1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Понуда за секс од директорот

Дискусија во 'На работното место' започната од taya, 25 март 2013.

  1. RobertGj

    RobertGj Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    ako e direktorka zosto da ne mozebi ke dobijam i pokacuvanje :emo:
     
  2. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Уффф, леле мори мајко мила,
    јас до сега не знаев како се употребува парфем :lol: :lol: :lol:
    Леле мале, ако не беше форумов , :D :D :D . ЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦ
    Што се нема човек да се изначита :puke: ...
     
    На Lolo5 и bibush им се допаѓа ова.
  3. bibush

    bibush Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Да не ставаме многу парфем и да се облекуваме пристојно и така ќе ги избегнеме непристојните предлози, како што разбрав ова било лекот.:)
    Но, многу мажи баш пристојноста ги привлекува. На многу мажи повеќе им се допаѓаат фини дотерани пристојни девојки/жени наспроти жени кои имаат провокативен и нападен стил.
    Во арапските земји каде што жените се покриени од глава до петици, сепак на некој маж очите можат да му бидат заводливи, исто во некои муслимански земји и женскиот глас се смета за заводлив. Како да го решиме ова, да шепотиме, или и на очите да ставиме фереџе? Или да не постоиме?
    Тажно е кога жена обвинува жени кои биле малтретирани/ставени во инфериорна позиција само затоа што се жени!
     
    На Lolo5, Glasna, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    И ова е често точно. Сигурно им даваат впечаток на некои со кои не би си имале проблеми, а попровокативниве на прв поглед демек делуваат поопасни, „како ќе излезам на крај со оваа“ типови.
    Така што нема правило и се` додека ние жените, сами меѓу себе си се обвинуваме за неумесноста и психопатското кај директорите кои не можат на друг начин да фатат женска, па мора да уценуваат со работно место, ќе бидеме далеку од рамноправни со мажите. Значи не велам дека и меѓу жените нема такви што знаат добро да изманипулираат, но парфемите и облеката која не е мантија од 14 век да се причина и оправдување за директорите ми е смешно.
     
    На Lolo5, WarriorAngel и mimiiiii им се допаѓа ова.
  5. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Абе која гардероба и парфеми, кои бакрачи :D
    Многу ми се смешни некои коментари.
    Абе со очи и со говор на тело провоцира оној што провоцира.
    Ми текна на филмот , е сега името му го заборавив, да му се сневиди,
    турскиот бе, Лисја , есента, така некако, мозокот ми се блокира, ако се сети некој нека ме дополни,
    фолмот со Феркунде, со Али риза.

    Е во овој филм , што му направи Неџла на овј Џим ли се викаше, примерното богато момче со кое втор пат се омажи?
    Типкава верена, зеде ке бега со Огус, пасош спреми, се, после татко и ја испади од дома,...
    и детево пак почна по неа да трча, и со родителите си ги влоши односите( а тие на почеток убаво ја прифатија, првиот пат кога се вери со син и).
    Е таа Неџла со гардероба ли го смота и со парфеми детево?
    Која глупост ја направи и детево се и опрости.
    И после него , за кратко време го заведе и пратнерот од работа, па и со него се ожени , гајле си немаше; според мене тоа само со говор на тело и со очи го правеше;после и него го остави.

    А кутра Феркунде, колку беше заљубена во (му го заборавив и на овој името) синот на Али Риза, и она беше лоша. Она сакаше само семејство да има, остави и работа и се за мажот и, нејзиниот однос и со г-дин Јаман и со сите беше контролиран,она знаеше што сака, она нели као божем попровокативна беше , као пооткачена ја сметаа.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    ^^^

    Еј. Шо е бе ова?

    И ја на таа Ферхунде ќе и барам :lol: Па шо :lol:

    А добра е? Таа Ферхунде. Да не е тоа бабата у серијата а? |(
     
    На bibush му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Уф, премногу влеговте во филм турски серии, па во арапските земји било вака, било онака. А заборавате дека таму летаат глави за неверство и непристојно однесување кон туга жена. Значи вака во никој случај и со никакво однесување неможете да спречите да некому му се допаднете и да ви понуди да излезете итн, па макар тоа бил и директорот. Но со провокативното однесување им давате дополнителен повод да ве сметаат за лесна девојка и дека може со вас да постапуваат на соодветен начин како со лесни жени. Не сте ми јасни во едно велите дек вие немора да запазувате дрес кодс за облекување и пристојно однесување на работа, дури ако сакате и голи ќе шетате тие несмеат да имаат блудни мисли кон вас и да ве третираат како сексуални објекти. Тоа нема никаква логика и е далеку од умот.
    Ако сакате да го зачувате својот личен интегритет ќе мора и соодветно да се однесувате и да повнимавате на говорот на телото во спротивно бидете подготвени на секаков вид на понуди. Според мене нема ништо спорно ако директорот или шефот ве поканат на кафе, ручек па и викенд надор од градот, одлуката е на вас дали ке прифатите или не. Проблемот настанува доколку одбиете а тој тоа да го злоупотреби против вас да ве деградира отпушти од работа..... Се доколку понудите се без тие уцени и санкции според мене сето тоа е нормално без оглед што тој е раководно лице тој е пред се човек и тој може да се вљуби како и секој друг маж. Искрено нас бог ни дал една вештина која доколку правилно ја користиме може да ни донесе големи привилегии, тие луге не секогаш бараат секс, туку едноставно бараат малку внемани и некој да ги сослуша. Исто така и при одбивањето на такви понуди треба да се биде пристојна и без понатамошно трубење и врескање и додавање на значење дека ете мене ми се пушта директорот. Сето тоа треа да биде дискретно без голема помпа и без никака агресија од ваша страна. Бидејки доколку се обидете да го понижите сигрно ке следи одмазда и санкции, бидејки сепак тоа е човечки да се штити човек самиот себеси.
     
  8. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Да,да бабата е. Ке и се пуштиш :D ?Ако си машко значи не бираш старо младо, ако си женско па не ти е баш најдобар изборот .

    *
    А што е битно дали се зема пример од турски серии или амерички сапуници, или од неизживеан живот :D .
    Ке си давам пример какви што сакам.
     
    На Lolo5, tinan, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Да не збориме дека повеќето од нив се правени врз база на животни настани и приказни...

    Колку приказни овде се имам изначитано шо сигурно им е испод част и на турските режисери да ги обработуваат па се извор на примери...нема потреба од такви препукувања.

    А инаку до некаде се сложувам со Струмка сем во делот дека ако директорот те покани на вечера или викенд насамо не е ништо страшно, а страшно е ако прифатиш. И тој што дава и тој што прифаќа ваква понуда е пред се` непрофесионален, па после се` друго.
     
    На Lolo5, Glasna и Gocaa им се допаѓа ова.
  10. bibush

    bibush Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Strumka 22, Па токму за такви случаи овде правиме муабет, а ти ги напаѓаш цело време феминките кои кажуваат токму за ваков проблем.

    цитат "Предходно бев најпаметната жена што ја сретнал, а сега почна да се натпреварува со мене да се чатали, да ми покаже колку го бива, дека е подобар од мене, да ме омаловажува, за секоја грешка јас сум крива, за секој успех е он заслужен и сл. "

    цитат "Играше тактички, прво беше многу фин со мене, па јас бев многу интелигентна и способна, се додека еден ден он немаше време да ми објасни нешто за работните задачи па предложи да разговараме за тоа на вечера, секако одбив фино културно. Ама после имаше смси и замарања, кои според него биле сосема ок и во граници на деловното, а јас погрешно сум ги сфаќала. Стигнав до малтретирања секакви, после тоа цело време јас нешто не разбирав, не работев како што треба и сл... потоа следеше префрлање на др раб место со катастрофални услови..."

    Мисењата на Strumka22 наспроти мислењата на феминките кои кажуваат за некое нивно конкретно искуство можам да ги споредам со теорија и практика. Strumka кажува теоретски како треба нештата да бидат, но треба да се има предвид дека тука од искуство пишуваат девојки/жени со образование, кариера, фамилии... кои одат на работа за да заработат плата, да градат кариера, да валоризираат диплома, да гледаат деца, фамилија и многу добро знаат или барем многу подобро од оние кои не го прават тоа во пракса туку само теоретски, како треба да се однесуваат, облекуваат, комуницираат на работното место.
     
    На Lolo5 и Gocaa им се допаѓа ова.
  11. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Иххх, како ме потсети на жив пример од судење.
    Се надевам дека ова не е офф.
    Као излегле на вечера онака неформална, после тоа тој ја испраќа до дома, па она го поканува на кафе, па два- три пољупци, типов зе загреал, па малку пострасни пољупци, ова го доведува типот во вжештена фаза и одеднаш, прекинува, почнува да се отима , типов изненаден, таа па јас не мислев до толку далеку да одиме, па ова она, типов ја силувал.
    Таа повредена на суд го дава, арно ама ја губи парницата.
    Се докажува дека она примерно си била облечена, ко америчките адвокатки, сукња, сако со блузица, арно ама, си прифатила покана, го поканила на кафе горе, касно навечер, прифатила пољупци анд сач а тингс,... ке речеме не мора да се продолжи нели, па не се тинејџери, возрасни вработени луѓе, криенка ке си играат,... типкава и оштета си платила. ( на суд се поставуваат и други прашања кои невкусно е овде да ги пишувам се разбира)

    Така да ако некој има на ум да си прифака покани за вечера, неформални, нека си внимава, да не си ја испразни заштедата непотребно по судови.

