Навистина не знам дали воопшто некој успеа да купи online од матица? Организираат onilen попуст, страницата не им работеше едно време и на залиха немаа скоро ништо. Имаа технички проблем, па немаа книги на залиха. Дали не требаше на ова да бидат подготвени? Многу изреволтирани и разочарани купувачи. Хаос
Скоро секогаш настанува хаос кај нас кога станува збор за онлајн нарачување сред попуст. Имаше известување дека ќе го повторат попустот од 60% за сите оние кои не успеале да купат ради проблемот на страната.
Работава беше дека со ситуацијава да не одиме до книжара ама ништо Затоа што како што можев да прочитам по коментари, било преголема гужва
Како тоа сите што нарачале и сакаат да им се испратат книгите? Треба дополнително ли да им се даде потврда дека ја сакаме нарачката? И уште едно прашање, за колку време испорачуваат?
Не, имало некои што ги откажале книгите. Вчера имаа напишано дека и до 2 недели може да задоцнат нарачките, многу имале пратки. Ќе има пак иста акција до крај на декември се надевам ќе имаат повеќе на залиха на страната.
Има попуст на страната на Сакам Книги, но ме интересира дали важи и во нивните продавници? Или поголем попуст има на саемот во Сити мол?
Сега видов на страната овој ист попуст го имаа од 16.11 до 26.11. 25%, сигурно истиот им е во книжарите, а за попустот во Сити не знам, сакам да видам деновиве колку имаат и др. издавачки куќи.
Не знаев во која тема да прашам, една моја другарка ќе оди Скопје викендов, голем обожавател е на книги, па кое би било најдобро место за купување книги на англиски јазик во Скопје?