1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поради маж ми се облекувам неморално

Дискусија во 'Канта' започната од Nenicka123, 18 август 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. S-girl

    S-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    38
    .....ISTIOT PROBLEM I SO MOJOT MAZ , I TOJ MORA DA SE SVRTI I DA SE GLEDA PO DRUGI I KOGA E SO MENE..........IAKO TOA NE E TEMATA..... JAS MISLAM DEKA KOGA BI BILA NA TVOE MESTO BI SE POTRUDILA DA MU OBJASNAM DEKA I VO POPORISTOJNI ALISTA MOZE DA SE IZGLEDA SEKSI I PRIVLECNO I UBAVO , I DOKOLKU NEGO ''GO PALI'' TAKOV STIL NA OBLEKUVANJE I SL , VO SEKOE VREME MOZES DA SI KUPIS SEKAKVI SEKSI DOLNII OBLEKI , UNIFORMI , SEKSI NOKNICI I SL, NO SAMO ZA NEGOVITE OCI KOGA STE ZAEDNO... I USTE NESTO , I JAS SE OBLEKUVAM ''TAKA'' MALKU PROVOKATIVNO , EDNOSTAVNO TOA E MOJ STIL IKAKO EDNO TREBA DA ZNAAT SITE DEVOJKI , DEKA NEMA VRSKA DALI POSTARI LUGJE ILI KOJ BILO KOGA KE TE VIDAT OBLECEN TAKA ODMA VO UMOT SI MISLAT ''k****" , TOA SUM SIGURNA , OVA E MAKEDONIJA I TAKA GI OTCENUVAME LUGETO , I VERUVAJ MNOGU LUGE MOZAT DA STEKNAT POGRESNA SLIKA ZA TEBE TOKMU PORADI ALISTATA IAKO TIE NE TE POZNAVAAT . MNOGU PATI SUM BILA SVEDOK KOGA NEKOI LUGJE JA OGOVARAAT NEKOJA DEVOJKA I JA ETIKETIRAAT KAKO LESNA SAMO ZARADI OBLEKATA..... ZATOA NEMOJ DA DOZVOLIS LUGJETO OD OKOLINATA DA TE SMETAAT ZA NESTO SO NE SI SAMO ZARADI NEGO , VERUVAJ TOA E MNOGU VAZNO....OTI ZA NEGO , MAZ KAKO MAZ NEMA DA ISKOMENTIRAAT NISTO , SITE NISHANI KE SE SVRTENI KON TEBE..
     
  2. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Веќе си жена и си зрела доволно за да размислуваш.Како го прифаќаш ова така смирено? :^)
    Ајде гледањето во други жени ОК - сите ние гледаме,иако е непријатно тоа да се прави пред партнерот сепак има и такви,ама облекувањето? И каква е таа почит кога тој те тера да одиш разголена и тоа пред јавност? Сфаќам во спалната да сака секси облека ау*бау ама во јавност? :?:
    Како и секој маж наместо тој да љубомори кога привлекуваш толку внимание,тој се гордее а мене тоа не ми се допаѓа и ме тера да размислувам - дали тој е со тебе затоа што те сака и внатрешно и надворешно или е со тебе само да те покажува?
    Јас на твое место би повлекла црта - прифати ме каква што сум или крај.Замисли само,си имате дечиња и ти со децата во рака,миничиот,штиклите,стомакот и циц*ите надвор. :^)
     
  3. Nenicka123

    Nenicka123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Ви благодарам на сите што се потрудивте да ми дадете некој совет. Ги прочитав сите пораки внимателно.

    Тој не слуша Тв Пинк, не излегува по кафани, да го видите е прав мачо тип. Знае да се носи, знае каде излегува, поприлично се однесува на ниво, малку е кренат, има одлична работа, значи на изглед тој е супер.
    Со сите се однесува одлично, тој е поим за примерен маж.

    Ова е само меѓу нас, кое другите не го воочуваат.

    Него едноставно не го пали, не му се допаѓа едноставна жена. Тој си замислува дека жената мора секогаш да е ти топ средена, на високи потпетици со ултра секси облека која ги истакнува женските облини. Секоја друга за него не е жена.

    Ќе насменам, дека порано не беше ваков. Наеднаш се промени.

    Доколку јас сум во едноставни (а, убави, типски алишта) јас сум никој за него.

