1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поради маж ми се облекувам неморално

Дискусија во 'Канта' започната од Nenicka123, 18 август 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Стварно многу некултурно од негова страна штом пред тебе донел некои непознати девојки и ги частел.Но,мене како ми изгледа вашата работа не е проблемот само во облекувањето иако ти цело време алудираш на тоа.Јас мислам дека дечкото е неизживеан и дека сега од кога се вработил и се ситуирал до некаде на таков начин (со сељачки потези) покушава да надомести за тоа што не го правел во минатото.Познавам многу блиски луѓе кои одкога се вработија и дојдоа до некоја паричка,мислат дека лекот за рак го имаат измислено па иако биле мирни и воспитани почнаа со такви селски потези од типот седам на сепаре у диско,пијам флаша , частам девојки за да покажам колку сум јак и сум фраер а всушност се никој и ништо.Неизживеаноста е навистина сериозен проблем.Вие си знаете каква ви била врската и што сте праеле додека сте биле млади и колку сте имале индивидуална слобода за да шетате еден без дрг и да праите "глупости " во град,но мене вашиот однос ми делува како да сте ептен долго заедно и сте биле од оној тип на парови кои да!, се дружат и комуницираат со други луге, искачат но сепак до некаде во поголемиот дел сте се понашале како млад брачен пар и не сте се двоеле еден од друг и постојано сте биле заедно.Можеби таквиот однос довел до тоа дечкото сега да се понаша како тинејџер некој коа ке искочите.
    Што се однесува до облеката се надевам нема да ме сфатиш погрешно,но секој има различен вкус.Бидејки никој тука на форумот не знае како изгледаш може навистина се облакаш "бабски" а сметаш дека тоа е пристојно па на човекот му пречи.Сепак секој сака покрај себе да има некој убав и привлечен,а не некој што изгледа како бура да го изфрлила на пуст остров.(no hard feelings).
    Лично мене воопшто не ми изгледа вулгарно и неморално коа ке видам некоја згодна девојка стегната без грам целулит облечена во некој шорц или мини фустанче,него баш напротив женско сум па лиги ми течат и си викам ту бре како не изгледам и јас како нејзе .Еве јас лично на дечко ми не му давам да искача со мене небричен и во тренерки ,(ова најсериозно ти кажувам).Многу пати се дешавало да дојде небричен и да му преречам за тоа,а за тренерки се знае тие се за по дома и за у теретана ,нема што да ми шета у град онака како што седи дома.Сеа нормално не дека сите сме секогаш средени вклучувајки ме и мене но сепак треба да си постои некое лично правило што толерирам а што не .Ете и мене ми се случувало како што често знам да искочам од дома ненашминкана без пудра со подочњаци до стомак на суптилен начин да ми каже -Што ке се праи со твоите подочњаци и да се насмее,или еднаш имав стаено ептен дреч зелен лак и коа ме виде ми кажа -Ноктиве во темница ли ги лакираше?и повторно сето тоа уз насмевка да не се навредам а сепак да ми светне сијацита у глаа дека ете не му се допага тоа и не е убаво.И НЕ, сум со него затоа што ми се допага и затоа што е среден,но од друга страна се осекам убаво коа шета покрај мене и изгледа убаво.
    За мене гнаси се оние девојки кои имаа 100 кила и им се тресе сало од сите страни а се стегнале у шорцеви и у деколте со шљокици кои светат како лампион а се мислат дека се модел на Викторија сикрет.Е,тие стварно се за потсмев и за ругање.
    Така да ти најдобро знаеш како ти се работите дома ,никој од тука неможе точно да ти каже што да правиш.Сепак пробај да најдеш заеднички јазик со маж ти и напрајте искрен муабет што и како ве мачи и двајцата и што очекувате еден од друг.
    Сите го испоругаа дечкото а никој всушност не знае каква е работата кај нив дома.
    Секое добро и стискам палци се да биде како што треба мегу вас.
     
