Темава е следна: Дали сте доживеале или пак знаете некоја приказна каде што породувањето се случило на некое несекојдневно место (кола, дома, авион...) Поттикната за темава бев уште вчера, која гледав една емисија на TLC и приказните беа токму за ваквите породувања. Нејсе, најневеројатен момент ми беше оваа: http://www.huffingtonpost.co.uk/2014/02/27/new-york-birth-street_n_4864210.html Ако мислите дека е досадна, глупава, без потреба или пак можеби дупла: КЛУЧ!
Јас сум родена во кола впат кон болница.. Во 6 часот мајка ми станала со мали болки не така страшни и кајј 7 часот и пукнал водењакот и право в кола кон болницаа. А блиску сме до болница 10 мин.. Во 8 часот сум се родила.. Ептен лесен пораѓај.. Докторите доле ми сечеле папочна.. Се надевам и јас лесно ке поминам
Искрено немам слушнато за ваков случај кај нас, нормално по интернет имам сретнувано вести за породувања на несекојдневни места во други земји како на пример во авион, во автомобили... Баш неодамна гледав дури и клип во кој една жена некаде во Америка се породи во кола на пат кон болница.
Стрина ми се породи во кола со братучед ми, на пат кон болница. Пред 15-16 години на 31 декември напладне. Инаку 3 то дете. Се спремала за во болница бидејќи имала болки, но сакала колку може дома да ги истрпи болките, не очекувала дека ќе се породи толку брзо. До болница имаја 30 минути пат. Одела со мажот и и свекрва и. А свекрва и пред излегување од дома зела ќебе, претчувствувала дека можеби ќе се случи нешто. И на сред пат ја породила, а мажот и возел не застанал, и така бебето го завиткала во ќебето. Имала брз и лесен пораѓај.
Во Гостивар кај што живат моите во кругот на зградите се породила 24 годишна мајка со второ детенце во влезот од зградата Бебето живо и здраво сега има 4или 5 год. Додека се истуширала мајката бебето почнало да излегува. Во истиот влез живеела мед.сестра која била акушерка и ја породила на скалите. Папочната врвка ја подврзала со врвки од патики/кондури, со бебето во раце, во ќебе завиткано правец во болница ако не ја породела на скали немало да преживи бебето,ќе се замотало во папочната.
Еден мој вујко е роден во кола. Таму одредиле дека полот е женско и место да продолжат во болница си се вратиле дома. Дома увиделе дека детето е машко. Прво дете бил.
Ами онаа шо се породи на граничен премин во тоалет бе??? Во македонија ова на граничен премин Табановце. Ама го фрли во кантата за ѓубре за да продолжи на апсолвенско патување. Сестра ми беше во таа група ама ниту еден автобус не насетил дека нешто се случува. Дознале дури во Прага поради компликации заради кој водичите морале да ја носат во болница.
За неверување е но скоро слушнав дека мајка се породила дома во Скопје. На моја пријателка, пријатели се. Што е уште повеќе за неверување е дека женава не знаела дека е бремена Ок ја знам и јас, по крупничка си е жената, но сепак приказнава мене ми беше неверлива. Викнале брза помош одкако се породила(сама), го земала детето на раце и отишла кај мт-и и му рекла имаме бебе леле и кога пишувам ме фака смеа и неверуванје. Но ете тврдат дека така се десило. Стварно има бебе женава, ја видов А пред да се породи скоро 2 недели се видела со моја пријателка и вика ништо не и спомнала. А пријателкава моја не ја ни приметила дека е бремена. Само лицето и било малку “поинакво“. Што ќе речете на ова?
