Никој ништо не искоментирал. Местото е многу убаво, ама персоналот не е многу услужен. Кога послужуваат храна јас им се заблагодарувам, а тие не викаат повелете. Имаат мала винарија доле во подрум.
Местото е фантастично, а гостопримливоста беше на прилично високо ниво кога јас ги посетив. Кулата се наоѓа на брдо, на влезот на Демир Капија и е опкружена со лозја. За винокусците е мал рај. Во склоп на кулата има фабрика за преработка, винарска визба, ресторан и хотел. Хотелот е особено привлечен бидејќи секоја соба е именувана по различен тип на вино и е уникатна, нема две исти соби. Сè е во камен, а собите имаат џакузија и прекрасна панорама.
се сложувам со @Captain-Omni , до душа, собите не сум ги користела...ама во однос на услугата сум премногу задоволна. И уште едно такво место кое би го предложила е винаријата Тиквеш особено за дегустација на младо вино. Е сега, малку мириса, затоа што станува збор за визба. Ама во однос на цената и амбиентот за мене е супер. Понекогаш кога одиме во друштво повеќе го преферирам за разлика од Попова Кула каде морате да бидете поофицијални.Овде, можно е, освен вас да нема друг никој, па да правите што сакате, да пеете караоке....се што ќе ви дојде на памет. Ја имате целата слобода-визба на располагање. А во Попова Кула може да ви се погоди да има свадба па малку да ви биде безврска. Се на се и двете места, морате да ги посетите. Мој совет е Тиквеш, деновите пред и после Нова Година, а, Попова Кула на лето.
Попова кула за лето е супер местенце за посета. Атрактивно, добра услуга, зеленило, прекрасна природа, може да затекнете и некоја свадба, зашто во лето се прават доста свадби таму.
Не е лош, не се сеќавам дали беше целиот до горе асфалтен т.е од црквата до винаријата. И бргу се стигнува. Не е многу пат од црквата па до горе.
Јас од школо сум била еднаш. Ама ми остана во сеќавање од што беше убаво. Баш за викендов се мислев и таму да идеме. Ама нема кај толку да се шета. Тогаш рекоа ќе праат базен, има?
Нема базен, а и нема баш кај да прошеташ во околина, ако мислеш да шеташ повеќе низ тиквешијата можеш да отидеш таму на ручек или ако ти е уз пат. Стрикно за таму да минуваш километри не ти препорачувам.
Зошто? Не сум била одамна. Како што го памтам е хотелот, и после надоле се виновите лози. Ми се допаѓа што е каки зелено море. Рај за очи
Затоа што тоа е се, хотелот со визбата и лозјето од околу. Низ лозје колку време можеш да шеташ и да се импресионираш? Сеа ако не си ептен по вината па да дегустираш, анализираш... Инаку цел ден е многу за таму, посебно за таков предел.
Сум сум. Ама ако фатам да дегустирам, ќе треба стварно соба да земеме. A Queen Maria е исто врв Мора и таму да се иде