Зегин има намаление на мустела.. се мислам дали да купам или па друга линија да е за бебе.. вие што користите како сте задоволни од мустела
Според мене мустела е ок. Јас на почеток користев веледа и бев супер задоволна затоа што е природна козметика. После почнавме со ла рош липикар поради поосетлива кожа.
Цел комплет Шампон за тело Шампон за коса Крема за лице Крема за тело Јас сум презадоволна. Под рачињата, вратче,позади ушиња му се вцрвува и суши од пот, спурено,топло до следниот ден нема ништо
Го порачав и јас се освен млеко за тело место него маслото за масажа го зедов.. пошто ќе е летно бебе и првптп ми беше летно па масленце за масажа му ставав... друго немам користенп од таа линија.. па ќе видиме како ке е ... Иначе порачав од виафарм ..зегин поскапа линијата
Да од виафарм и јас и добивме подарок шолја за чај за поевтината комбинација а за поскапата даваа мече
Имаш акција во тинекс на виолета, во жито на бекутан, бејбилино беа на акција во дм ама не знам дали се уште
Си купувала некогаш онлајн? Прв пат ја гледам аптекава, како се со испорака? На друго место да не сте виделе Ла Рош или Биодерма на попуст?