, а јас не можев да го поднесувам!
    Е ај сега да видиме кој парфем повеќе “крева машки хормони“?

    Јас пак не ги сакам(поднесувам) машките парфеми воопшто многу ми се јаки и пдолго време не можам да седам во близина на некој што е намирисан, почнува да ми се врти и да ми се гади, и дечко ми беше многу срекен поради тоа ,оти немало да си троши пари за парфеми :lol: :rofl: ! А на дечко ми не му сметаа моите парфеми, ама често велеше дека преферира и дека го пали ( му се креваат хормоните како што велиш ти :D ) кога не сум намирисана, односно го сакал мојот природен мирис!

    Додека јас во присуство на јаки машки парфеми можам да се задушам, на една моја другарка и биле многу мажествени и ми се чудеше кога ке и речев некогаш да се замениме со седење оти ке повратам, ама буквално ке повратам.
    Еднаш бев на една обука, до мене седеше еден г-дин со многу квалитетен парфем, а јас не можев да издржам до пауза. Леле,... а ако се преместам па моѓе да биде навредливо, непријатно е.
    И кажав на модераторката на пауза и таа уз една финта, најде начин и дипломатски ме премести.

    Е ај сега нека ми каже некој кои парфеми се заводливи а кои не?
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Е ова со парфемот веќе не е дискриминација на жените туку оправдување на некои мажи кои си се манијаци и не можат да легнат никоја на нормален начин па ја уценуваат со работното место. :puke:

    И парфемот може да е крив... Боже каде тоа јас живеам? Со вакви размислувања богами ќе почнат да не` едначат со земјине од третиот свет.

    Oние газди кои се нормални (пошо тие што нудат секс на вработени и ги уценуваат вработените мене не ми се нормални, дури и гола да им излезе пред нив ПАК не се нормални) баш сакаат персоналот да им е претставителен, убаво да изгледа и мириса, а сексот го оставаат за откако ќе излезат од работа.

    Вработените го претставуваат претпријатието/здружението. Јас да би била газда, не би сакала да изгледаат испоснички, туку дотерани, расположени и намирисани. И повеќето пак ќе напоменам НОРМАЛНИ газди би го сакале тоа.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    326
    Aбе какви парфеми, какви бакрачи. никогаш не се знае, може да го погодите в срце со парфемот па после некој трет ви е Kрив :D на фризура немој ни да сте помислиле, а шминка ни во лудило, зошто може да се возбуди :^)
    Kапење пред одење на работа никако. Aнтиперспирант ни под разно. Kога ќе ви се доближи вие оп мишка горе, гарантирам нема ни да помисли вас повеќе. :rofl:
    Cтрумке не е до парфемот, до умот е. Oд глата си патиме.
     
    На Lolo5, Espadrila, Ruby.rose и 3 други им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Eee конфјузд, мажине света вода излачуваа наместо пот пред да се појавиме ние со нашите штикли, миничи, парфеми и гелови за туширање. :D
     
    На Lolo5, karenin, confused и 1 друга личност им се допаѓа ова.