Јас прекутувам. Знам дека сум у право, ама не се конфронтирам. Го кажувам еднаш ставот и ако не ми го прифаќаат, не се трудам понатаму. Оти денеска уѓето мислат дека се паматни ако имаат свој различен став. Не знаат дека можат да бидат паметни и ако се согласуваат со нечиј став. Би се конфронтирале и дали е жолта или зелена бојата, само за да се конфронтираат. Е тие луѓе, се со грешка некоја. Јас на тие им преќутувам. Не верувам дека сум попаметна, ама верувам дека од некој што од чиста мира се спротивствува, без да ги согледа фактите, нема што да научам.
Ако си оној попаметниот што попушта ке те знаат за таков и секогаш ке те газат и искористуваат јас попуштам само кога стварно гледам дека треба да биде така.
Попаметниот не попушта, туку одлучува да отстапи бидејќи знае дека со будали, прости и глупави не се излегува на крај. Па зошто да си го троши своето време докажувајќи му нешто на игнорантниот што тој никогаш нема да го сфати.
Ако е паметен нема да попушти. Но од друга страна пак, ако си има работа со некој кој ништо не сфаќа тогаш треба да е паметен за да сфати дека ниту има смисла да продолжи ниту пак вреди. Така да, јас не можам да се согласам дека попаметниот попушта, некогаш послабиот е тој што попушта.
Ако видите дека некој едноставно не разбира, подобро не се докажувајте, игнорирајте и не се замарајте. Но, сепак останете си на својот став!