  2. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Во мојата блиска работна околина , работи една ,, госпожа,, со многу сличен стил на облекување од погоре опишаново...Коса долга ѓоа самовила, трепки со пола туба маскара, кармин нанесен сантим над линијата на горната усна, деколте до пупак, минич од кој ѕирка долен веш и штикли на платформа од 15 сантима - во кратки црти бугарска певаљка , ама рано на сабајле за на работа!
    Цела поширока околина мајтап игра со неа,нема некој да не ја знае и да не употребил некој ,,сочен,, збор за неа...За на крај мојата колешка да ми раскаже дека пие од време на време кафе на пауза со неа и дека жената е сосем о.к., мажена со три деца. А облеката и ја купува никој друг него мажот! Господинот сакал жена му така да се облекува!
    И кој е тука психо?!! Тој или таа?
    Според мене таа.
    Мојот човек може да бара од мене се и сешто...Ама, лимитот до каде може да оди го поставувам ЈАС!!!
     
    На srcekrsacka, Sara123 и AIT им се допаѓа ова.
  3. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    71
    Не ми се верува што се прочитав :@ :@ Катастрофа. И според мене жените се виновни. Па каков живот е тоа, јас кога ќе бидам мажена маж ми да ми купува алишта и со мене сите мајтап да си играат, а јас да си ќутам?? Не сум нечија играчка. И било кој, не дошол на овој свет за некој да се подиграва со него.
     
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Барем да му беше задоволителна големина и да те сексаше квалитетно ќе сфатев- ама се си мислам дека или бргу свршува или му е мал, па прави претстави пред јавноста која фраерчина е.

    Море марш на таквите само, а не под рака да го водиш и да му изиграваш ороспија.
     
  5. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Извињавам се,али морав да прашам.
    Од каде по ѓаволите чедо божјо доби информации колку му е дугачок на момакот и дали брзо свршуе?
    И дали стварно ќе сфатеше ако типот квалитетно секса и има суџук во боксерки?
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Повеќе од јасно е да се зборува за негов интелект и ниво на култура. Сопствената жена ја става во иста корпа како ,,оние,, по кој тој се врти со лизната вилица до колена како да фатил бога за м.да. Утре таа жена ќе му роди дете и ќе си чува 2 деца од кој тој ќе биде најголемиот плачко и ќе чека ред за цицка :) е тогаш ќе биде куршлус.
    Не дека е доцна за развод ама тоа е најлесен начин да завршиш кариера со него. Ама нели, финта е да го сочуваш бракот ако навистина сакаш и ова не го гледам како некој си проблем т.е разлог за развод. Зошто? Затоа што ова колку ти прија-одговара (го знаеш и свесно си влегла во брак со него) толку и ти смета сега. Ако не можеш да се носиш со негови потреби, захтеви и каприци најди НЗС односно компромис за да си го сочуваш односот со него доколку сакаш.
    Кажи му дека ти смета и несакаш така да се облекуваш пред јавноста. Скриените желби искажувајте си ги по дома. Не си марионета туку зрела личност која си има свои граници.

    ...ова нешто ќе му дојде како футфетиш момакот кој ни правеше смешки по форумот :$. Да за нас (некои де) беше смешно и неморално а за него сосем ок. Така да или живеј со тоа или избори се за свои права кои нажалост се потиснати.
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ја прочитав, и пак не разбрав каде и` е всушност проблемот....

    Си го одбра мажот и`, кој патем уште како дечко си покажувал рогови, му се потчинува на желбата за курвински изглед, дозволува да ја омаловажува секојдневно покажувајќи го „фраеризмот“ на кој очигледно паднала од старт и ја прифаќа без „борба“ изјавата дека сите мажи биле такви.
    Ами ти девојко си имала ли дечковци пред него, знаеш ли како треба да изгледа нормален однос меѓу маж и жена? Дали и претходните твои мажи во животот така се ѕвереле по миничи и деколтеа, па сега нормално ти е со овој? Ако е така, тогаш проблемот не е во нив...

