1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Понуда за секс од директорот

Дискусија во 'На работното место' започната од taya, 25 март 2013.

  1. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Понуда за секс од директорот...
    Доколку е претпоставениот човек со многу пари а малку мозок и има свои недостатоци кои тој би сакал да ѓи нема тогаш тој се однесува како дебил.Но ако директорот е човек со принципи морален совесен тој никогаш тоа не би го сторил па дури и во најкраток минич да е облечена девојката.Тој ке знае да ја цени својата вработена...Немаат врска ниту миничи,деколтеа,парфеми само е до самиот човек...Интелегентен човек кој се почитува себе,семејството,работата во која толку вложил не би си го дозволил тоа да загуби добар вработен/а.Но доколку станува збор за човек кој нема грам мозок што би се очекувало од него и особено таквите никогаш неможат да имаат долго фирма од проста причина тие наместо да смислата како да дојдат до повеке пари тие ке најдат глупав начин да се прават мачомени и полека но сигурно ке изгубат па така и им треба.Но жалосно е за лицата кои се вработени и што ги трпат нивните невкусни комплименти.Има девојки жени кои дошле чесно и поштено да си заработат,но во фирма каде се има таков директор тешко се останува....
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    Освен ако работното место не захтева одреден физички изглед , нема што мене директорот или шефот да ми кажува дали сум згодна или не и да го мери мојот физички изглед. Побогу јас таму сум да си ја вршам својата работа со интелектуалната способност а не со физичкиот изглед.Слободно нека ме фали за тоа како добро ја вршам работата а не како изгледам. Тоа не е пријателски однос пошто тој не ми е пријател туку ми е Надреден!

    WTF со муабетот за парфемот?!? Ако не па да идеме на работа усмрдени не бањати , препотени ко свињи со мрсни коси за нашиот мирис не предизвикува.



    нНе дека нема жени на кои не им мрда гзот и кои сакаат да напредуваат во работата на нечесен начим,но не се сите такви.Некјам некое старо дртало ма нејкам ни некој млад мочко да ме тероризира на таков начин.Дома на жените и на девојките нека им зборат дека се згодни.Мене им кој да ми дели комплименти,а тоа сигурно не се директорот и шефот!
     
    На Lolo5, anabel-a, rici.aaaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Ми се чини дека потрошивме многу енергија за да и објасниме на Струмка :worried:hock: .
    На крај си велам, Струмка , зашто не кажеш каков проблем имаш, ке се направеше
    квалитетен brain storming :geek: ( бура на мисли), и сигурно ке се најдеше некое решение.


    На крај, ако ја поврзам темава на која дискутиравме, испадна дека имавме теза дека причина за Понуда за с-с со д-р, ти било провокативна гардероба и парфеми! ХАХАХА,... за себе ке кажам , ама се навлеков,... Нема врска, се случува :D .

    Дефинитивно, ако некаде дошло до такво нешто причина (една) е неквалитетен секс по дома :*, според мене
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    WTF со муабетот за парфемот?!? Ако не па да идеме на работа усмрдени не бањати , препотени ко свињи со мрсни коси за нашиот мирис не предизвикува.



    нНе дека нема жени на кои не им мрда гзот и кои сакаат да напредуваат во работата на нечесен начим,но не се сите такви.Некјам некое старо дртало ма нејкам ни некој млад мочко да ме тероризира на таков начин.Дома на жените и на девојките нека им зборат дека се згодни.Мене им кој да ми дели комплименти,а тоа сигурно не се директорот и шефот![/quote]
    Апропо ироничниот предлог да одиме испотени на работа ме потсетивте на една случка од пред 2-3 дена кога беа пеколните температури. Седам јас на работа и поминува колегата покрај мене и ми вели: Колешке преубаво мирисаш што парфем имаш ставано? А јас му велам: Бегај таму мене ли најде да ме зезаш не ли гледаш дека 100 пати се препотив денес, каков парфем. А тој ми вели: Па тогаш можеш да патентираш парфен со мирис на твојата пот, така нема да мораш да се мачиш овде да црнчиш а и ќе се збогатиш. а потоа рече: Ех, камоли женами да мирисаше вака никогаш немаше да сака да станам од креветот. Само благо се насмеав и му реков: Ех драг мој колега не е се во парите мене повеќе ме радуваат вакви убави зборови отколку да бидам богата, вие сте моето богатсто. Можеби некому ова ќе му звучи како пуштање па некои жени и ќе се почувствуваат дека ете некој сексуално ги вознемирува но јас не сум толку параноична и сето тоа го сваќам како шега и дел од една нормална комуникација. Така да и раководно лице да го каже тоа едноставно ќе го прифатам како нормална работа, бидејки не е лесо да се биде згодна и убава жена треба да знае човек да се носи со тоа, колку е добро толку може да има и негативи страни. Секој ќе сака да ве има а вие ќе треба на фин и културен начин да се изборите со тоа без многу кревање врева.
     
