Порака за честитање на младенци

Дискусија во 'Свадба' започната од CherryLady, 21 март 2010.

  1. CherryLady

    CherryLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ajj ve molam ako imate nekoja ubava poraka za da im cestitam mladenci na eden mlad bracen par :)) Plss
     
  2. lavce

    lavce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    33
    Порака за свадба

    Форумџики итно ми треба порака за честитање свадба. Па ве молам доколку знаете некоја пишете ја на форумов :D :D :D
     
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.635
    Ми треба честитка за венчавка. Девојката ми е како другарка, но не многу блиска. Дајте некој предлог. Најдов некои на српски, но кога ќе ги преведам глупаво ми звучат. Па ајде омажените нека кажат нешто убаво што прочитале на картичките за среќен брак! :)
     
  4. lejdiii

    lejdiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    изгледа никој не знае и мене не ми текнува
     
  5. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    74
    столе и стојне :lol:
    денешниов ден нека биде ваш почеток кон заедничкиот живот исполнет со љубов,срека,успех....
    бидете благословени и почитувајте се меѓусебно...
    честито нека ви е,и до година да се радуваме за принова во вашето семејство!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.872
    Hека бракот ви е исполнет со многу срека,лубов,дечина,нека секој ден ви е исполнет со бакнежи,нека секое утро ви е исполнето со искрена насмевка и лубов
    Cтојна :*

    Oва ми текна и мислам дека секогаш нешто вака пишувам :wasntme:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.253
    Допаѓања:
    14.927
    Пол:
    Женски
    -Нека љубовта ве води во времето кое е пред вас. Среќен брак од ...

    -Нека заедничкиот животот кој го започнувате денес биде исполнет со многу бакнежи, силна смеа, добро здравје и непрекината љубов засекогаш.

    -Велат дека животот бил тежок пат да се оди сам, затоа ти треба сопатник....
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Juliette

    Juliette Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    zuta dunja zelen mrak
    neka Vi e sreken brak
     
    На monkey15 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RIRIFENTY

    RIRIFENTY Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    ЗДРАВИЦА НА ВЕНЧАВКАТА
    Драги младенци, пресреќен/на што сум денес овде со вас, на прославата на вашата венчавка. Додека ве гледам во моментов вака убави и насмеани, срцето ми е полно со радост. Навистина сте прекрасен пар, родени сте еден за друг! Денес, кога ги спојувате вашите судбини, Ви посакувам вашиот живот да ви биде една совршена хармонија. Заедно да го остварите се она за што ќе сонувате, се она што го посакувате! Вашиот семеен живот да биде една прекрасна песна, која ја исполнува душата со најубави емоции и ќе го разубавува секој нов ден не само вас, туку и сите кои вие ги сакате. Нека вашата заемна љубов ги совлада сите животни препреки! Секогаш да биде полни со нежности еден спрема друг и взаемно да се разбирате….

    УБАВИ ЖЕЛБИ ЗА МЛАДЕНЦИТЕ
    -Радоста, среќата и љубовта секогаш да цветаат во вашите срца!
    -Вашиот заеднички живот да тече како моќна река која нема да знае за препреки на својот пат.
    - На ведрото небо над вашите глави секогаш да блеска само едно соѕвездие – соѕвездието на љубовта!
    - И после неколку децении заеднички живот вашата љубов да биде снажна и опојна како ова вино со кое со вас наздравувам!
    - На вашиот брачен пат да цветаат само најубави ружи и да заедничкиот живот да ви биде како млед и млеко!
    - Оганот на вашата љубов од на ден се повеќе да се распламтува!

    РОМАНТИЧНА ЧЕСТИТКА
    Драги младенци, Ви посакувам, вашиот брак да биде најубав љубовен роман, испишан со вашите искрени чувства и исполнет со радосни случувања. Роман за една прекрасна љубов која од ден на ден ќе биде се поцврста и постојана. За неизмерна љубов која вечно ќе трае. Ви посакувам секое утро нестрпливо да започнете да пишувате нова страница од љубовниот роман, поубав и посодржаен од претходниот ден, и секоја вечер да се потсетувате исполнети со среќа и блаженство. Ви посакувам страниците на вашиот прекрасен роман да се нижат до бескрај, и плодовите на вашата љубов,вашите деца, а исто така и вашите следни поколенија, вашите внуци и правнуци, со восхитување и и неизмерно почитување да зборуваат за вас и да бидат горди на вас…
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RIRIFENTY

    RIRIFENTY Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    dobriot zivot zapocnuva togas koga ke prestaneme da barame podobar.neka ljubovta vi bide pateka po koja ke cekorite,bidejki srekata cekori po istata.vi posakuvam mir vo dusata,sjaj vo ocite ,nasmevka na liceto,ljubov vo srceto ,sreka pokraj sebe.neka sekoja zelba vi bide stvarnost, a sekoj obid uspeh.imajte ubav sreken brak od srce vi posakuvam.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.270
    Допаѓања:
    4.204
    :)

    некој што знае некоја да напише?
    ми треба итно...за другарка е за Веридбаа
     
  12. waleeedijaz

    waleeedijaz Нов член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Девојката ми е како другарка, но не многу блиска. Дајте некој предлог. Најдов некои на српски, но кога ќе ги преведам глупаво ми звучат. Па ајде омажените нека кажат нешто убаво што прочитале на картичките за среќен брак! :)