Навистина многу чудно како никој не ја приметил дека е трудна ,како толку брзо се породила во вц ? зар немало крв на нејзе? Го снема цел тој случај да не знаеш што се случи,што е со девојчето? Иначе многу жално за детето
Вo притвoр е Кaкoбе не знaелa aми си клoцкa тo милoтo внaтре aјде вo пoчетoкoт мрдaњетo нa бебетo мoже дa гo смешaш сo гaсoви oд цревaтa aмa еве сегa пр вo oвaa неделa (23 тa неделa сум ) oсеќaм декa ме УДИРА и е сoсем рaзличнo oд гaсoви. Кaкo втoрo a нaјвaжнo циклусoт бе? Нoрмaлнo е дa те скoкни еден месец сите некoгaш не скoкнaлo или ќе не скoкне aмa 9 месеци дa не дoбиеш бе? Јaс сaкaм дa знaм штo и се вртелo нa тaa женa вo глaвaтa? Или сум јaс психoтичнa пa би реaгирaлa веднaш зa циклусoт.. Не знaм нaвистинa ептен ми е чуднo
Татко ми е роден дома, ама во странство. Дедо ми го пратиле на терен и баба ми отишла со него. Престојувале кај роднини. Во тој момент биле сами. Кога баба ми добила болки дедо ми отишол да вика бабица. Во близина немало болница. Додека да стигне бабицата, баба ми се породила.
На дедо ми сестра сама била на нива, си работела жената кога добила болки. Си отишла дома, но куќа на село со една собичка а на маж и другар бил дојден на гости и и било срам да каже. Па влегла во подрум и таму сама се породила. И тоа со прво дете. Кога ни раскажуваше кожата ми се ежеше. Секоја чест колку биле храбри на времето.
Ако е истиот случај што и мене ми го кажуваа, жената имала циклус секој месец и била многу крупна. Наводно и со првото до 5 месец не знаела бидејќи си добивала редовно. Гледано од моја перспектива и мене ми е за неверување, ама изгледа не сите си го анализираат организмот
Можно е да не знаела. Мојата кумашинка до 5 месец не знаела дека е бремена. Крупна жена, а од секогаш имала не редовен циклус. И случајно решила да оди на преглед и кога и кажале жената ќе се онесвестела таму.
Моите стално ми велеа дека сум била родена в кајче, после неколку години уствари дознав дека така ми велеле оти никогаш не затворав врата
Баба ми, на мајка ми мајка, со двете деца се има породено сама, во плевна. За тоа време било и најнормално, луѓе од планинско село, немале други услови, на тоа биле навикнати. Сепак секоја чест за храброста и издржливоста на тогашните жени
пријателка моја си отиде на гинеколог на редовна контрола гинекологот и соопшти дека е бремена некаде околу 22 н уствари она веке 6месец ни поправена ни осетила нешто а и редовен циклус си имаше кој и онака и беше ептен оскуден свеста и се заврте на крај заврши неубаво ептен
Слично и дедо ми е роден. Прабаба ми си работела во нива и одеднаш ја фатиле болки. Но таа си помислила дека и се оди во веце и си се скрила во грмушки. За среќа породувањето и било лесно и без компликации.
Јас кога се породив (пред 6 години) истата година се породи моја блиска пријателка дома со петтото дете и пукнал водењакот и додека се спремале да излезат за накај болница бебево почнало да излегува.
Пред 12 години сестра ми се породи со внук ми во битолската државна болница.Бевме појдени на посета и наеднаш цел персонал се растрча од сестри,доктори,болничари...жената в лифт се породила. Друго тетка ми со братучед ми прва бременост,тетин ми битола теренски работник а таа кичево.Викенд тетин ми дојден кич ја фатиле болки ама не кичево немало кадар сакаала жената за битола да оди.В кола татко ми вози тетин ми и тетка ми на задно седиште пред битола почнала да вика застанете раѓам,тетин ми и викал не сакаше кичево болница,сега овде среде ниви ќе раѓаш??? Татко ми вика туку почна плаче нешто,се врти тетин ми го зема малиот во раце,го завиткал во блузата што ја носел.Стигнале ги качиле горе на гинекологија го пратиле тетин ми по книшката во кола им била,затрчан излегол,со трчање се враќал арно ама не видел дека стаклената надвотрешна врата де затворила со трчање и во стаклото бамммм.Тетка ми со малиот на гинекологија а,тетин ми на хирургија на шиење.И ден денес има лузна на лице и рака.