    Ако не е така, тогаш знаеш дека неговата изјава не држи вода. Ако знаеш дека не држи вода, зошто ја прифаќаш немо? Те импонира згодниот и фраерски маж кој го имаш до тебе?

    Не можев, а да не заприметам, дека една духовна/карактерна особина не наведе во описот за него....значи, за тебе тој е тамам зошто има супер работа, прекрасен изглед и фраерски манири, зошто со сите е фин освен со тебе. Ако е така, тогаш не знам зошто се буниш.....продолжи со облекувањето во негов стил, и надевај се дека ќе „клапни“ побрзо од нормалното, оти ако не, цел живот ќе ти помине во докажување и одмерување на конкуренција.
    Не вреди!
     
    На kate21, LilBaby, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.110
    Допаѓања:
    100.234
    Пол:
    Женски
    Ја исчитав цела тема и едно мене не ми е јасно. Кој е овде луд? Ај нека стави Неничка (имењачка моја очигледно) слика од тоа како он ја тера да се облекува. Зашто јас според ова нејзино што изначитав не би ме чудело типов да ја тера да облече нешто стегнато, а не како бугарска певаљка. Затоа молам доказ. Зашто сите имаме различни поими за курвинско. Не сакам да навлегувам во психата на мажов, ама знам од себе дека НИКОАШ не сум дозволила МАЖ да има удел во тоа како ќе изгледам. Имав еден дечко на кој му сметаше дека одам на маникир, сега е бивши. Друго мене не ми е јасно. Како они се запознале?? Она како се шетала? Како за на работа или попровокативно? Зашто мене ме чуди како ја одбрал баш неа и да ја земе за жена ако очигледно не му одговара??? Развод не и спомнувајте, тоа не и е опција, задоволна си е финансиски со него и тоа и е топ. Облеката на страна, ама мене маж ми да ми донесе некои си таму курвичиња и да ги части на сред кафана, па ја бре другиот ден му сервирам папири за развод па нека си ги напика кај што сонце не го грее.
     