    А, за долниот веш, пола од платата ми оди за долен веш. Никогаш не сум му се појавила во обични гаќи.
     
  4. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Да не е маж ти Овен или Вага?Жал ми е што морам да кажам директно но двајцата сте материјалисти. Скромноста и едноставноста не се карактеристики за материјалистите туку за духовно богатите луѓе.Можеби ти не си до тој степен како него но чим си одбрала таков маж не знам зошто воопшто се жалиш на него?Фраер е,има добра работа и добра плата и се носи со стил како што викаш.Тие работи ти ги сакаш и затоа си со него.Научна фантастика е да бараш духовни и морални вредности кај таков тип на маж.Биди си и понатаму со него и прифати го таков каков што е или барај си друг тотално поинаков од него.
     
    На srcekrsacka, AIT, Hkikica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Не драга моја,тој бил отсекогаш таков ама сега си го покажала вистинското лице.И да ми простиш,ама мислам дека тој тебе не те сака ,зашто очигледно му треба додатна стимулација,во овој случај визуелна,за да си ја докаже на себе и на другите ,причината поради која е во брак со тебе.И најверојатно е гладен за туѓо внимание и туѓи ласкања.Шансите да го смениш ти се минимални,
    единствено ако не му се случи нешто што ќе го преобрази.А дотогаш ти останува да лупаш пари на секси облека ,за која не велам дека не треба да ја има секоја жена,и јас имам ама не е тоа во неразумни количини,наместо да вложите во нешто што ќе ве исполни,патувања,средување на домот,што и да е ...работењето во не знам каква фирма не го прави човекот човек,ниту пак неговиот физички изглед.Наместо да ужива во животот со полни гради,да му даде смисла,тој се бави со длабочината на твоето деколте.Навистина плиток човек си избрала за животен сопатник. :(
     
    На srcekrsacka и AIT им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Тежок его трипер е маж ти. |( А во суштина е несигурен, искомплексиран и духовно празен. Имам слика за вас двајца дека сте се нашле на материјално и физичко ниво, но не и на психичко, емотивно и духовно. Разликата е голема ... Тој како тргнал нема уште добар период да се смени, освен ако не го лупне нешто јако, не буквално, па ако е свесен би размислил што и што ти прави. Хмм само знаеш, можно тоа нешто да биде друга ( не сфаќај буквално) ама како тргнал со односот спрема тебе и со неговото лигавење настрана, може и да му се оствари желбата, баш таква квази секси, плејбој зајачица да го тресне од земја.
    Седни и искрено и отворено разговарај, ако разбере и почне да се приземјува добро ако не ... со ваков тип (он е тип и пол нели) тешко дека ќе имаш фин помин во бракот.
     
    На srcekrsacka, kate21, Hkikica и 2 други им се допаѓа ова.
  7. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    201
    А зошто едноставно не исфрлиш се што не ти се допаѓа од твојот гардеробер? Фрли ги, запали ги! Немој да се облекуваш онака како што не сакаш! И не е лесно да се каже само разведи се, ајде тоа е спасот... Можеби не сум најкомпетентна со моите 18год да зборувам на оваа тема, но не можев да ја одминам темава
    Си го прашала ли маж ти вака:
    Ти се допаѓа ли тебе кога сите зјапаат во мене? Зарем не знаеш какви се луѓево кај нас? Зарем не знаеш дека зад грб ме нарекуваат к**ва и секакви погрдни зборови? Зарем не знаеш дека тоа е и за тебе срам? Дека тебе зад грб ти се смеат и велат види каква жена има? Тоа за тебе гордост ли е? Јас сакам да бидам и секси и елегантна, сакам убаво да се облекувам, но што е многу многу е! Јас вака повеќе не можам. Што те промени тебе? Од каде излезе сега ова? Мене ми е срам да шетам вака. Не сакам да изгледам како излезена од порно филм! За мене тоа не е убаво! Сакам да шетам со гордо крената глава! Зарем тебе ти е задоволство другарите твои да ми зјапаат во деколтето и да ме замислуваат гола и дома да го д***ат на мене? Порано не беше ваков. Зошто се промени?
    Ако не си го прашала прашај го вака од А до Ш како што напишав


