Има ли некој купено даиперс пелени, мора ли сите 4 пакувања да се купат од еднаш за подарок проодувалка? Се мислам дали да земам, ги немаме користено до сега.
Јаа ги користев, ич не ми пропуштија ама многу смрдеа ...види во Најдобри пелени имаш искуства споделени од феминки
Добри ли се Памперс гаќичките во однос на впивање? Гледам дека се за ноќно време, држат по 12 часа. За навечер сакам да и земам на мојава, зошто многу вода пие преку ден, плус млеко нели, и утоп и е пелената навечер. Се случува се почесто во последно време и да и пропушти, да се измокри цела лом. Искуства?
Секси и јас ги ставам најчесто за спиење, ама мојот не пие толку многу течности. Секогаш е преполна пелената, некогаш станува и кака ама му немаат пропуштено. Побарај во Зегин некогаш имаат тестери да ти дадат.
@duffi а има ли мали пакувања од гаќичкиве? Никогаш не сум загледала, ама би земала за проба. Почна да ми се буди од што е премногу мочкана и морам да ја пресоблекувам, па ќе се испорасони и оди заспиј ја после Синоќа се разбуди со вриштење, измочана до врат, утоп и кревет и облека, па ја туширав во 3 сабајле
@duffi не, уште сме на 4-ка, таман и се. До 14 кг се, не ми делуваат тесни за неа, иако е покрупна. Уште неколку месеци сигурно ќе носи 4-ка. Преку ден немаме проблем, менуваме пелена на 3-4 часа. Само ноќе. Мочла е мојава, ама пие многу вода
А 4+ да пробаш? Не те разубедубам ,пробај мало пакување и од гаќичките. Ама не ми личи дека имаат нешто поголема апсорпција.
И јас мисл да пробаш поголеми и тоа иди на 5ка директ , малата кај мене немаше ни годинка , ни 10кг коа почнаме со 5ка еве а сега нема ни 13кг а си носе 5ка , килажата нема врска , ако ги гледав кг ќе беме со 3/4 уште , чим пропушта не додржува мењај , земи си мало пакување и ќе видиш , а 4+ не е нешто разлика од 4 не се ни приметува , ни па 5ка се нешто огромни , супер се јас цела година еве веќе. и ставам 5ка ..
Знам дека нема врска килажата, ама не и се тесни во половинката како 3-ката што и беа. Тие апла се гледаше дека и се мали. Ме замисливте сега Мојата е годинка, има скоро 11 кг. Ќе земам мало пакување тогаш 5-ка (или гаќичкиве или обични пелени), па ќе и ставам за навечер од нив да видам дали ќе има подобрување. 4-ка имам уште цело пакување, вчера купив, па тие ќе ти трошам преку ден. За гаќичкиве прашав дека видов на акција се, па да искористам да пробам Фала @duffi и @Poppins
И моето е 11 кг 18+ месеци , на 5ка сме веќе подолго време . Pampers pants користевме наизменично сп обичните , сега само pants . Се случувало и двата да пропуштат . Ама му го ставам во 9 и во 8 сабајле менам . Оти спие цела ноќ и не го будам . Според мене pants се само попрактични за менување. Другото исто е.