Не знаев дека имаме ваква тема. Баш супер. Еве да ја искористам за да кажам или потсетам, дека штотуку започна „традиционалниот“ јануарски попуст во Матица. Трае до 31.01.2019. Има секакви цени, а се наоѓаат преубави книги од 100 денари нагоре. Повеќето книги на Карлоз Руиз Зафон на пример, се по 190 денари - живо џабе. Јас ќе одам деновиве, сакам да си ја купам новата на Тес Геритсен - „Мраз студено“. Еве линк до каталогот, ако има заинтересирани. клик до каталог
Го видов каталогот и ми се плаче, за разлика од Сакам книги имаат подобри попусти. Не може да се нарача онлине нели?
Има попуст во Матица, цените се супер и имаат бесплатна достава за нарачки над 600 ден. Се нарачува и онлајн, конечно си направија асален сајт... matica.com.mk Не знам кој сакаше книги од таму. @ph.orhideja ти беше по изданијата на Матица, еве ако не си видела да ти кажам.
Еве сега е ок отвара. Само што сите книги што ги сакав не се на залиха. Катастрофа. Ако веќе правиш online попуст биди снабден. А не што останало ,тоа на попуст. Требаше вчера во коронава да се пикаме за 50% попуст во дуќан изгледа
Експресно ги снема тие што ги сакав. Само 2 начекав од тие што ги планирав и плус уште една зедов од око. Навистина мал избор.
Јас се разочарав. Од 20 книги кои ми беа во кошничка ставени само 3 се достапни моментално И не нарачувам...
И јас не најдов ништо, ги чекав вчера со полна кошничка, речиси ништо не беше намалено, сабајлево па ништо немаше на залиха. А како што гледам по коментари дека во книжара имало избор. Матица разочараа овај пат со организација.
Јас ги купив во сабота на 50% во продавница. Мислам дека ќе имаат повторно некоја слична акција бидејќи дефинитивно цела год.имаа најфер попусти.
Во самата продавница имаше доста избор и постојано додаваа ако некоја се потроши, ама имаше премногу гужва и немаше никаква можност за растојание. А страната не им функционираше од ноќеска, нешто слично на Сакам Книги.
Реално освен ова од денес, матица била најфер во однос на попусти. Месеци им траеше попустот 50% на 10 порачани книги, ни една друга издавачка куќа немала толку голем попуст што траел подолго од 24h. Да се надеваме дека наскоро пак ќе изненадат со некое попустче.