    На Lolo5 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  6. TipTop

    TipTop Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    54
    Порано имав колега кој токму на овој начин,со парфемот,им се пушташе на жените,поточно тоа му беше првиот чекор,патем не бираше дали е мажена или девојка.Некои успеа да ги легне,а некои тоа го прифаќаа како тебе,на шега и толку. :) Неможеш да знаеш точно која е намерата,а точно дека не треба да се крева некоја врева се додека не премине во вулгарност.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Неможеш да знаеш која е намерата, но можеш да се знаеш себеси и да не дозволиш да се помеше работата и задоволството, бидејки никоаш не излегло на добро мешањето на овие 2 работи. Јас не размислувам која е намерата на другите, бидејки знам која е мојата намера и знам како да ги амортизирам работите и да ги сведам на шала и позитивна атмосвера. Креваат врева само оние кои не се сигурни во себе и кои се плашат да не потклекнат. Се додека се задржуваат на зборови не е опасно, но доколку недај боже се случи да се осмелат и да ми го нарушат мојот физички интегритет со допири на несоодветни места, тогаш без размислување возвраќам со шамар. Знаете, ако сте крути и на се реагирате остро нема да успеете во работата, треба да знаете како на убав начин да просперирате а притоа да не ја доведете во прашање вашата чест и да немора да се влечкате по канцеларии и да се изживуваат а вас секакви идиоти.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. shtiklala

    shtiklala Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8
    Сум била во иста ситуација како тебе. Значи тактиката им е иста. Јас имам многу фина и платена работа во голема компанија каква што ретко се наоѓа па опцијата да си дадам отказ поради дир не доаѓаше во предвид. Мој дир дополнително, беше и моќник во државава, значи против него не се може, ни да го тужам, ни да се жалам, нема на кој да се жалиш. Играше тактички, прво беше многу фин со мене, па јас бев многу интелигентна и способна, се додека еден ден он немаше време да ми објасни нешто за работните задачи па предложи да разговараме за тоа на вечера, секако одбив фино културно. Ама после имаше смси и замарања, кои според него биле сосема ок и во граници на деловното, а јас погрешно сум ги сфаќала. Стигнав до малтретирања секакви, после тоа цело време јас нешто не разбирав, не работев како што треба и сл... потоа следеше префрлање на др раб место со катастрофални услови... и се плашев на некого да кажам иако на работа на сите им беше јасно што е работа. Бидејќи и други пред мене си добивале понуди ама они фино си проаѓале бидејќи си ги прифатиле понудите и му се швалерки а јас несакав и животот ми го направи пекол. Ама немаше шанси да попуштам. Се плашев и да не ја загубам работата бидејќи ако сака може да ми најде замерка, пропуст некаков и да ме избрка, се плашев да кажам дома, на било кого, се чував во себе, ми направи проблем и со дечкото во кој бев премногу заљубена тогаш и го изгубив поради него. Ова траеше со години!!! На крај се вратив назад во истата зграда на подобро работно место, со повисока плата, со многу поголемо искуство и знаење што го стекнав на ова другово раб место, дечкото сфатив дека не вреди одамна и си имам друг. Не успеа да ме победи.:)
    Незнам во каква компанија работиш, дали вреди да се бориш или едноставно да си заминеш и да не се замараш. Дали има шанси он да биде сменет од таа функција. И разгледај правно, дали ако сама си дадеш отказ ќе изгубиш некои бенефиции, во социјално на пример, за здравствени картони, дали он може туку така да те иззбрка од раб. ако неможе правно гледано, можеби можеш и да останеш додека не најдеш друга работа на пример, а во меѓувреме да не му се замараш. А за тоа што ќе кажеш на луѓето не се замарај, кажи било што , не давал плата редовно, те претрупувал со работа, не се издржувало. си нашла нова работа подобра (ако решиш да си одиш кога ќе најдеш нова). Се на се, не вреди многу да се нервираш и да си го загорчуваш животот за некој идиот. Ти посакувам среќа.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Инаку за мирисиве, се потсетив на една португалска сапуница шо ја имаше пред неколку години, на плантажа некоја коа синот на газдата се заљуби во работничката. Викаше преку глава ми е од фините госпоѓи со француски парфеми на нив, сакам жена која мириса на жена. :D

