Попаметниот попушта па затоа глупавите владеат во светот 1.Јас сум тежок инат или ке е по мое или по ничие 2.Не попуштам кога сум во право 3.Не сум личност за која денес можеш се да говореш и да правеш што сакаш а утре пак да те глушнам,кафе да пијам со тебе и да ти се насмеам нема шанси. 4.И попуштањето има граници 5.Попуштањето има лоша страна се ке попушташ и се некој ке ти прави што саката епа не може тоа така Совет:Не попуштајте така повеке ке ве ценат.
Воопшто не се согласувам со констатацијата "Попаметниот попушта". Попуштањето воопшто не те прави паметен, туку напротив дава слика за тебе како човек кој нема свој став. А тоа им дава можност на луѓето да те газат, злоупотребувајќи ја твојата попустливост. Јас никогаш не попуштам кога сум во право, се инаетам до крај, па некогаш и кога не сум ама мноогу се ретки таквите ситуации.
Точно.. имам една другарка што и да кажам се она е во право кога разговараме и сега и велам ама тоа така не е и кажуваш правило она како магаре на мост така е па така е па и будала може да те направи.. колку пати со др сме пробале да ја убедиме дека нејзиното мислење е погрешно но не и не таа пак по нејзино па што да и правам нека одии.. Спојлер Не се сметам дека сум најпаметна или било што но во нејзин поглед јас сум секогаш Будала
Па да попуштам. И многу ме нервира кога ја кажувам вистината а не ми веруваат, и во некој ситуации попуштам, чисто колку да видам како ќе израегираат кога ќе ја дознаат вистината, најважно ми е да сфатат, дека со инаетење ништо не бива.
Попуштај Попуштај и нема крај,па до кога вака?И јас сум тип на човек кој многу си ги сакам луѓето (пријателите) кога мислам дека некој ми е пријател нема шанси да чуе од моја уста ништо лошо за себе,а кампли да го исмеам пред некого или слично ако сме пријатели тоа и да останеме,ако не сме ич не му одам само едно здраво по пат и готово.Но често пати во животот сум имала пријатели кој не се како мене и можеш се да си чуеш и ајде јас како демек по паметна ке попуштам,ке проголтам и ке одам понатака демек ајде за еден муабет не вреди да се искараме,ама до кога само ке попуштаме и ке ни се качат на глава и нив да ги носиме е доста више до кога ке бидам јас најпаметна па да попуштам на сите и на крај нервите ке си ги изгубам па има една поговорка вели ПАМЕТНИТЕ ДОДЕКА МИСЛАТ,БУДАЛИТЕ МУ СЕ ИЗНАУЖИВАА НА ЖИВОТОТ.
Ова некако ич не го разбирам како поговорка. Сега има различни ситуации, кога се расправаш со некој за нешто и никако да се разберете, го гледаш дека не е во право ама не престанува да ја докажува својата теорија ништо не ти преостанува него да попуштиш. Нема смисла објаснување на некој кој си тера по свое. Но во смисла тој некој став доколку е исправен да е толку важно да го одбраниш и да докажеш, зошто да попуштиш?
Тешко да попуштам а тоа би значело сигурно оти не сум попаметна Со кој и да се расправам и да сум и да не сум во право (без разлика) не попуштам - додека другиот не попушти, инат голем сум и се гордеам со тоа..
Попуштав, ама на глава ми се качија. Се попушта во граница на нормалата.. Е сега сигурно ако ти бапнат еден бокс, нема да го гледаш со невина фаца.
Не. Попаметен е тој што има свој став и се држи до него лојално, не да се инати! А не некој што ќе се модифицира како што ќе посакаат другите.. Не дека не е потребно да бидеш колегијален, но во најчести случаи ова е вака.
Да, затоа што знае дека не треба да си го губи времето објаснувајки му некому кому и да му нацрташ нема да сфати.
Попуштав, ама граници тоа попуштање. Кога се работи за нешто што е мое или го сакам, мора да биде мое по секоја цена.. тогаш на мајка ми на глава и се качувам и на крај ми попушта затоа што нема крај на мојата тврдоглавост и инает