:y: :y: :y: инаку јас никогаш не попуштам ( само еднаш во животот имам попуштено и тоа од една причина бидејки девојчето имаше здравствени проблеми) секогаш кога знам дека сум во право одам до крај и секогаш искрено му кажувам на секој што ми смета кај него и секако ми носи тоа негативни последици (ретко некој сфаќа што сакам да му кажам) ама не ми е битно кога и да е сфаќаат што сакав да му кажам и гледаат дека направиле грешка(откако сите ќе го видат тоа што јас го гледав и ќе ги напуштат) ама касно му е ... кога се будали
ретко попуштам секогаш си терам инст до крај и да не сум у право за нешто ќе најдам начин да докажам дека и тоа јас што го зборам е така а точо е тоа тека попаметниот попушта ама нервно
секогаш се инатам и кога сум во право и кога не сум кога сум во право знам до крајност да одам и не попуштам ни нервно ни никакво, ама кога знам дека не сум во право прво се инатам многу многу, и потоа ја кажувам приказната " добро ајдеееееее, во право си .. сепак да знаеш попаметниот попушта "
незнам како постојат такви луѓе со такви размислувања,се згрозувам.секогаш попуштам не зошто сум попаметна,затоа што верувам дека после тоа ќе се смене нешто,можам да водам инает ама на крај попуштам,а за аргументи секогаш имам ама некогаш сметам дека не е потребно да си ја замарам мојата душа и психа и затоа сум помирна кога попуштам,порелаксирана,и тогаш сум победник зошто другата особа со аргументи е поразена само поради мојата смиреност и незамарање.....во овој случај јас испаѓам попаметната
Или ќе го убедам некој да е по мое или секој со своето. Индивидуалец сум не сакам никој да ми се меша и не сакам на никој да му се мешам. Попуштам само ако имам придобивка или за да одбегнам расправија...
Се молат паметните да не попуштаат веќе,ситуацијата станува алармантна! Шала на страна,не попуштам никогаш ако знам дека сум 100% во право,нема да се трудам да му го променам мислењето на соговорникот но ќе му докажам дека моето тврдење е точно.Зошто би дозволила некој кој е само упорен и има вишок време да се инаети да си мисли дека знае повеќе од мене.Но сепак,кога ќе кажам нешто,и некој го побие моето мислење,тогаш доколку не ми е проверена информацијата на темата за која се зборува а и не сум сигурна,си кажувам дека можно е да сум грешка и да не ме земаат за збор
Да попушта затоа будалите владеат со светот Е од сега никому не попуштам треба да го заслужат тоа Се разлути озбилна не личи на неа... но сега ќе им одржам лекција и тоа добра лекција
...Да испочитувам и ислушам некој да,ако грешам да се извинам -пеки,ама ако сум сигурна во тоа што го зборувам ,имам факти и аргументи кои се непобитни,едноставно знам дека сум во право и Св Петар да се симне нема да ме убеди во спротивното и точка! А додуша во некои ситуации со одредени личности е и многу одвишно да кажеш било што,а камоли да го убедуваш во она што навистина е така.Затоа таквите само ги оставам да живеат во своите заблуди и ич не ми чуе(се извинувам за изразов)
според мене попаметниот не попушта, ако е паметен ке го искористи главчето и ке успее со аргументи, факти, докази да докаже што е вистината.. никогаш не сум се водела по ова правило попаметниот попушта и затоа многу мислат дека сум многу тврдоглава девојка (не дека не сум ) тоа попаметниот попушта е измислица на некои помалку паметни луѓе кои не сакаат да дебатираат со паметни и интелегетни луѓе и си се вадат со тоа.. демек јас сум попаметен и ке ти попуштам..
Важам за многу тврдоглава личност, ептен своеглава и непопустлива! Секогаш кога ќе се најдам во ситуација на ,,контрење,, спротиставување, настојувам да си го докажам мојот став! Не сум научила да попуштам, особено кога сум убедена дека сум во право! Но има луѓе со кои не може да се разбере човек, така да возможно е да го прекинам мубаетот, проблемот, ситуацијата ама тоа не значи дека го прифаќам туѓиот став со кој претходно не сум се сложувала! Најчесто таквите дискусии на докажување ги завршувам со муабетот ,,Очиглдно имаме различни ставови и искуства,така да тешко дека ќе се разбереме,, и крај! Понекогаш сакам да бидам пофлексибилна, да попуштам повеќе ама тешко ми оди! Не сум ,,паметна што пупушта,, и многумина ми замериле на тоа
Па донекаде е вистина. Мала варијација - помалку инаетливиот попушта Јас лично мразам да се инаетам и многу ме уморува некого да разубедувам или убедувам во нешто. Затоа ако некој не знае да ме убеди во нешто што е спротивно со моето мислење, секако, со помош на силни аргументи, не се карам, туку оставам така. Колку е краток животот па уште на нервози и кавги да го трошиме... А попаметните секако попуштаат. Затоа со светот владеат глупаци
Ретко кога успевам да попуштам. Многу сум тврдоглава и сакам се да биде по мое. Владее јарецот во мене
Ако е некоја мала работа остави не се грижи за џабе, бидејќи ако се расправаш со идиот прво ќе те спуште на негово ниво,а потоа ќе те победи со искуство ама ако е нешто посериозно и ако навистина не можеш веќе да ја поднесеш плесни и се в лице пред сите, да не и текне уште еднаш,а не вака да се нервираш и за мали работи.
Ептен си во право. Кога знам и сигрна сум дека сум во право не попуштам се спротиставувам си го бранам своето мислење до крај, додека не им докажам
Зошто ѕидот се срушил кога на него се потпрела плавуша? Па попаметниот попушта! Се шегувам. Значи, јас сум тврдоглава и тежок инает, така да никогаш не попуштам. дури и кога не сум во право, ако почнам за нешто да с еубдеувам со некого терам до крај. Е тогаш, попаметниот(другиот) попушта бидејки знае дека со мене на крај не се излегува и за да не завршиме скарани тој/таа попушта. Така да, не знам што да речам, ова моево ептен не чини знам, ама таков ми е карактерот. А ти, Анфаитфул немој бе за такви да се нервираш. Не знам во каква кавга сте, ама за провоцирања на фб ич да не се замараш. Ако влезеш во директен конфликт, кажи и све во лице и батали ја. И јас до лани имав една таква школска, која ептен се филмаше, ама ја истрпев, другарка ми беше, сега веќе не знам од кога ја немам видено. Џабе ќе немав едно здраво на улица, а успеав да се додружам до крај.