Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пораѓање со провокација

Дискусија во 'Бременост' започната од ribce, 3 март 2010.

  1. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.465
    Допаѓања:
    22.689
    Пол:
    Женски
    Јас имам многу стрес претрпено од тој пораѓај со провокација, и доживотна траума имам, ме измачија 11 саата додека не се онесвестив од болки. И на крај пак царски, три дена неможев од болничкиот кревет да станам од шо се изнамачив и бев пре изнемоштена.
    Вториот пат дирекно на царски бев. И двата пати со целосна анестезија, пробаа со спинална али не ми делуваше.
    Така да, ако имате низок праг на толеранција на болка, не се мислете и одете царски, ќе си бидете одморени за после да си го гледате бебето.

    Провокациите многу болат.
     
    На EvaZ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    4.774
    Пол:
    Женски
    Исто со провокација, ама за 3,4 часа интезивни болки родив... Мораше оти преносено беше детево мое, за среќа без трауми за мене или него...
    Е сега не знам дали боли повеќе со или без провокација.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Природно сум породена...провокацијата природно беше: 2-3 саати пред породување се искачив до 4ти спрат и се симнав. Отидов на контрола и се породив експресно за 3 саати од прием до излез. Цимерката што беше со мене, дојде в болница веднаш штом и пукнал воденјакот, и даваа провокации и на крај заврши на царски...

    Сега сум бремена во 2ро, сакам природно, ама имам децидуален полип, валјда ќе одам на царски, ако не се повлече полипот. Читав дека крварењето е пообилно и подолго ако се откине полипот за време на породување и од тоа сум смртно исплашена :sweat: ;(
     
  4. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.227
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Bev neshto malce otvorena, bolese provokacijata i do kade mozhev da trpam, izdrzhav, ama trpenjeto beshe jas da pagjam na zemja od bolki (imam i nizok prag na bolka) sporo i se otvarav pa pobarav epidural
    Na kraj se porodiv prirodno, odma bez na noze ama problemot e shto anestezija stavaat an 5-6 prdti otvorena a do togash ke priumresh
     
  5. EvaZ

    EvaZ Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    А јас последно пред неколку дена кога ме прегледа само 1 прст бев отворена и денес на цтг не даваше никакви болки не ме ни прегледаа вагинално и понеделник сум пак на цтг.
     
  6. EvaZ

    EvaZ Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Би требало да е подобро со епидурал но не верувам во државна болница да го практикуваат. Кај мене рекоја дека е слезено во карлица со главчето и можеби би било се во ред да не е проблем постелкава заради која треба на ваков начин да биди.
     
  7. EvaZ

    EvaZ Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Ох.. а јас без епидурална и од тоа имам најмногу страв да не не можам да издржам да снемам сила да не изгубам свест..
     
  8. emits

    emits Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2015
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    976
    Пол:
    Женски
    Јас 2 пати се породив со провокации. Првиот пат болките ми почнаа сами, и бев 2цм отворена. Вториот пат со провокации, немав претходно болка само 2цм бев отворена. Епидурална ми ставија после пукање на водењакот, бев отворена веќе 4цм. При крај само болеше кога веќе ја намалуваат епидуралната. Претходно пред епидуралната болеше, но издржливо.
     
  9. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.227
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    I kaj mene beshe problem postelkata i plodovata voda, vo 32ra mi se skrati grloto, bebeto stiskase nad kanal moslea site gotova sum, za na kraj da rodam vo 40ta i toa so provokacija. Na prv pregled vo 36ta doktorkata poblede, ajde use malce da isturkame, ajde bar do 37ma pobezbedno e i odma ke iskoci epten dole e, za slednata nedela da vidi deka bebe se kacilo nagore, nekako haotichno bese tie dve nedeli do 39ta pa posle toa veke se vide deka nema kade. Jas bev 2 nakaj 3cm otvorena za koa me primija i me induciraa da ispadne samo 2 prsti. Srekna sum sto se porodiv prirodno ama ke lazham ako kazham ne bolese. Na pocetokot se trpese posle veke ne zoso bea prejaki kontrakciite
     
  10. EvaZ

    EvaZ Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Еве денес ми кажаја дека ќе одиме дирек на царски па се надевам се ќе помине како што треба.
     
  11. A.V.S 91

    A.V.S 91 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2023
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Темава не е активна многу но сепак да прашам далинекој има искуство со природно породување со провокација во Ремедика?
    Денес на преглед едвај 1 прст отворена, 39та недела. За една недела е терминот и наредниот преглед и малце ме фаќа паника од провокации.
     