    Направив мини анкета за овој случај со мои другари, братучеди, што мислат за силувањето, сите рекоа не капа и кројам, никој со зорт не ја терал ни на вечера, ни горе да го кани, ... да не била малолетна, што си мисли ќе се лапам цела вечер.

    п.с.

    ова е само пренесен случај и моја лична анкета, да се разбереме, да не после некој ми се закачи дека сум го одобрила силувањето, јас само приказни си раскажувам ;)
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  12. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Кој не веруе у турски серии дека се правени на база на животни настани :D ?
    Вечерва во серијата (абе се тоа називите и ги заборавам |-) , со овој министерот )
    еве ви пример со Ајше новинарката; и она така неформално на вечера со директорот,
    де он најбоља си( се како што bibush опиша, да не се повторувам) , де договор потпишуе со нејзини услови, и ко го потпиша договорот ко и го спушти
    со ЦД со компромитирачка содржина, ...ај сега нека се чеша кај што не ја јаде :?: .
    Ова ти беше типичен пример на уцена.
    А, да ке заборавев и директорот и се пушташе дека она “многу провокативно се облекуваше ;) „ и оти не ги прочитала правилата за употреба на парфемот, па го здивеала со секси парфем :lol: .
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  13. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Не е бабата, млада е, без гајле. Ама многу пари троши на облека.
    А Неџла е поубава кога веќе се распрашуваш.

    :D

    Темава :x :|
     
    На Lolo5 и tinan им се допаѓа ова.
  14. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    ^^^

    Ете,.. Неџла нека прати CV и после ке и барам :rofl: :rofl: :rofl:

    Ај да не забегуем и јас од темата.
    Тој што си е ш*пак и у приватен живот, тои и ќе ја злоупотребува позицијата на работа.
    Работата е што за да се добие раководна функција, кај нас, една од потребните/пожелните карактеристики е низок интегритет. Таквиот раководен кадар знае дека не е доволно компетентен за позицијата што ја извршува и главна употребна вредност му е спроведување на одлуки од повисокиот менаџмент без приговор без разлика дали при тоа се кршат законски прописи (а за морални норми и да не зборувам).

    Ваков профил ќе се набацува на колешки и ќе ги мобира без разлика дали носеле кратки или долги сукњи, дали употребуваат кармин и парфем, дали се бањати или не, нив тоа НЕ ИМ Е ВАЖНО.

    Ако директорот ви се исправи со непристоен предлог, ако не сакате, едноставно кажете НЕ и справувајте си се со ситуацијата. Личности со ИНТЕГРИТЕТ знаат дека од време на време тој е на тест, па дури и на ваков начин.
     
    На Lolo5, tessie и bibush им се допаѓа ова.
  15. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Неџла не е баш од тие ЦВ што прака, другарче :lol: . Можда ќе ти прати ако имаш две три фирми :cash:.

    *
    By the way анализата ти е баш на место! Се гледа дека не си претставник на понежниот пол :rofl:.

    Се однсува на поголеми корпорации, кои малку се во МК, колку јас што знам.
    Збориш за Т-мобиле, можда Ст. банка, Алкалоид , но таму (во Алк.) се поголем процент жени на власт :D , така да уцените се од друга природа.
    И сметам дека персоналот кој таму работи (мислам на женскиот) има добар њух за овакви работи оддалеку и одбранбениот механизам е на ниво.

    Не велам дека е исклучено некоја “ исклучителна ситуација“ , но не во изнудена форма, можда у
    синергија, па што возрасни луѓе се ( не како онаа горе од приказнава, ем и иска ем и стиска, па после ја силувале, епа ,... кој и е крив).

    Мене ми се чини дека овде стануваше збор за “новкомпонирана“ каста на “газди“ и “газдиња“ со два-три синџири околу врат што тежат 5 кг., со по 1 тон обавезно скапи парфеми од Фри шоп, набавен на враќање од викенд во Грчка поминат во ефтина вила со ???????? се знае со кој, не мора толку апла да пишувам, на која и купил фалисификуван долни веш од Виктоија Сикрет, со кој таа ќе се фали пред дечкото дека и е поклон од другарката од Англија која работи во НВО, каде била на прескапа обука
    што и ја платиле од НВО-то бидејќи била многу “паметна“.

    А после сметките од долен веш ќе и ги даде на книговодителката да ги искнижи ко материјален трошок во Грција, оти ако дојде инспекција нема да познае што е, бидејќи фискалната е на грчки.
    А оваа кутра ко ќе види дека дал 200 ЕУР за свилени гаќи, цело шише дијазепам ќе испие бидејќи она цел месец работи за 200еур.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.