    Боже сачувај, ниту јас ниту гардеробата, козметиката во која јас се чувствувам убаво не се причина за психопатското однесување на некои претпоставени. Може да бидат само повод-изговор, а причина не.
    А ако некој каже дека убаво мирисам, мора ли секогаш да е пуштање? Повеќе ќе се засрамам ако некој ми каже „Ваква ли смрдосана ќе ги примаш странките? Па ќе избегаат од тебе.“ А до каде ќе оди муабетот ќе одлучи мојот став и однесување, а не мојата мрсна коса и неатрактивна облека од која сета убавина е истисната.
     
    На Lolo5, srcekrsacka и kva им се допаѓа ова.
  10. shtiklala

    shtiklala Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8
    Прочитај го мојот случај. И јас му кажав дека не сум заинтересирана за таков вид на дружба ама не беше "и готово", и тоа како не беше.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Внимателно го прочитав твојот случај но некако многу штуро беше објаснувањето како од уназадена полета кон подобро работно место? Дојде некој кој те сонувал на сон и света петка му рекла да те стави баш тебе на тоа место? Те ставија туку така затоа што си најдобрата? И како истиот тој директор дозволил да те унапредат ако тој те уназадил. Дали мислиш дека е тој толку глуп да го дозволи тоа ако сакал да те уништи, па нели беше страв и трепет во државата и сега некој друг ке се дрзне да те унапреди а он те уназадил ми нема логика. Но да се задржиме на она првото одговори ми како дојде тоа да ти од уназадена не да го добиеш старото место туку уште по платено. Кој те потурна и што доби тој за возврат?
    А дека ти не си најдобра призна и сама кога рече дека може да ти најде грешка и да те избрка, ако совесно ја работиш работата неможе да ти најде грешка. Сето тоа е ке бесе ок да ја завршеше приказната до делот кога те уназадиле, сите ке речевме браво си ја зачувала честа но со ова унапредување од чиста мира неколку скалила нанапред и као си сватила дека дечкоти не е за тебе и сето тоа во исто време.
    Ајде кажи ама поштено кој ти ги отвори очите и дали тој што ти ги отворил очите и те унапредил сега ти е дечко?
     
  12. shtiklala

    shtiklala Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8
    Прво мора да ти дадам забелешка дека многу некултурно комуницираш. Апсолутно немам намера да се докажувам, ама твојот пост е многу грубо насочен кон мене , навредлив и алудира на моите морални вредности. Претпоставувам дека не си вработена, барем не на некоја посериозна работа. Прво што и да работиш, еве и да не е на работа, да е дома, ручек да направиш, или во школо најубава псимена да направиш пак ако некој сака ќе ти најде грешка, може да го направи тоа. Исто така, не реков дека сум совршена, во секоја работа се прават и грешки помали или недај боже поголеми. Секој што работи може да ти каже дека прави грешки, фала богу досега некоја посериозна грешка не сум направила. Второ, информирај се за организационата структура во големите комании, јас не реков дека сум имала проблем со премиерот. Големите компании имаат различни нивоа на менаџмент, врвен менаџмент, среден менаџмент... управен одбор, надзорен одбор.... Трето, ако ти дадат најлесна работа на светот најмалку ќе научиш, ако ти дадат потешка, покомплицирана работа, во потешки работни услови, и ако си со желба и покрај се да ја сработиш успешно, на патот до успешно завршена работа верувај ќе научиш многу и ќе стекнеш многу големо искуство. Еве еден пример, ако си доктор и ако постојано лечиш настинки, само тоа ќе го знаеш, ако лечиш разни комплицирани и тешки болести и тоа како ќе научиш многу. И потоа ќе бидеш многу поконкурентен во однос на другите колеги. И да се вратив во старата зграда но во друг сектор, и тој што ми помогна случајно е жена, со која доста имав соработка додека бев на потешкото работно место, и која уводе дека таков профил на вработен и е потребен во нејзиниот сектор. И на крај , кажав дека ова траеше со години, така да не сфатив преку ноќ дека дечкото не е за мене, имаше период кога плачев по него, имаше периоди кога бев сингл и сега кога имам убава врска со дечко кој апсолутно нема никаква врска со мојата работа. Поздрав
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  13. shtiklala

