1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поради маж ми се облекувам неморално

Дискусија во 'Канта' започната од Nenicka123, 18 август 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Јас како детиште учев во уметничко, таму навистина ретко кој се облекуваше по принципите на твојот фраер, па и ја покуса да не останам, додуша и ми се допаѓаше тој Хипи-Лежерен стил, наместо класичен ранец на татко ми војничкиот ранец, наместо тесни фармерчиња, широки ѕвонарки, наместо маиче со деколте и некој натпис ја одбирав туники во шарени бои, со цветови и пеперутки. И сеуште го сакам тој лежерен стил, не дека се сменив но не сум повеќе како во средно, знам да се скоцкам и да облечам дури и сандали на потпетици, иако претходно не ни помислував, постојано бев ви старки или мартинки. Дечко ми чест пати на почеток знаеше да ми каже дека немам вкус, сепак кога се фативме мене сеуште ме држеше тоа уметничко лудило, бев некаде на крај на 4та. Со текот на годините се промени мојот стил, започнав да се облекувам далеку позрело, да купувам гардероба која ќе ми личи на годините и која ќе можам пред се да ја носам и на работа. Значи од ѕвонарки, туники, старки, мартинки и војнички ранци, се префрлив на фустани, тесни фармерки, убави рачни чанти и високи потпетици, додуша поретко, но се важи. Твојот проблем не ми е непознат, знае и дечко ми да ми каже облечи нешто посекси, облечи нешто што ќе те разголи и слично, но јас ако го послушам секој пат кога тој ќе ми каже некоја примедба за гардеробата кај ми е крајот. Нашиот најголем проблем беа потпетиците, и сеуште се, многу ретко да ми се погодат потпетици и да ги носам со мерак, а тој сака да носам, и што сега јас треба да се убивам само за да му го направам ќефот? Не велам дека твојот проблем не е проблем, напротив, те сфаќам и да знаеш дека си потполно во право, не сакаш да изгледаш како Плејбој зајачица и готово, па не изгледај бе драга, уживај си. Нареден пат коа ќе ти пререче купи му ти мрежаста маица и скаени пантолони, кажи му дека така ти е секси, нека се прошета ко најголем сељак низ град па нека види како ти е тебе. Стилот ти е прекрасен, облекувај си се како што сакаш и готово, на крајот на краиштата на сила не може да те облекува. Ако не ти обрнува внимание кога сте излезени а ти си облечена по твој ќеф ич не ни излегувај повеќе со него, излегувај си со пријателки и готово. Не дозволувај ова да ти го наруши домот, има многу поголеми проблеми кои не се решаваат со муабет, а ова може, не е нешто за што светот ќе пропадне ;)
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Јас не разбирам зошто си стапила во брак со него. Мене мајка ми не ми кажува како да се облекувам, не па некој маж. Биди малце похрабра и почни да му се спротиставуваш. Ако проба да покаже физичка сила, извини не треба воопшто да си со него во брак. Не му го прави толку меракот и покажи дека и ти имаш право на избор и глас во тој заеднички живот. Исто така на што личи тоа да вика девојки од 20 години на маса. Јас да бев како тебе ќе му залепев една и ќе си заминев. Мажот ти ми личи на оние, извини ако го навредам, сељаци. Значи типичен сељак што се пали на кратки здолништа и долги млади нозе. Прибери му го умот зошто многу тешко ќе ти биде. Почни со спротиставување за облеката, а другото само по себе ќе си дојде кога ќе види дека не може веќе да ти наредува :!:
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    А бе, си кажа убаво девојкава: Не е дека и` се лути или и` труби цело време, туку еднаш ќе и преречи и после „не ја погледнувал“, па таа затоа морала да се облекува така за да му го „задржува вниманието“.
    И како сега тој е крив? Па тој и генерално си гледа по други жени (и секогаш истото ќе го прави, си му го дозволила), ништо не менува. Тебе само те јади психа зошто не го „привлекуваш“, ама си одбрала погрешно поле на кое се истакнуваш.
    Земи удри му еден секс умот да му се помати, па да видиш дали ќе гледа дали си во деколте или минич. И со мантија ќе го побудалуваш :D
     
    На srcekrsacka и midnight.flower им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Е па ете читај погоре што ти кажав. Значи тој тебе не те прифаќа таква каква што си во целост со сите маани и доблести. Штом му е битно нему само визуелното тогаш тој е површен човек, а таков човек не може да љуби некого целосно. Очигледно и покрај што имаш нервози и разочараност, ти немаш намера да смениш нешто ... ти одговара така да те третира како објект на некој начин.

