Максимум 290 ден, но имај во предвид дека Гарние знаат да пуштат комплет крема + мицеларна вода за 200 и нешто ден па ако не ти брза можеш да си почекаш и таква понуда.
@ocicka2014 Оди во веро центар, баш во веро влези имаше пред некое време вака комплет мицеларна + крема или бб крема. 205 денари јас си ги купив кремата и водата.
305 денари им е Мицеларната вода @ocicka2014 @x.Daisy.x Во веро кај Џамбо мислиш така? Пред колку си ја купила? Има шанси да има уште? И која Мицеларна вода беше? Таа за мрсна кожа или чувствителна?
Мицеларната вода е еден тип, шише од 400мл. Оние другите се некои лосиони за комбинирана (зелениот) и за сува/чувствителна кожа (розе). Оваа акција со стандардната мицеларна вода + крема (не знам која), ја видов исто и во Космо, околу 200 или 200 и нешто денари. Мицеларната вода е супер, мене кремите на Гарние не ми се допаѓаат толку.
Во секој слуќај во авон овој каталог е оваавода150ден планирам да си ја земам од таму има голема разлика во цена. Фала
Ако земате од мицералната на акција со плус крем за лице или бб крем, подобра опција ви е бб кремот,кремите за лице катастрофа се.
@simoncelicius знам дека во Carrefour скоро секогаш беше на акција таму имам купено 2 пати до сега, ама не сум сигурна дали пак има.
Maybelline Lash Sensational маскарата и Maybelline Affinitone пудрата се на попуст во ДМ. Маскарата е 309 ден., пудрата мислам 499 ден. ова за тие што им треба пудра или маскара.
Да, 449 е мислам. Може да имав со некој да ја поделам цената ќе си купев али сакам и нешто ново да пробам, многу е течна оваа
Нови светкави сенки во Dm што би ти ги препорачала се на Essence, палети со 8 нијанси, чинат околу 300 денари ама се исплати затоа што имаш повеќе бои. Во дм во веро џамбо беа достапни 4 комбинации на палети. Јас конкретно ја имам Bronzed верзијата и сум презадоволна. Сенките се доста пигментирани и одлично се вклопуваат и за дневни и вечерни мејкап варијанти.
Вчера си купив производи на Алверде,ама цените не беа како што ги читав тука на странава,најверојатно завршил попустот..