  12. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.433
    Допаѓања:
    8.517
    Пол:
    Женски
    За во Ремедика не знам јас со првото бев со провокации со инфузија на ГАК. Отидов 4 см отворена, од 4 до кај 7 см издржлива болка, серија гледав, како ми ги појачаа на 100ка, да се отворам скроз, мислам дека тоа беше лудило. Неопислива болка, повраќав по цел бокс, бебе збесна, маваше, измести каиши од ЦТГ, измести главче од канал. На крај на царски отидов.
    Премногу е болно според мое искуство со провокации. Царски ми го распараа цел абдомен па не ме болеше толку првиот пат кога станав, отколку провикациите. Да ми е памет сега, не би се согласила на провокации.
     
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.262
    Допаѓања:
    76.307
    Пол:
    Женски
    Јас имам искусено природни болки и болки со провокации. Болките со провокации се поинтензивни и веднаш јаки (зошто сепак и не се природна работа). Интензитетот им е нон-стоп јак. Во Ремедика бев со второто со провокации ама ради мекониум во плодова вода завршив итен царски. Епидурална кога ќе ти стават, ќе биде сигурно поиздржливо. Јас ни за епидурална не стигнав, за таа мора да си мин 3,4 прсти отворена. 3ч бев со болки на 1мин, 30сек со провокации пред да завршам итен царски..
     
  14. A.V.S 91

    A.V.S 91 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2023
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Уф не ме утешивте воопшто:sweat:
    Сепак има една недела да тргне работата природно, но ако нема промени не знам што да правам. Дали директ на царски е подобро од природно со провокации... Се надевам дека Др. ќе одлучи, да не ме прашуваат мене ништо, прво породување ми е:wasntme:
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.262
    Допаѓања:
    76.307
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, секако нема да те остават да се мачиш.. ни па бебе да се мачи. Не е страшно и царски да мора. Битно да сте добри :)
     
    На A.V.S 91 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.433
    Допаѓања:
    8.517
    Пол:
    Женски
    Не се секирај. Ќе биде се ок. Може те исплашивме ама тоа е искуството.
    Мене ме прашаа дали сакам да чекам да се отворам или царски и сама си решив царски.
    Само со лесно да е :inlove:
     
    На A.V.S 91 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ане.

    Ане. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2021
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    1.439
    Бирај царски подобро отколку провокации, да знаев дека ќе имам трауми од прв пораѓај баш поради нив одма ќе барав царски. Со лесно
     
    На MyMala и A.V.S 91 им се допаѓа ова.
  18. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Немој другите мислења да ги земаш толку здраво за готово, секој пораѓај е различен, секоја жена нема ист праг толеранција на болка.
    Еве ти едно утешително мислење.
    Јас бев 7цм отворена, додека отидовме до сала се отворив скроз 10цм, ме средија се што требаше ама јас немав воопшто ни болки ни напони, ми ставија провокација и почнаа одма јаки болки, ама издржливи. Најбитно е да не викаш и да не се дереш на болките да не изгубиш сила за кога ќе дојде пораѓајот да можеш да напињаш.
    Кога ќе почне да испаѓа бебе, само слушај скроз внимателно што то кажува бабицата како да правиш, зошто јас на вој дел се зезнав, земав силно воздух и го вратив бебето пак нагоре. Дури после еден час пак се пушти доле, а јас за тоа време со провокација бев и морав да правам чучњеви.
    Ајде со лесно, за убаво е, не се плаши ќе биде се во ред.
     
    На Anaroz1, honey95 и A.V.S 91 им се допаѓа ова.
  19. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.756
    ај од мене малце утешителна приказна, ја успеав да се породам со провокации природно, вистина е дека прават нешто, затоа што и кај мене беше бебе наместено надолу, кога ми ставија провокации се шекна и се качи нагоре, никој не знае таму шо ќе се деси, секој пораѓај е различен, ама јас не би одела директно на царски, може е помачно природно, ама опоравувањето е многу побрзо, шо и да се случи со лесно само :)
     
    На Snowflake97 и A.V.S 91 им се допаѓа ова.
  20. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.353
    Допаѓања:
    26.235
    Пол:
    Женски
    @A.V.S 91
    Една утеха и од мене
    Првиот пороѓај ми беше со провокација, бебе надносано а јас не отворена воопшто. По болно е од природно отварање ама сепак на крај мора да излези од тебе. Природно го родив со тежина од 4.350гр
    Едит:
    И царски осетив како е и искрено до крај би одела на природен пороѓај. Во случај на компликација би бирала царски, но доколку е се во ред слушај само доктор и се ке биде во ред
     
    На Tina⚜️ и A.V.S 91 им се допаѓа ова.