    И еден реален пример, дечково поточно маж е нели накај 40 год. откако знам за него е женкар, има што да покаже навистина е убав, шармер, сега е добро финансиски поткован ама едноставно во крв му е да си менува женски. Реши после еден период да се ожени, си одбра така помирна девојка која не е многу експонирана, фина, убава ... Ама тој не престана со неговото хоби. И покрај тоа што она знаела мислела толку ја сака па со него е во брак сеуште барем мислам. Ама со него да ја видиш е непознато, пред некој ден ја видов плаче, знам дека има проблеми со него. Тој додека може нема да прекине да си го прави ќејфот.
     
  5. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Поради маж ми се облекувам неморално- па ако несакам јас да изгледам така вулгарно и неморално да се облекувам никој неможе да ме натера на тоа! Неможе тој да управува со твојот живот и да ти кажува како ќе се облекуваш, чим си го дозволила тоа значи и тебе ти е убаво така да се облекуваш. Утре ден маж ти ќе ти рече облечи се како кловн и ти ќе го послушаш нели? Ма ајде бре незнам тука кој е крив дали ти или твојот маж?!? И неможам да разберам дека си во брак со таков човек и го трпиш сето тоа што го прави гледа по други девојки, части некои 20 годишни девојки во твое присуство :fubar: ни луд ова не би го трпел. Но ти си знаеш како ти е најдобро, подобро откачи се на време додека не ти е касно па да ја трескаш главата од sид. ;)
    Дечко еднаш ми пререче за мојот стил зашто цело време сум во патики онака обично се облекувам искрено не сум баш некоја што сака да се дотерува ама ај си реков да видам што ќе смени сето тоа па се облеков поинаку се дотерав малку и одкако почнаа да ме зјапаат мажи и да ме нарекуваат кукла, убавица да се вртат по мене е тогаш дечково се запали полуде од љубомора зашто да ме зјапаат сите и сега ми вика ај облечи се во нешто така пошироко носи си патичиња некои ниски кондурчиња ова она и ај сеа што да правам јас никој неможе да ги разбере маживе тоа е тоа! :f:
     
  6. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Ако не ти пречи да се облекуваш по негов вкус,облекувај си се така и ќути си,а ако ти пречи биди своја и спротивстави му се.Седи и разговарај со него на таа тема и кажи му дека не се осеќаш пријатно така облечена,дека си имаш свој стил кој што сакаш да го применуваш.Тој ако те сака таква каква што си нема да ти замери,а ако не се согласува со тебе значи дека не е за тебе таков човек.
    Јас незнам воопшто како можеш да трпиш таков до тебе.
    Спротивстави му се!!!
     
  7. My.Cloud

    My.Cloud Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    59
    Претерано!Маж ти ја поминал секоја можна граница!Не знам за што те смета тебе.За играчка?За барбика облечи како сакаш?Ма немој да ме ј*беш бре!Уште малце гола да те натера да искачаш.Мислам се си има своја граница и трпение.Само не знам зашто му ќутиш?Пљукни му се во лице па нека се здрви.Да бев на твое место никогаш не би носела кратки фустанчиња,миничи а бидеќи он сака да му го направам меракот?Извини брате ама ја не би го продала телото секој трет да зјапа у гзов.Башка да ме оговараат.Ко к*рва на продажба.Памет :fubar:
     
  8. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    А по дома како се облекуваш.
     
  9. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    296
    Мора да си се облекувала "неморално" и претходно, зашто таков тип не би паднал на "морална" девојка. Како и да е, почни и ти да бараш од него нешто што тој не сака да го прави, или јасно и гласно дај му до знаење дека тие миничи и штикли а ла штркови нозе најчесто се синоним за неизлечени комплекси, немање почит кон себе и самодоверба, желба за побрза мажачка и економска стабилност (во време на беспарица секое девојче дојдено на студии тука како последна сламка се фаќа за тој ефтин изглед и барање "богат господин" да ги вдоми), не за џабе од тоа се состоела најстарата професија. А исто така може да му префрлаш нон стоп на маж ти дека вртењето по такви "простачки" e знак за незрелост, неизживеаност и сељачанство и својствено однесување за пубертетлии кои штотуку ја доживеале својата прва ерекција.
     