    На LilBaby, srcekrsacka, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  9. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Познато е дека мажите се визуелни суштества, мислам прво ги привлекува изгледот, скале неќеле ќе погледнат во деколтето , до нечиј убав задник, ќе те имеркаат од глава до петици. Жените се удиторни повеќе скаат да слушаат, комплименти, интерсни приказни и да разговаараат, а од фаткот дека сакаат мажи со добар хумор, значи добри смешни вицови и шеги. Сепак, колку и да се визуелни, однесувањето н твојот сопруг не е во ред или јас кога би била на твое место би се запраша зошто тој сум во брак со него пред се, би се преиспитала добро пред се себе си. Добро, секој маж можи и дискретно ќе се погледни во атрктивна девојка, во стегната облека, која ги истакнува сите физички „квалитети“, најискрено и јас би ја погледнала и би си рекла со малку труд и желба и ти би можела да бидиш ваква, ама ако те ска вистински ќе те сака секаква. Ама тие што индискретно зјапаат, па и би ги ставила во категорија манијаци. И мислам дека не се работи за облеката. Според мене имаш многу убав стил и јас на твои години би сакала да имам стил како твојот и ден денес иако сум скоро 10 години помлада од тебе , сакам едноставни работи. Сепак мислам дека проблемот е психолошки и е подлабок одколку што изгледа. Се работи за неговата почит, што ти очигледно ја немаш. Не го интересира што скаш ти како сакаш даизгледаш ти. Ти не си негов трофеј да те покажува пред пријателите, како нешто што не си, па и да те става во незгодна ситуација , да се шеташ разголена кога не сакаш. Зарем него му е помило, ти да си нерасположена и да се чуствуваш напнато и не удобно во негова близина. Толку не ја осеќа твојата енергија кога е позитивна или кога нешто не е во ред. Уртре ќе станиш мајка па ќе е непристојно да се разголуваш само ради него. Па со години иди старост. Ако се пали на такви, што ќе биди ко ќе го фати втор пубертет на 40 -40 и нешто години како што ги фаќа сите останати мажи? Него треба да му е важна твојата внатрешна убавина, да се гордее , со тоа дека има жена интелектуалец, зрела личност со свој изграден стил, а не марионета, да прави од тебе. Овој проблем е мн посериозен отколку што изгледа. Многу пати сум се запрашала како луѓето живеат заедно толку години во брак, од многумина го добив истиот одговорр, љубовта поминува, остануваат меѓусебната почит, и луѓето се вљубуваат одново и одново. Ама кога ти ја немаш неговата почит што останува понатаму. Барем сега можиш да бидиш себична и да размислиш добро за себе и неговиот однос кон тебе. Утре ќе имаш деца, па колку и да си нереќна ,ради нив ќе трпиш. Требало да покажиш заби уште во фазата на „воспитување“ уште на почетоците на вашата врска. Сега треба дури и да му се заканиш. Да побудиш љубомора кај него. Па кој нормален маж би скал некој да му ја зјапа и манијачи сопругата. Провокативноста и тие работи треба да останат во рамките не домот и спалната. Како што не пристојно да се бакнувате и допирате на незгодн мест аи сл во јавност, така е и непристојно да се облекувате непристојно. Очигледно маж ти геладал мн филмови каде 30-40 годишни се облекувале како 19-20 годишни што не е далеку од реалноста во Македонија. Пред се кај нас имаме и стереотипи а и многу од „правилата“ за облекување, барем кај мажените жени си се останати уште како во социјализмот. БАрем мене цело средно ми трубеа дека в институции не смееш одиш по снадалки исо куси сукњи кои не ги покриваат колењата. Така да задржи си го стилот на облекување и преиспитај се дали припаѓаш со извини што ќе го навредам „заотанатиов селјак“.
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.681
    Пол:
    Женски
    Неничке , мислам дека овде ти треба да пресечеш да му кажеш едно големо СТОП.
    Очигледно е дека тој нема никогаш да се смени , а и ти утре ако имаш деца од него , ова ке биде голем проблем. Знам дека не е лесно да се каже разведи се , поготово ако си долги години со него , ама незнам како можеш вака да го трпиш :| и убаво го опиша дека е женскариште , штом частел и други женски во твое присуство..срамота..па како по ова можеш да кажеш дека те сака.

    Извини може те повредува ова ,но искрена сум, ова не е љубов.Откачи го додека е време , зашто да знаеш дека тој нема да се смени никогаш :!:
     
  11. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.194
    Конкретно за проблемот со неморалното облекување, освен ако не си принудена со физичка сила да се облечеш неморално, ти сама избираш. Тој може да има сугестии ама не ја донесува крајната одлука.
    Значи ако ти пречи да се облекуваш неморално НЕМОЈ и крај на дискусијата.
    За проблемот со девојчињата што ги частел тоа е сосема друга работа и за тоа во моментов ќе си ќутам зошто тоа што ми паѓа на памет да ти го кажам не си спремна да го чуеш.
     
  12. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    На твојов ти дефинитивно му треба помош :x
    Зарем ова е нормално? Мораш да превземеш нешто, зарем мислиш цел живот тоа да го правиш...
    Разговарај со него, побарај помош од некој близок, или пак неговите родители нека поразговаараат отворено. Немој да се срамиш и да молчиш...
    Биди малку построга, не знам уште од самиот почеток како си го дозволила тоа.
    Уште првиот пат кога тој ти рекол сакам вака и вака да се облекуваш, ваква облека да купуваш, ти си требала да се му се спротиставиш. :!:
    Реши го ова колку што можеш побрзо, зошто како што гледам работава не е како што треба...
    Како не му е срам да го прави тоа, па уште пред твои очи носи девојки да ги части :x