    Е сега драга девојко ако не можеш нормално со него да разговараш тогаш барај друго решение. Прекини така да се облекуваш од овој момент!
    И уште нешто ми падна на памет..Обично мажите кои изневеруваат на почетокот бараат мани кај своите жени им даваат најразлични критики, во облекување, во сексот, во однесување... Она што претходно не го забележувале, сега им смета и во главата постојано си прават споредби. Не велам дека твојот сопруг е неверен, но човек на се би помислил...
    Реши го овој проблем, затоа што ова не е едноставна работа, ако го решиш ова сметај дека не си решила само еден дел, туку многуу повеќе. Овде не станува збор само за облеката, туку за твоето јас, твојата самодоверба и твоето недозволување некој да те зема под нозе... Ако овде попуштиш, цел живот за се ќе попушташ! Ќе бидеш газена, твоето јас нема да постои! Ако не можеш ова да го решиш, ако не те прифаќа таква каква што си, ако не ти дозволува да излезеш нормално облечена е тогаш развод!
    Додека не го решиш ова, деца НЕ! Затоа што, пак ќе повторам, проблемот е многу поголем и подлабок!


    И уште нешто за крај, твоите родители те имаат видено како се облекуваш кога си со него?

    Пиши што ќе направиш, тука сме за совети и за помош!
    Се најдобро!
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ако имаш свое јас и барем малку почит кон себеси, не смееш да прифаќаш нешто вакво. Од една страна кажуваш дека ти пречи, а не превземаш ништо драстично за да смениш нешто. Немој да дозволиш да се изгубиш себеси.

    Причините за неговата промена може да бидат многу ама мене најмногу ме води кон тоа дека длабоко во себе е неизживеан, несигурен и има комплекси. Но што и да е, таквото однесување е крајно неприфатливо. Тој не те почитува, гледа на тебе само како на објект.

    Како за почеток пробај барем уште еднаш да разговараш. кажи му најотворено за се што ти пречи, за се што сакаш да смениш. Ако не успеете да дојдете до компромис, земи ги работите во свои раце. Значи колку и да настојува тој, да се облекуваш вака или онака, не прифаќај! Не дозволувај да потпаѓаш под негово влијание.

    Тоа што кажуваш дека се однесува примерно, дека е идеалот за совршен маж, тоа е само маска. Но ете пред тебе си го покажал вистиснкото лице.
    Колку побрзо го решиш ова, толку подобро за тебе. Иако, морам да ти кажам, не ми личи на човек што така брзо и лесно ќе го смениш.
    Во секој случај, ако не покаже разбирање, ни те сака ни те почитува, за жал.
     
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Како се однесува со тебе? Каков е во другите животни полиња? Мислам дека сака да контролира. Тоа што го слушаш за облеката му дава некаква си слика дека би го послушала за се. Ти поставува обрач како на пудлица и гледа колку високо ќе скокнеш. Кога ова ќе го проголташ ќе го постави уште повисоко.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    јас мислам дека најдобро е и тој да почне да се облекува разголено нека му се гчедаат градите нозете нека носи тесни панталончиња што баш ке го оцртуваат кај половиот орган и нека прошета два три круга да осети како е чуството кога сите зјаат во тебе па акое добро чуството продолжете и двајцата во исто темпо ако веке гледаат нека ве гледаат двајцата ако се смеатнека му се смеат и он не само на тебе
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Тука ти лежи сиот негов карактер.
    Најлош вид на маж т.е. човечко суштество воопшто. Со сите е арен, а само со таа што треба да е најарен, тој се однесува како шериф на одредено поле.
    Дали порано бил на...хм...подолно ниво во поглед на работата, стамбено прашање итн, па сега кога се качил на повисоко, станал таков и кренал акции и критериуми, кои за жал отишле во погрешна насока? Мора нешто да го удрило во глава одеднаш.
    Ако не си, прочитај ја темата на кајгана (ја има и овде, ама таму е поопширна) за симптомите на сељачизмот, твојов ги поседува сите карактеристики на модерен сељак.
    Тоа е некој што ги мрази “класичните“ фолкерај сељаци, ама затоа не пропушта шанса да се пофали со неговата мачо појава, излегувањето по јаки места, и јасно, шетањето јака риба до себе.
    Тоа го прави за да биде виден, мисли дека ќе му љубоморат колку тој има се` убаво и дека што повеќе те шета таква, толку повеќе ќе му се лепат такви женски (зошто спомна со женско друштво сакал да излегува) оти ќе знаат дека таков “вкус“ преферира.
    Мене ова дури со манијак ми се граничи.
    Не викам јас дека не сте вложиле и не сте успешни, туку дека тоа му е некој вид на лечење комплекс у стил: имам работа, имам пари и имам плејбој зечица.
    Дали утре кога ќе одите на родителска средба ќе треба да одиш облечена ко секси професорица?
    И дали лепотанот размислува во подалечна иднина дека воопшто утре ќе имате деца, а знаејќи ги денешниве, при прва прилика ќе му лепнат нешто на детето на сметка на твојот стил?
    Дали на мачо ќе му е убаво ако имате ќерка и таа ќерка дечко кој ќе ја третира ко барбика за пресоблекување терајќи ја постојано да е облечена ко за red light district?