    На Ordinary му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    А морам да те прашам од кај заклучокот дека ние студентките од провинција доагаме тука во Скопје по спонзори???
    Не ти паднало на памет дека може постојат девојчиња со свој памет во глава, со свои амбиции, со свое јас, со желба за свој успех??? Или не а?
    Најлесно ти е да кажеш дека ни помалку ни повеке студентките бараат некој спонзор за мажачка?
    А незнам дали знаеш ама добар процент од НИВ ке станат успешни доктори, адвокати,професори...
    поздрав :clap:
     
    На girl.23 и pupi.girl им се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски

    Извини вака ама многу глупаво размислуваш. Ако имаш 20 години и ако си ставиш мини значи ку**а си и бараш некој да го земиш за маж... Стериотипи и предрасуди насекаде... ццц :tmi:
     
    На hunny-bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  12. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Добро, не верувам дека девојката сакаше да генерализира, не се фаќајте за кавга одма :D Јасна и беше поентата поврзана за случајов, не мислам дека сакала сите провинцијалки да ги навреди :)
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    Незнам зошто воопшто некој провинцијалец заслужува да биде навреден ?!
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Уживај тоа се само стереотипи и предрасуди, а има и такви што многу му е криво што си поуспешен од нив :) :) :)
     
    На malechkata и hunny-bunny им се допаѓа ова.
  15. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Остај ја, жити се.
    Од „толкав“ мозок што има заборавила да се сети на се ова што и го опиша и напиша.
    Некои луѓе се` уште живеат во минатиот век.

    Ова беше малце офф топик, ама морав да реагирам на простотилакот од дотичната. |(
    Што се однесува до темава, не сум нешто компетентна да зборувам, ама бидејќи веќе се вклучив во дискусија, ај да се распаметам и јас, можда ќе бидам од помош. :D

    Ние жените сме такви суштества што често знаеме да се изгубиме себеси во една врска, за еден маж.
    Ти си дозволила ПРЕМНОГУ и јас мислам дека е време да застанеш, да си го ставиш прстот на слепоочницата и да се чукнеш малце посилно и да се свестиш до каде си отишла.
    Според постовиве изгледаш како препаметна жена, па отвори си ги очите и прекини ја оваа психичка тортура која врз тебе, свесно или несвесно, ја врши твојот сопруг.
    Ако сака да си ги задоволува настраните фантазии и желби и неизлечени комплекси, а башка и да си дига его, едноставно постави му ултиматум: одредено време нема да се облекуваш нападно и разголено на ниедно друго место за него освен во спалната. Баш ќе видиш како ќе реагира на тоа и ќе го ставиш неговото однесување на тест.
    Се согласувам со повеќето од девојките дека на твојот маж му е потребно преголемо внимание од секоја страна и тој постојано има потреба да се докажува на цел свет што и колку има.

    Edit: Колку да се знае, со првиот дел од постов јасно и гласно го поддржувам мислењето на hunny-bunny. :)
     
    На hunny-bunny и Ordinary им се допаѓа ова.
  16. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    ОК, како што рековме некој си е така поограничен во познанствата, повеќе предрасуди има, најверојатно запознала само такви девојки, значи не е дека ги нема, ги има, но, како што ги има од другите градови, така има и исти такви скопјанки, може и повеќе. Значи секаде има разни луѓе. Кога се запознаваш со некого, тогаш можеш да процениш каков е и што е, а не само по тоа од каде е. Зборот ми беше да не се почнува со караници.
     
    На midnight.flower, hunny-bunny и malechkata им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Е баш ме интересира од каде е девојкава, дали е од провинција или од Скопје. Не ми се верува :x
     
  18. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Потполно се сложувам со Моира.
    -Па што ти вреди бе драга кога се облекуваш така, кога ете тој и понатака гледа по други жени. Па дури и се дрзнува да ги повика на маса каде што седиш ти, неговата сопруга! Па женска главо, имаш ли ти барем малку гордост????
    Ајде ОК, да му удоволуваш, ама барем да добиваш нешто за возврат, почит, целосно внимание... ако ете речеме тоа му е некаков си фетиш на сопругот твој. А ти зошто, кога и вака и онака си понижена??? :^)

    Кога си средена не те погледнувал, па што си ти, немаш ли уста да му се спротиставиш, зошто воопшто тргнуваш некаде со него... ете нека си оди сам, кога веќе се срами од средената сопруга. ;)
     
  19. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    За девојката што нејзиниот сопруг ја терал да се облекува неприкладно:Не си доволно самоуверена и самата го знаеш тоа.Верувај во тебе и твоите квалитети.Ти си исто толку згодна како секоја девојка што ја гледаш пред себе.Во една реченица би било сакај се себеси.:) Mногу љубов до тебе.<3<3<3
     
  20. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    296
    Затоа го ставив зборот "најчесто". Заклучокот е изведен од чисто искуство и перцепирање на околината, значи завршив факултет, работам и искачам и гледам што се случува. Незнам како би станале успешни доктори, адвокати, професори ако нон стоп висат на кафиња и завршуваат по туѓи станови. Вистинските морали одамна се изумрени за денешнава младина, не знам зашто се чудите ко да не живеете во Македонија?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.