    Извини ама мислам дека ти премногу работи си му дозволила.
    Гледам и повозрасни сте, воопшто не му доликува на годините, наместо да се прибере да си планирате семејство, заеднични дом, тој се опседнал со секси изглед, секси облека итн. :fubar:

    Реши го ова ,за твое добро, зарем не сакаш да живееш нормално, без притисок, понижување..
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Цццц ... комплекси, комплекси :x ... Јас искрено не знам како толерираш?? Човече тој е во суштина тотално неизживеан и ограничен човек, само си држи маска на наводен мангуп. И искрено не верувам дека има почит спрема тебе, а за љубов не коментирам. Размисли добро со време со кого живееш во заедница да не си ја чукаш главата после многу. Ако тој упорно си тера неговото (што е веројатно дека ќе го прави) додека немате деца, батали го. Освен ако не си решена да си го потрошиш животот залудно ...
     
    На srcekrsacka и eli25 им се допаѓа ова.
  14. Nenicka123

    Nenicka123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Кажете отворено, сакам искрени мислења, не плашете се дали сум спремна или сакам да го слушнам истото.

    Малку в очи ми падна осудувањето од некои дека сама сум барала таков фраер. А, заборавате како повеќето уживате со фраерчиња.
    Ако е фраер, дотеран и среден, не значи дека по дифолт мора да биде и женкар и сељак.

    Бил женкар, ама исто по другите теми читам како на повеќето не ви се битни бившите врски од мажите, дека сте либерални, нели е 21 век.

    Маж ми беше типче (а, не тежок фраер), и бил женкар (ама не до толку како Казанова).

    Јасно е дека тој не ми ги облекува алиштата со сила, но ако јас сум облечена скромно, само ми пререкува и не ме погледнува.

    Проблемот дури и како да не е во гардеробата, туку во неговата неизживеаност. :!: Затоа ве прашував што мислите вие и каде е коренот.
    Порано бев фитнес инструктор ( и уште вежбам, па супер е што имам убаво тело и краткото ми стои убаво)...
    Ама јас сакам маж ми да ме сака без разлика дали сум во долго или во кратко. А, не да морам исклучиво кратко да носам.
    А, секако дека носам и фармерки, панталони, ама убави модели, тесни, обавезно на штикла. |(

    За некои кои побараа слики:
    Еве, подолги панталончиња од овие немам. Со оваа должина ги носам.
    [​IMG]
     
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Неничка,тој е курвар.САкаше одговор,го доби.Секој сака провокатива жена или сексапилен маж до себе,но да претерува на 15 сек.да носам минич до пи*ка :^) ,сериозно ќе се запрашам каква е таа љубов..
    Самите жени донекаде сме криви,со тие 20-30 сантиметрови штилки,минич до пи*ка,длабоко деколте,е после ќе не гледат како секс објект,е ќе не гледат :!: .
    Иако,секој со својот стил,не секој маж сака таква жена до себе,постојано разголена.
    Земи разведи се ако си паметна ,ако имаш свое јас :fubar:
     
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    ќе измрзнеш ма снао! :$

    Види, не знам јас маж ти колку голем типац/мачо/фраер(зборовиве ги немам речено едно 15 години најмалку :D ) е и колку женско внимание привлекува, или да му го анализирам мозокот на колкава возраст му застанал за да рачуна дека нога и цицка на мегдан е секси, ко децата што растат и не допреле женско на срамно место, ама ти ако сакаш и гола шетај покрај него, за да не гледа по други, он ако е таков пак ќе е таков, пак ќе гледа, за џабе се ти голетариш.
     
