@Oxymoron ме просветли, не знам дали и вас, ама има -25% на се' од Аура. Нели како најредовни во ДМ, следно одење очекувам кафе да пиеме со девојчињата таму. Не знам колку пати влеговме заедно и посебно откако се прибравме... Се подновив со некои стварчичи и сега зјаам како дебил, мислиш којзнае што сум си купила... Арно не ги купив минатата недела, а ги меркав. Си купив двобојно руменило и двострана четка за сенки, ама одамна ваков ќеиф ми се нема направено со нешто купено. Познатите руменила во круг се по 154 денари, четките се околу 100 денари, плус-минус, сенките мислам околу 200 беа, течните кармини мислам 175, битно тука некаде се цените, баш пристојни и како за пред први. Имаше и некои парфеми на акција ставено, мислам Долче и Габана лајт блу како да го видов и Кристина Агилера тој со црното корсетче. Видов и Афродита афтершејв за мажи и да имав дечко ќе му го купев, вака не.
Оваа недела ќе бидат на акција производите на Aura, потоа на Catrice, па на Max Factor, и така секоја недела различен бренд ќе биде на 25% попуст, заклучно со 31.12.2015 год. Еве го каталогот, доколку сѐ уште не сте го разгледале http://www.dm-drogeriemarkt.mk/link...ata/sezonski-katalog-data.pdf?v=1448381592000
Само мене ми се чини или не е баш некој попуст ова? Лакчињата на мејбилин се наоѓаа во космо за 60-70 денари тука за 100 денари, маскарата исто, ја имам земено за некои си 250-270 денари ако не се лажам а тука е 415денари . Сјајчињата на Аура тие матот не се намалени...
Сите цени се ставени без попуст, си пишува дека е така и ти сам си одземаш 25% од сумата. Освен ако не мислиш на нешто друго па не сум се разбрала. А инаку генерално, факт е дека некои од работите во Дм се поскапи отколку во другите маркети, сме го зборувале тоа и претходно.
@Madam-A, @ocicka2014, http://www.dm-drogeriemarkt.mk/link...ata/sezonski-katalog-data.pdf?v=1448381592000, тука може да си погледнете што се ќе биде на попуст и кога Јас сум малку разочарана што ги нема Есенс меѓу понудените брендови.
Драги феминки, иако кампањата dm Look беше најавена на насловната страна на фемина, ја користиме уште еднаш приликата да ве информираме за повеќе детали околу истата. Во соработка со Александар Дадар користејќи 5 различни брендови на шминки Aura; Catrice; Max Factor; Maybelline; Loreal креиравме 5 стилови на шминка кои се надеваме ќе ви помогнат во вашите подготовки за најразлични пригоди. Обратете внимание..шминката не менува тотално, а доказ за тоа е нашиот модел Мартина која во склоп на кампањата ... само со користење на различна шминка и различна техника на шминкање ја трансформиравме во 5 различни изгледи За време на кампањата секоја недела, презентираме еден стил..а потребната шминка за добивање на тој стил ви ја понудуваме со 25% попуст. Дадените цени во каталогот се редовни, на тие цени во дадениот период ви следи наведениот попуст од 25%. Кампањата се одвива со следниот распоред: 1. dm Look - Stye to GO! “Спремна за 10 минути” By Aura Не дозволувајте да доцните..или откажете состанок само поради тоа што немате доволно време да се подготвите! Погледнете што советува Дадар за тренди, а секојдневен изглед кој можете да го постигнете во 10 чекори, за 10 минути Со мали трикови шминката може на многу едноставен начин да биде совршена! 2. dm Look – Pure Look “Едноставна, а сепак елегантно впечатлива! ” By Catrice Се подготвувате за театарска претстава, кино..или можеби прв состанок. Не претерувајте со боите. Нежната Nude варијанта на шминка ќе ја истакне вашата природна убавина и ќе ве направи да изгледате едноставно, но истовремено и елегантно. Следете ги советите на Дадар и освојувајте, сосема природно 3. dm Look – Red Carpet “Заплени ги сите погледи кон себе! ” By Max Factor Силно изразени очи и благо нагласени усни. Дадар ви ги открива своите трикови, како до беспрекорен гламур соодветен и за црвениот тепих. Сосема одличен избор на шминка за свечени прослави и присуство на гала вечери. 4. dm look –Party Look “Спремна за вечерното излегување” By Maybelline Дадар открива: Како да се подготвите за забава! Неопходна е добра основа..минерална течна пудра која ќе дозволи кожата да диши. Јаки бои на сенки, компетен “ИН”! Можете со боите да експериментирате, но внимавајте како. Следете ги советите на Александар Дадар! 5. dm look – Dramatic Look “Заводлив поглед и неодоливи усни” By Loreal Која е тајната на драматичниот изглед? Make Up артистот Александар Дадар вели: неколку слоја на кармин, дефинирање на ивиците на усните и сјај за усни во црвена боја кој ќе го нанесеме на средишниот дел. Погледнете ги советите во целост и оставете силен впечаток онаму каде што е најпотребно! Сите дополнителни информации поврзан со капмањата и производите користени за секој стил на шминка се достапни на нашата веб страна http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/ubavina/dm-look-po-etni/ Копмплетниот каталог можете да ги преземете на следниот линк http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/usluge/568794/ponude_iii.html
@dm drogerie markt Претходната недела имавте попуст на Аура. Како може еден производ во ДМ Гтц да е намален а во ДМ Веро да не е? Нели за секаде важеше попустот? Видов во Гтц и за да не се враќам назад си реков ајде од веро ќе го купам. И одам таму гледам немаше намаление на тој производ.
Драга наша, нема можност за такво нешто. Единствено што можеби се случило производот да не бил соодветно означен на ценовната етикета, но на каса повторно би се пресметал попустот. Сите акции од овој тип важат за сите продажни објекти на dm во Скопје, Тетово и Велес. Кога работиме акции за одредени продажни објекти (прославување роденден и сл.), тоа јасно го комуницираме на рекламните материјали. Ве молиме секогаш кога ќе забележите било каков недостаток или нерегуларност веднаш да се обратите кај вработените во продажниот објект или да не контактирате на info@dm-drogeriemarkt.mk или преку порака на нашта фејсбук страна. Ти благодариме на разбирањето.
Вo ред ќе имaм вo предвид зa друг пaт. Не ни знaев декa требa дa прaшaм зa нaмaление, зaштo видoв редoвнa ценa кoнкретнo нa пoдлoгaтa oд aурa. Блaгoдaрaм нa oдгoвoрoт.
Јас тргнав ова да прашам значи конкретно сакам да го земам коректорот на аура кој редовна цена е 219 и треба да минусирам со -25%.