што се прави во тие моменти? Што се прави со папочната врвка? Што се први со бебенцето? сум гледала некоја ципа од устаата се вади одма ако има има. Ич не ми се јасни работиве
Мислам дека процедурата е следна: се вади таа таканаречена ципа, се плеска бебето позади за да може да заплаче и после тоа се стега папочната врвца и се сече. Ова сум го гледала на емисии... Е,сега колку е точно не знам. Баба ми со сите шест деца се породила дома, а некоја моја роднина со срб на нива сама си ја пресекла папочната врвца. Се мислам дека станува збор за некаков мајчински инстинкт. Порано немало ни телевизија, ни бутур. Биле храбри и издржливи... Секоја чест!
Прабаба ми родила 9 деца, каде што ќе ја фателе болките таму, на нива, во плевна во подрум. Тогаш сите жени раѓале дома, ако имало некоја бабица ја викале, ама и многу често сами се породувале и сите имале по многу деца. И татко ми е роден дома а има 50 години, дури да дојди бабицата- баба ми се породила. И јас ќе кажам секоја чест на жените биле многу храбри.
Баба ми се породила со тетка ми на пат кон болницата (во тоа време немале кола) и тоа во пазар! Едвај стигнале до пазарот и рекла ,,не можам повеќе, овде ќе раѓам,, И стварно го родила бебето во пазарот под тезги, ноќта после полноќ! Сами со дедо ми биле! Интересно ми е што за да го завијат детето во нешто украле чаршафи од некој балкон пружени да се сушат! Инаку моја братучетка во болница во wc ќе го родеше бебето, оти не и веруваа сестрите дека готова е и раѓа! И рекле ,, ахааа, толку брзо нема шанси,, Ама кога отишла во тоалетото му ја видела главата на бебето и извикала дека бебето излегува! Со количка ја однеле до боксот и одма родила! Тоа дека не знаеле до 5-6 месец дека се бремени ми се верува! Некои имаат редовен циклус и додека се трудни, немаат мачнини и други симптоми, други пак имаат нередовен циклус па не се раководат по тоа ,,ми доцни менструација можеби сум трудна,, Ама до самиот пораѓај да не знаеш дека носиш уште еден живот во себе ич не ми се верува! Тоа бебе клоцка во тебе, стомакот расте (па колку и да си дебела сепак во 9 ти имаш стомак)... Што знам, ова малце за неверување ми е!
Пријател од татко ми и мајка ми е роден на нива. Мајка му не се осетила дека и е дојден денот и заминала вполе. Многу лесно го родила, а попочната врвца ја пресекла со српот што ја косела тревата
Баба ми дома се пораѓала со двете деца, си имале семејна бабица. Јас кога бев у ГАК на контрола, докторката ми вика почекај малце имам мајка дома се породила, женава седеше у количка, и од внатре се слуша, само си излезе бебето, не ме болеше ништо.
Второто синче замалце дома или во кола ќе се родеше, добив благи болки и одма почнаа посилните на 2-3 мин. ама ја очекував нешто многу пострашно и поболно и сакав дома да седам уште, мм ме убеди да тргнеме, во кола на прва кривина осеќам бебето скроз ниско се спушти, стигнавме во болница за 10 мин, влеговме во обична соба, одма ми пукна водењакот и почна да искача бебето, викнавме по сестрата дојде обична медицинска сестра, мм до мене и се роди синко. Утредента на пладне си излеговме дома.
не беше во притвор јас одма дознав за дешафкава пред да искочи во медиуми и никогаш не отиде во притвор тогаш после патувањето и после медиумите она си искачаше лабаво во диска во кафичи си пиеше мењаваше дечковци со другарки во хавана и така ...
Мислам дека некаде околу 2014/2015 имаше еден случај кога бремена девојка која отишла на апсолвентска екскурзија се породила во некој тоалет на некој граничен премин и го оставила бебето така. Се збореше многу за тој случај, ама не знам колку се расчисти целата таа ситуација.
не беше во притвор зошто често ја гледав во 1 кафич после апсолвентската и после медиумската прашина иначе стварно така со заби ја пресекла папочната врвца барала во бусот ножици ама никој немал пошо нели кој носи ножици на екскурзија отишла во вц се породила и после влегла лабаво во бусот ко нишо да не се десило си пиела и све
Никој ли не приметил кога и пукнал водењакот... Како можела одма комотно да си се шета после породувањето. Што станало сообилното крварење (нели се носат специјални улошки)... Нели слушнале плач на бебе?