во последно време ме нервира кога некој ќе каже.. -Ај, попаметен сум ќе попуштам. Не сакаат да подадат рака кога не се во право, немаат зборови да продолжат, и што друго им преостанува освен познатиот изговор... Ја подавам рака кога не сум во право, ама да се класифицирам како попаметна и помудра, не. Секој со својот став, може не ни се поклопуваат мислењата ама тоа не ме прави попаметна. Е, па веќе кога никако не сака да признае, велам, добро така мислиш, јас си останувам на моето, не успеа да ме предомислиш... И јас сум тежок инат, терам до крај, ама само кога сум убедена дека сум во право. Ако, не, разубеди ме.
попаметнио попушта го слушам во секоја кавга со брат ми од страна на мајка ми но во кавга со некоја "другарка" можам да заброавам дека сум попаметна
Затоа будалите го владеат светов. Ја не попуштам, ретко кога т.е. ако ептееееен глеам дека некој ме спушта до неговото ниво и преоѓа во расправање, ептен ретко :/
Искрено, коа како. Не сакам да ја преминам границата, нејќам да се глупирам за некои сосем небитни луѓе! Али па нејќам ни они да бидат у право, знам доста долго да држам инат. Али ај.. детска радост, нека се порадуваат малце.
Попаметниот попушта, па затоа глупавите владеат со светот! Инаку кога сум во право ни за жива глава не попуштам!
Кога сум во право не попуштам, па што сака нека биде. Многу сум тврдоглава и инаетлива, и не попуштам лесно. Избегнувам да провоцирам и прва да започнувам кавга. За небитни работи ми се случило и да попуштам, чисто за да не си ги губам нервите за нешто што не вреди. Инаку, ако сум во право, кажувам се во лице, па дури и да изгледа дрско и арогантно, но таква сум била отсекогаш. Ептен се согласувам со онаа изрека: Попаметниот попушта, и затоа будалите владеат со светов.
Обично попуштам доколку станува збор за работа која не ми е битна од причина што немам желба да се расправам. Доколку нешто ми е важно, а попуштам (од иста причина што не сакам да се расправам) преќутувам и собирам во мене, но кога ќе експлодирам наплаќам за се што сум трпела!!!
... Ама нервно ?!? баш на фб имаше таква една група. Попуштам, да бидејќи обично и немам ни време за губење, нити пак живци за кинење за луѓе на кои не можам да им објаснувам работи, кои знам дека едноставно и да им ги нацртам на лист хартија со стрелки и фломастерчиња во разни бои само и само да им се впечатливи за очичките им да можат да ги заприметат и научат... секако, нема да успеам да им го всадам тоа во главата. Па, наместо да си го трошам времето е така е, е не е така е вака е, обично ги чекам моите пет минути, кога самите ќе си легнат на брашното за истото она за што сме збореле, и тоа е секогаш непланирано, неосмислено, не е некоја стратегија, што ме држела будна дур сум планирала „како да го изгорам противникот“, ама е ум си имам за памтење и прибирање секакви информации и податоци па се вклучува он милиот секогаш у секундата на помош. Пример една ситуација, ај објасни им на другарките ти средношколки со кои учите во средно училиште и при тоа правен смер дека постои збор АМНЕСТИЈА, кога три те убедуваат дека не постои, дека си се помешала со зборот амнезија, ама да тоа не го учевме одма во прва година хахаха. Тоа е тоа. just chill остави ги сами да си ги увидат глупостите. Така е послатко ем не си се покажал ко злобно одмаздољубиво к*пЕле (бугарите така ги викаат копучињата )
па зависи ако сум во право цврсто стојам на мојот став(инаетлива сум) но кога ми докажуваат дека не сум во право попушкам но тоа мнооогу ретко па така сум си
Баш со другарка го правевме муабетов, и и реков - абе ако некој нема капацитет да види дека тревата е зелена, а ми го врти муабетот ко киша око Крагујевца, нема да го научам сега јас да прогледа ко што треба, имала јас аргументи или не, џабе е. Учителка не сум, и немам живци да убедувам некој на кој толку му сече, народски кажано, па нема попаметна работа од инаетење по секоја цена а не гледа подалеку од носот како стојат работите Кој има интерес за конструктивно убедување со мене, бујрум, кој нема, го ставам на игнор и нека си се инаети сам со себеси. Јас еден живот имам и си се ценам доволно како личност за да си дозволам да влезам во конфронтација со некој кој едноставно - не ме инспирира ни за пазарски муабет, не пак за квалитетна дебата А си стојам на претходното, да, попаметниот попушта, затоа две - три овчари имаме што не владат
Попаметниот попушта.. ДА со психата, ДА со нервите, Да со самодовербата(?).. ДА-гласаме за избори! Упс, он-топик Кога попушташ значи си паметен,а ако си паметен значи тоа што го збориш е точно.. сума сумарум:Оној што попушта е во право Чао, Адио, Аливидерчи. Да-за избори.. Ние паметните им попуштаме на будалите да владеат со државата..Да за будалите
Попаметниот попушта, магарето рика. Не важи оваа старава кај мене. Не попуштам, не повеќе. Сфатив што и како функционира, што немам нерви и сила да попуштам и уште да го трпам тоа перчење за кој е победник, а кој не. Ако треба ќе оправам со часови, ама доколку сум сигурна дека сум во право, ни под нула разно нема да дозволам дискусијата да заврши без да докажам кој е во грешка.
попаметниот попушта,да,ама затоа му се качуваат на глава.. не сакам да се карам,ако гледам дека нема разбирачка со некого,-добро така е како ти викаш,ај чао мегутоа ако некој претерува е тогаш мора детално да се образложи се од а до ш.... попуштам најмногу на домашните и тие најмногу ми се качуват на глава..дека три генерации сме дома,повеке луге и кавгите сакал нејкел се неминовност.попуштам за да има мир у кука,ама попуштај попуштај,ми се качуваат на глава и кога ке ми пукне филмот викам е тогаш јас сум лошата,зашо сум викала треба значи да трпам и кутам јас и да ги оставам да ми скакаат на глава.. уфф колку ми недостига времето ко си живеев сама..ке мора да се бара некое чаре..
Попаметниот попушта-нервно. Не попуштам и не сакам да ми попуштаат, енд оф стори. Можеби поради тоа непопуштање сум на ова дериџе али неможам поинаку таква сум.