    Паметна девојка си и самосвесна за проблемот, не му дозволувај да те третира ко сувенир.
    Не мора мене да ми ги одговараш погорните прашања, туку себеси. И најбитно биди си искрена.
    Штом го најдеш коренот на проблемот, решенијата сами ќе ти се кажат. Иако верувам дека веќе знаеш што треба да правиш, само како што рече, страв ти е да не го изгубиш, па го оправдуваш.
    А запрашај се дали нему му е страв дека ќе те изгуби ако ти му се сконтраш и не сакаш да се облекуваш така? Ќе го здоболи или веднаш ќе појде по првата што ќе е облечена по негов “вкус“?
     
    На srcekrsacka, Lolipop23, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Воопшто не сум комептентна да коментирам на оваа тема ама од почеток ја читам. Цело време се трудиш да го оправдаш маж ти, дека се е океј и дека сте среќни т.е. глумите среќа а вие имате суштински проблем, поради кој не можете нормално да функционирате. Внатрешните односи ви се разнишани а пред луѓето сте тип-топ насмевка до шестки. Проблемот е прилично сериозен и секако со неговото решавање може да дојде и до несакани резултати.
    Како прво можеш малку да покажеш инат и да си тераш по твое, сети се само како се чуствуваш во таа облека, сакаш така до крајот на животот? Покажи карактер, покажи што навистина те исполнува тебе и во што се чуствуваш најдобро. Ти не си најдена на улица некој да се изживува врз тебе. Велиш работиш убава работа, до таа работа сигурно не си дојдена туку така, долг пат си поминала да дојдеш до тој успех со кој една жена би можела и сама да функционира и да се издржува. И сега целиот живот ќе го поминеш незадоволна, исполнувајќи нечии каприци? Покажи му дека не си зависна од него и дека може лесно да те изгуби па дури тогаш можеби ќе се свести што тој навистина има во животот.
    Ако и тогаш не се свести значи воопшто не те ни сакал, го сакал твојот надворешен изглед. А размисли ти колку си вредна и дали еден таков човек те заслужува.
     
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Retko koj maz bi sakal taka da se oblekuva negovata zena,mene licno bi mi precelo,ti ima liberalen maz so koj mozes i da se pofalis!
     
  14. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Да се пофали?!
    Едно е нејзиниот маж да сака неговата жена да се облекува така, а друго е да ја принудува на тоа.
     
