Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Попаметниот попушта?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 11 април 2010.

  1. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Попаметниот попушта, ама со нервите :D :rofl:
     
    На elcezelce и NoellePage им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кај нас дома отсекогаш важело правилото „постариот попушта“, па и до ден денес, јас како поголема и попуштам на сестра ми која е малку повеќе разгалена.
    Во почетокот тоа ме нервираше, кога јас бев во прво а морав да попуштам, ама ете свикнав :)
     
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Јас со нервите попуштам, за тие од другата страна што се „караат“ со мене, не знам.
    Дискутирам и се карам, доколку за некое прашање сум во право. И секако дека ако сум, не планирам да попуштам. Стојам до моето цврсто, и треба многу аргументи за да ми го побиете ставот.
    Некогаш и не попуштам, затоа што тоа ми е во наравот. И тој некој инаетџиски став примен од мојот хороскопски знак јарец, не дава брате ни за жива глава да попуштам. Тежок човек сум во дискусија, но само ако соговорникот нема што да понуди, и неговите ставови се плитки, и не контрираат онака како што треба. Ете така. :)
     
  4. LuckyStar

    LuckyStar Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    23
    :!: Попаметниот попушта па затоа глупавите владеат со светот ..
     
    На Princess.S и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  5. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    За незначајни, банални работи ке попуштам, секако. Ама ако е во прашање нешто од кое мене ми зависи битна работа, нема тука попуштање.
     
  6. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Попаметниот попушта,но со живците ...
    Зависи од ситуација но многу сум тврдоглава и ретко попуштам ;)
     
  7. Svetilka

    Svetilka Нов член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    15
    Јас не сум конфликтна личност иако несакам секогаш на крајот јас попуштам, иако го задржувам својот став но никогаш не одам до таму, да настојувам да ги убедам лугето дека мојот став е исправен па макар и по цена на инцидент.
     
  8. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    да да попаметниот попушта -нервно
     
  9. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Незнам дали сум памтна или не... ама јас никогаш не попуштам! :$ :) Дури и кога се расправам со будали - непопуштам! Секако зависи до ситуацијата, но најчесто е вака :lol:
     
  10. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Не попуштам никако, голем инаетчија сум. :wasntme: Тоа е можеби затоа што во семејството сум најмала и најмногу разлигавена(секогаш се попушта на мене). :lol: Добро има и ситуации кога не сакам и не можам да се инатам, па остава другите да си мислат дека се во право. :)
     
  11. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Многу попуштам,но не се чувствувам паметно.Напротив, понекогаш се чувствувам мизерно.
     
  12. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Се трудам да не попуштам доколку сум во право ама сакал,не сакал со будалиот не можеш на крај да излезеш! :!: И на крај ти ќе се нервираш (иако знаеш колку имаш право во целата ситуација),не сакаш да паѓаш на ниво како неговото,а таквите уште задоволни `ее не може тој/таа така со мене,со мене никој на крај не излегол,затоа не знаеше што да рече после тоа што го кажав( |( )` а уствари само глупости тресел,со ниски муабети.Ама дека си будала не може да излезат на крај со тебе,а не дека си кажал нешто паметно.Паметниот да не се спушта на твое ниво замолчел,а не дека нема што да ти рече.Ама ваквите луѓе тоа никогаш не можата да го сватат,за жал.
     
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Попаметниот знае кога да попушти, а кога да тера до крај...
     
    На Lola-M му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Типично шкорпионски нели? :)
     
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ах многу често среќеавам личности кои сакаат да се докажуваат, а реално да се инаетам и да се докажувам на некој што не сфаќа не сакам, и не можам, затоа игнорирам или ќе кажам ок е така е. Животов има многу побитни работи на кои треба да трошам енергија, отколку на своеглавци и ограничени, сезнајковци, кои немаат ни доволно аргументи или пак оние кои си се опозитни на самите себе, и мислењете ќе го сменат со светлосна брзина, ама не кон вистината кон некое сосемо трето размислување ми се смешни и патетични. Тоа ми е исто кога татко ми ќе ми кажува како е во Шведска а кутриот врска нема што е Шведска и како функционира. И што треба да му цртам црно на бело? Ма го оставам нека си го потхрани егото нека мисли дека знае се и е најпаметен, јас си продолжувам да си го правам совето.. оти живеам во вистината не во измислени ситуации, или пак заглавена меѓу сезнајковци. Доколку приметам во некоа дискусија сум погрешила, и навистина постои личност која навистина си ја има основата ќе му подадам рака и ќе научам нешто..
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Зависи од ситуацијата и колку таа е бесмислена.
    Точно знам кога да кренам раце, односно да попуштам, а кога да терам до крај и да се борам.
    Џабе да трошам време и нерви на некој што упорно цупка во место и се обидува да изнесе аргументи кои многу лесно можат да се побијат и пак одново. Или да збори нешто што нема благе везе со тезата на која се расправа. За таквите јас викам дека се глупи и дека нема да се расправам со нив затоашто ќе ме спуштат на нивно ниво и после чисто од пракса ќе ме растурат.
    Додека со другиот тип на луѓе кои само инат тераат и имаат нешто во главата, терам до крај.
    Затоашто знам дека со нив можам на фер плеј да се борам за своето мислење, дело итн.
     
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Не ја гледам причината зошто упорно да му докажувам на некој своеглав и ограничен во своите сфаќања дека тоа што тој/таа го мисли, едноставно НЕ Е ТАКА.
    Сум се нашла милион пати да се убедувам за некои факти кои знам дека се такви какви што се, некој упорно да ме убедува дека не е така, после неколкуминутно разубедување, ги оставам и си ќутам. Али најслаткото е подоцна, после неколку поминати часови и денови, кога ќе се увери дека е така како што јас сум кажала, пак ќе рече: „Е да, беше у право за тоа и тоа!“.
    Јас па се нервирам искрено, слаба сум со нерви, кога вака ме прават будала, ко демек абе ти врска немаш, и многу се напнувам. Арно ама, брзо заборавам, па не дозволувам нивната ограниченост и глупоќа да ме обезвредни, напротив, ми дава уште поголема самодоверба, дека знам, и вредам нешто. ;)
     
  18. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Попаметниот попушта,точно да ама некогаш е неможам да се воздржам.
    Јас многу се нервирам кога некој упорно удира со глава во ѕид,кога знам дека јас сум во право а ќе ми се инати 5 саати.МНогупати се трудам да изигнорирам и демек ајде добро и онака со ова покажуваш колку си само инат невиден и ништо повеќе,но некогаш е неможам да се воздржам и ќе дозволам да паднам дури и на ниво на ваква личност.
    Неможам да поднесам кога ЗНАМ дека сум во право некој упорно да ме убедува е неможам :!: и некогаш знам да се убедувам до 101 и назад ама не попуштам,дури и до кавга ќе го истерам.
    Не е убаво знам,ама неможам да поднесам некој да ме прави будала кога знам дека јас знам повеќе од него и така е,а кога не сум сигурна не се инатам и не се убедувам.
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ова му доаѓа како ,,будалата е секогаш во право,, :D
    Обично докажувам со факти а ако увидам дека соговорникот и тоа не го убедува тогаш дигам раце, не дека сум многу попаметна туку едноставно несакам да се замарам и да си трошам енергија на некого кој не ме слуша (да ме слушаше ќе го убедев, сепак факт е факт :$ )
     
  20. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    А зошто тоа молим те паметните да попуштаат? Што додека паметните попуштаат будалите ке го вртат светот? глупости бре! Ако сум во право не попуштам па ако сакаш и најголема будала наречи ме. :)