    shtiklala Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8
    Само што ти го погледнав профилот, и кога ти ги видов годините, сфатив од каде толку плитки размислувања. Искрено ти посакувам да не се најдеш ни во слична ситуација како мене или останатите феминки кои имаа напишано за проблем на оваа тема.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Остави ги моите години и не мешај баби и жаби туку одговорими на моите едноставни прашања во погорниот мој пост. 2. Како тоа за унапредување има разни нивоа на управување и одлучување а за уназадување директорот бил „бог и батина“ што би рекле србите. Нели тие исти органи на кои се повикуваш за унапредувањето би можеле да ти помогнат и при уназадувањето доколку некој неправедно сака да те деградира? Велиш тој е на самиот врв по влијание во РМ а сега види чудо еден управен одбор или недај боже некое шефче ќе унапредува некоја, која тој сакал да ја „казни“. Те молам несекирајсе за моето работно искуство бидејки многу добро знам што зборувам, а ти некако како да се заплетка во спствената приказна, или така ми се чини? Инаку не сум се нафрлила на тебе ниту те навредувам ти самата ја истакна својата чеснос т.е ја потенцираше, а добро знаеме дека денес никој нема да ти го даде тебе без да има некаква корист кога може на тоа исто место да стави некој свој. Нели?
     
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Еј а кај ги наоѓате директориве? Во некои јаки фирми се главни или? Да си прашам за во кризни времиња и ако нешто се решам да кренам по тој пат.

    Летово на плажа имаше една девојка колку мене, над 20 години, со едно чиче. Поточно не беше чиче, тој беше дедо. Дедо! Па ја драпа лево за бутот, па за цицето десно и се разбира сето тоа пред свите, претстава ни правеа бе. Па дојдоа уште двајца мажи накај 30 години и така таа со сите тројца си уживкаше. Си имаа земено посебен кревет-лежалка голема, убавини.

    А девојката се знае, згодна и млада мислиш секој млад, убав и просперитетен маж може да го има. Ама не, таа се решила да го достигне врвот на полесниот пат. И погадниот.

    Ете една моја предрасуда. :worried:
     
    На Lolo5, tessie и juli-jana им се допаѓа ова.
  16. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    струмка што има врска кој и помогнал да напредува и како напредувала,може навистина таа жена помогнала а може и не,не е важно како било што било,проблемот е дека секоја од нас некогаш по несреќна околност може да се најде во ситуација да добие непристоен предлог од претпоставен што како и да е е многу невкусна работа што не е потикната од тоа како изгледаме и што парфем ставаме,ако некој морално е лабав и налетува на морално лабави работнички ќе сака да си проба и со некоја друга,јас ти итн што не реагираме на ова како морално истушените личности и работата е што тогаш и како понатаму на работа со таков претпоставен.јас најблиску до непристоен предлог што имам добиено од директор е дали сакаш да те извозам дома од работа,одбив и по околу 3месеци не ми го продолжи договорот за работа ама имаше и некои др.изговори за тоа иако и ова +беше еден од поводите.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. shtiklala