    На srcekrsacka, sabatini, MSkorpionka и 5 други им се допаѓа ова.
  17. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Ајде договори се самата со себе.. прво велиш дека отсекогаш бил квази-вана би женкар, после пак велиш дека претходно бил прибран и мирен, одеднаш почнал. Ти се обидуваш да не возиш? : D Мислам, како тоа, на работа или пред роднини, како што разбрав си една особа со 'елегантен стил', а кога излегуваш со него си секси планет Хефнер што и да е зајачица? Kao во Л.А си една особа, а кога идете во Сан Франциско за викенди друга? :D Мислиш никој не знае? Македонија ти е ова, каква и да се шеташ низ, да речеме Битола, ќе те знаат и во Куманово. Да не патиш за пажња ти малку на форумот? И јас не знам каков совет бараш, се што можело да се каже ти е веќе кажано, а ти си продолжуваш, оди нему кажи му ги овие работи. Ако е вистина ова, со здравје да си ја носиш.. облеката, тој веќе те обликувал по негов (не)вкус и не е човекот крив, ти си крива, не затоа што така се облекуваш, туку затоа што доброволно правиш нешто што НЕ ТИ Е ЖЕЛБА.
    И.. овој тип или фраер, како и да е :D Дај не се залажувај себеси жити се, имам претстава за што станува збор, Македонија е полна со вакви сељандури. Ноу офенс после сево ова ама научи си дефиниција за фраер, ова е далеку од тоа.
     
    На LilBaby и hermosa им се допаѓа ова.
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Кога го отворив прозорчето за да пишам одговор, го прочитав уште еднаш насловот на темата, и уште еднаш си потврдив дека човекот не е ништо крив во ситуацијата, него толку му сечи.

    Ние сме оделе со фраери...не знам драга од каде ти е таа констатација, ама јас БЕГАВ КО ВАМПИР ОД ЛУК од таквите. Мојот маж е далеку од твојата дефиниција за „фраер“, ама затоа е домаќин, одговорен, заштитник и ужасно секси (за мои очи само ;) ).
    Неверојатно е перверзен, ама во нашите 4 ѕида, не и за жените на улица. Купуваме таков чуден долен веш, да мислам дека 80% од жените не би го ни купиле, не па да го облечат :$ Сака многу кога ќе се облечам притаено секси, и рацете не ги трга од мене цела вечер, не да му текни да части други женски ПРЕД МОИ ОЧИ.
    Ете, ваков е мојот „фраер“ - папучар пред другите, а МАЖ со мене.

    Не ми одговори на другите прашања....и претходните дечковци ти биле вакви? Зошто дозволуваш такви озборувања, ѕверења, па дури и носење на девојките на маса кај вас?? Еве, ако сме ние ненормални, кажи што е според тебе нормално во целава ситуација?

    И не, не е крив тој, не знам зошто упорно бараш одговор на неговите желби и однесување.
     
    На kate21, Lolipop23, MSkorpionka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.654
    Допаѓања:
    121.700
    Jaс мислам дека ти и да разговараш со него-нема да се смени.Се гледа дека има комплекс за докажување пред другите,ама ова му е на ептен одвратен начин :puke: Искрено,првпат читам вакво нешто и сум згрозена.
    Ти си го знаела и од претходно,па требало добро да размислиш пред да стапиш во брак со таков :doh: ама веќе кога штетата е направена ,размисли дали би сакала цел живот да бидеш со таков.Замисли утре кога ќе бидеш 40,50 год со деца околу тебе,тој уште ли ќе те тера така да се облекуваш? Како би се чувствувала ти,разголена со миничи,деколте а дете во пубертет? :^)
    Ти не требало од старт да му одиш по ќефот.Никогаш не би прифатила вакво нешто,никогаш.
    Убаво запрашај се зошто е тој со тебе? Мене некако не ми е јасно :|
     
  20. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    А да земеш да размислиш малце за иднина? Претпоставувам дека планираш во иднина да имаш деца? Со самата бременост(без разлика колку внимаваш) телото трпи промени. Што ако утре нема да можеш да се облекуваш провокативно ке остане со тебе или ке си најде друга која може? Ако сакаш по секоја цена да останеш со него или превземи нешто додека можеш или трпи. За почеток почни понекогаш да се облекуваш поскромно но секси и малку по малку ке го смениш стилот. И кажи му дека и поскромно облечена добиваш комплименти.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.