    На Sara123, Sanjichka007, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    пПочнувајќи од бојата на фарба за коса што ја користиме,парфемот,облеката и стилот на облекување,сето тоа кажува многу за нас ,тоа е одраз на нашето јас во надворешниот и видлив свет, сето тоа е знак на нашата индивидуалност,наш личен простор и територија во кој никој нема право да наметнува свои правила и критериумуи, кодекси на облекување ,тоа си е моја лична работа и точка ,дискусии не се дозволени..а уште помалку пак расправии,готово крај на муабетот...а јас ако сакам можам да одлучам и гола да шетам... :D јас немам проблем а,тебе ако не ти се допаѓа тоа си е твој проблем..во краен случај...
    е сега конкретно во твојава ситуација проблемов е многу посуштински и комплексен,отвора и многу други прашањаи може да се разгледува од повеќе аспекти..ти си веќе во брак,имаш сопруг а,не дечко,свесна си дека сето ова за тебе е товар,смачено ти е веќе со улогата на филмски пар од насловната страна на некое списание кој би направило се за да добие публицитет ,смачено ти е од површноста,не си сигурна во неговите чувства кон тебе,се плашиш дека ќе го изгубиш а,тој тоа многу добро го знае...тоа е твојот најголем страв...и затоа ја прифаќаш улогата која ти ја сервира но,не е еден ден или еден филм да се одглуми,во прашање е цел живот,затоа овие работи расчисти ги додека е време,нека те прифати онаква каква што си,само така ќе бидеш среќна,во спротивно не те ни сакал вистински..Зар вреди животот да го поминеш покрај некој таков?утре другиден можеби ќе качиш некое килце,високи потпетици не можеш вечно да носиш...што ќе правиш тогаш?
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Не ми се верува што прочитав сега.. Незнам дали си му го поставила ова прашање, но мислам дека е неопходно.. зошто е тој во брак со тебе? Поради облеката или поради ТЕБЕ?! 33 години ало.. што сака, да се фали дека има секси жена? Па и да е тоа.. јас мислам дека повеќе за фалење би било кога ти би се облекувала пристојно а сепак да си убава! Е тоа е за пофалби, а ци***те и га*от може секоја да ги извади! Не го сфаќај лично, знам дека не е до тебе, кажувам што би требала ти него да му кажеш.
    Дечко ми мене уште сега што сме млади ми има кажано дека повеќе сака кога се облекувам пристојно, а сепак убаво и модерно, него тоа му е секси и таква женска сака да има.. се друго му е како за една вечер.. тука морам да признаам е во право :!:
    Што е ова господе.. како може да си во брак каде што неможеш да бидеш своја. Тоа е заедница кадешто двајцата се чувствуваат комфорно а не едниот цело време да се погазува себеси и да му удоволува на другиот, свашта...
     
  17. Nenicka123

    Nenicka123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Лав е во хороскоп, завчера имаше роденден.

    Јас кога го одбрав тој не беше фраер, добро платен и друго како што мислиш ти. ;) Отпосле се вработи и кога почна да зема поголема плата, си дозволуваше и повеќе материјални средства.

    Завчера му беше роденденот, бевме на вечера во една кафана, атмосферата саботна, вжештена. Јас секако дека бев облечена по негов мерак |(
    И од никаде најде 3 девојки, можеби од околу 20-21 година, минималистичко облечени, и ги донесе на маса за да ги почести по една пијачка и нив. :x
    Му се развикав, ама немаше ефект, бидејќи веќе беше пијан.

    Изгледа има многу мажи кои се прават фраери, ама се тешки сељаци.
     
    На srcekrsacka и Sara123 им се допаѓа ова.
  18. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Аман бе!!!! Уште ке ми наоѓа ку....ч...ња да се частат со нас, извини вака ама ептен си забегала и ти со него?!?! не зафркавај - од една страна луѓе на место сте , со долга врска зад себе, па фини работни места дрн дрн и сега како брка спонзоруши по повод роденден а јас ќутам......жено решавај си го проблемот дур сте сами :| после навистина ќе биде тешко....и чисто од моја гледна точка - никогаш ама баш никогаш не би доседела со мм на маса доколку направи вакво нешто, ма и брава ќе му сменам дур дојде дома бре :D
     
    На Sara123 и AIT им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Боже Господе што изрод е овој
    од нормална жена мивка да направи-да се облекувала провокативно :fubar:
    што се замислува тој бе? :^)
    мој совет е ти да го пуштиш да излегува со таквите-што очигледно многу му се допагаат, а додека биде излезен со нив ти смени брава, или исели се од вашиот дом-па тој слободно нека трча по нив
    не ми е јасно како може еден маж да и го прави ова на својата жена :x неизживеан, недозреан
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Кажуваш дека порано бил женкариште, сега демек се потсмирил малку, а сепак зјапа по секоја кратка сукња дури и кога сте заедно... Значи си знаела отприлика со каков тип си имаш работа не дека ова неговото е гром од ведро небо за тебе па си крајно изненадена...
    Дали тој вистина те принудува да се облекуваш така, или ти знаеш дека тој таква те обожава, можеби во такво издание те запознал, така се заљубил во тебе, па не сакаш сега да изгуби интерес за тебе и затоа не се трудиш многу да застанеш цврсто на својот став...
    Ако не сакаш да бидеш само придружна кукла со која тој ќе се гордее покажи цврстина, инат, пркос и решителност, направи да те обожава и во тренерки и фармерки-тоа би требало да се подразбира во една нормална врска ама ако веќе сте забегале малку од патот а не сакаш да си го растуриш бракот, тогаш засукај ракавите и покажи му поинаков свет од цицки и газови...
     
    На srcekrsacka, Sara123, AIT и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.