Ја има користено некој? Баш овој модел го гледав онлајн, ама сакам во живо да го видам дали е стабилна, пошто синко кај и да е ќе полета на сите 4
Ние ја имаме, само друга боја. Топ е, практична бидејќи има тркалца на сите 4 ногарки и секоја има пречник. Плус во долниот дел што е и ставам лигавчето за јадење и други ствари. Лесно се склопува, има неколку нивоа на висина и на седиштето, дури ја успивав во неа легната и ја вртам низ стан. Лесно се перат и вадат додатоците. Ние дури ја носиме и кога одиме на викенди пошо многу места немаат хранилки и во неа седни ја и раат. Малце е поголема и место зафаќа ама на нас баш ни се погоди. Има и на средина како пречник, меѓу двете ноџиња да не ги вади и да не се врти плус каиши.