Попаметниот попушта..Со нервите! Никогаш ама никогаш не попуштам.Жив инат сум и нешто кога ќе смислам дур не биде по мое-не се откажувам.
Порано во детските, тинејџерските години бев многу голем инает, за жива глава не попуштав, дури и ако знаев дека не сум право си ја терав "својата вистина" до крај, не дај боже да попуштам, тоа го сметав како личен пораз Според мое видување со текот на годините очекувано е тој инает да се скроти или барем да се потисне, да не биде толку очигледен. Сега не попуштам ако навистина сум во право, а да се инаетам знаејќи дека не сум право, немам нерви
Ух кога знам дека сум во право тешко попуштам и на крај па уште кога ќе искочи по мое е тука се мераците
Зависи од ситуацијата.Ако сум длабоко уверена дека сум во право не попуштам во никој случај.Ако се работи за глупост за нешто што ниту добивам ниту губам тогаш попуштам поради тоа што нема корист од инатење и губење живци
е да бе попаметниот попушта и затоа будалите владеат со светот. е нема не попуштам мора да си истерам на мое посебно кога сум убедена дека сум во право ( а секогаш сум )
Паметниот попушта веќе кога не може навистина, е на работ да пукни, не може да се справи со будалиот. Не попуштам често, само кога сум на работ на нервите, и веќе некој долго ми го масира мозокот и ме мрзи да зборувам
Попаметниот попушта, не викаат старите бадијала.... Со тоа паметниот попушта се правиш како да не ти е грижа и ставаш се на игнор. Па дури и во ситуација кога се распаваш со тотални идиотски будали попушти, ако сега си ги кинеме нервите, за понатаму што ни останува
Не попуштам бре и точка. Посебно па не на некоја будала. Како што кажа една феминка погоре, жив инает сум
Зависи кога како. Зависи до ситуацијата, личноста и сл. Ако е озбилна работата не попуштам и точка, а ако е нешто безвеза ајде нека се радуваат
Не не, фразата не знам зошто не гласела: ‘Инаетливиот не попушта‘ Не мора да е глуп или помалку интелегентен од оној попустливиот.
Значи, ако сум во право да попуштам нема шанси ! А ако не сум во право нема ни да влегувам во расправија или нешто слично ако се работи за вербална расправија независно од причината која довела до тоа. Некогаш е подобро и да се преќути бидејќи има ситуации кога е бесцелно да објаснуваш докажуваш и слично кога другата страна е на пониско ниво од тебе (во смисла на култура понашање и интелегенција) така да според мене тоа е онај дел во кој попаметниот попушта. А се разбира свој удел зема и тоа колку човекот е инаетчија ( јас лично сум голем инат) така да многу се мали шансите да попуштам.
Како поминуваат годините се помалку ми е важно да му докажам на некој небитен лик нешто. Порано бев подготвена да ги бранам моите ставови, изградени врз факти и со аргументи, со сите оружја Сега ама навистина на прсти можам да избројам луѓе кои ми се толку важни за да се убедувам со нив. За другите, кажувам што имам, ако има нормална дискусија може и да продолжам, ако некој почне да се пени и да напнува, испраќам поглед „остави будалу нек се радује“ и баталувам. И она што е чудно, има ликови кои ова уште повеќе ги нервира Значи, никако да им погодиш на луѓево бе.
Зависи до ситуацијата и до личноста. Ако се работи за некоја блиска другарка, член на фамилија - ако тоа нешто го прави среќен ќе попуштам. Но ако ситуацијата е за мој опстанок, не попуштам. Не е важно дали човек е паметен или глуп, знае или не знае, инаетлив или не , ако се работи за него, нема да попушти.
Мене ако ми се смачи од караницата попуштам, односно ако некој ми збори едно исто 20 пати ќе ми дојде преку глава и попуштам. По негово нека е само нека ќути Инаку не сум човек кој лесно се дава. Ќе се држам до моето И ТОЧКА.
Порано многу попуштав и не ми беше грижа за ништо..пушти ќе помине ама сеа некако мн тврдоглава станав..не попуштам за ништо..