    shtiklala Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8
    Немам потреба тебе ништо да ти докажувам. Овде сите сме анонимни па така немаме потреба да лажеме, а мојот пост беше напишан да и дадам подршка на taya и на други феминки кои имале ваков проблем. Луѓето овде си ги кажуваат реалните проблеми а ти само напаѓаш без везе, да си била во слична ситуација и да си ја решила така едноставно па ај да ги сметаме твоите мислења за релевантни, вака некако ми личи како само напамет да збориш нешто...Исто така можам да забележам дека воопшто и не се движиш во деловниот свет и воопшто незнаеш како стојат работите.. И читај убаво, не сум напишала дека бил на врвот на РМ. Иначе успешните менаџери се успешни бидејќи имаат добар тим позади себе, така да си одбираат добар тим за да можат и тие самите да просперираат. Исто, кога си нов лесно можат да те деградираат, кога веќе ќе стекнеш знаење и искуство и тоа во деликатна област, на менаџерите си им потребен. Ќе научиш кај да е како стојат работите, еден ден кога ќе пораснеш и кога ќе стекнеш искуство во овие работи. И уште еднаш да ти кажам дека според мене, многу некултурно комуницираш и како да имаш потреба само да се истакнеш со некое мислење кое е било какво само да е поразлично од другите. Луѓето си имаат реални проблеми, и ако можеш да ги разбереш, да им дадеш подршка или да им помогнеш тоа е добредојдено а ако не не коментирај само из чиста мира колку да се направиш паметна. Никој овде не си измислува проблеми зашто му е досадно туку сака да сподели и да најде решение за вистински проблеми кои го мачат. И за крај коментирај дрско уште колку сакаш, јас со недораснати деца веќе нема да се докажувам.
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  18. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Ова е цитат од твојот пост каде го изнесуваш твојот случај цитирам „Мој дир дополнително, беше и моќник во државава, значи против него не се може, ни да го тужам, ни да се жалам“ затворен цитат. Зачи за да биде некој мокен во државата морал да биде поврзан и со политиката, барем во наши услови е така. Тоа е колку да те потсетам што си рекла.
    2, Велиш го напишав ова за да и дадам подршка на друга членка. И јас и давам апсолутна подршка не само на таа туку на сите да си ги бараат своите права и да си го заштитат своето достоинство а не да витакат кичма, но на еден поинаков начин, не со приказни од бајките јас бев чесна ме уназадија ама ме погледа бог и сега сум на уште поубаво место. Драга моја бајките се за деца ова е реален живот во кој или ке се бориш или ке играш по нивни правила.Значи од почетокот на моето учество во оваа тема застапувам еден став кој од прилика гласи: Дека нетреба да бидеме чувствителни и на секој поглед или комплимент да си даваме толку а значење дека ете он сака сексуално да не искористи, понекогаш и тие луге што се на позиција и имаат душа па сакаат на овој или оној начи да помогнат, или да бидат пријартели со вработените. Не гледам ништо лошо што ве поканил на вечера или ако ви дал комплимент.... Исто така и нашето однесување како што и претходо реков дека може да придонесе да дојде до некоја непристојна понуда. Со ова сакам да и одсговорам и на членката која пофторно го спомна парфемот. Или несакате или неможете да ја разберете поентата на моето излагање во тој дел а тоа е дека доколку ние сме пристојно облечени, пристојно се однесуваме секој би размислил 2 пати дали да не предложи непристоен предлог. А ворувајте ми денес жениве збеснаа одат полу голи на работа, со проѕирни кошули кои повеќе откриваат отколку што покриваат, со разголени рамења, куси здолништа. А потоа истите тие глумат морал, за кој морал зборуваме ако прслукот ти се гледа од километар или труеш на парфем како подвижна парфимерија.
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    За облеката ај донекаде да, но за изборот на парфем и колку ќе ставиш навистина не држи вода. Јас баш пријатно би се чувстувала доколку работам со луѓе од кои канцелариите убаво ќе ми мирисаат. Ствараат убава атмосфера и за работа и за соработка.

    И како ништо лошо нема во тоа директорот да те покани на вечера, а има лошо во ставање парфем? Малкуцка пијано ми делува паралелава...
     
    На Lolo5 и shtiklala им се допаѓа ова.
  20. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Токму во тоа е проблемот во убавото мирисање, она што за тебе е убаво за твојата колешка е одвратно затоа сите користиме различни парфеми, тоалетни води, дезодоранси. Затоа велам дека и парфемот е интимна работа и треба да го почувствува само оној кој ти ке го пуштиш во твојот интимен простор а тоа е радиус од 1метар околу секоја особа тоа се смета за интимен простор, и непристојно е доколку таа особа не ти е баш блиска да и навлегуваш во тој интимен простор при конверзација. Значи немора да земеш метро и да мериш, но нетреба тоа да биде многу блиску. Е сега да се вратам на темата со парфемот. Има и правила кои велат не се бањај со парфем! Туку стави доволно онолку колку што е потребно. Значи парфем не се става на облека, коса, интимни делови, под мишки.... Се нанесува на пулсирачката вена на вратот во близина на задниот дел на увото, и на пулсот над дланките но никако потоа нетреба да се тријат рацете, една од друга бидејки мирисот со тоа го загревате и го менуа својот првобитен мирис. Тоа е техниката и правилниот начин на нанесување на парфем и тоа само по едно шприцнување на сите овие 4 места. За се има правила на пристојно однесување а не тоа што ти сакаш. Јас на пр сакам сите на работа да бидеме голи, и така ќе имаме по опуштена атмосера ама тоа е спротивно а неко правила и норми. Така да треба човек а посебно жена да биде пристојна во секој сегмент од животот и ке може да ги избегне тие непристојни предлози.