Форумџика на годината

Пораѓање со провокација

Дискусија во 'Бременост' започната од ribce, 3 март 2010.

  1. Stone

    Stone Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Некоја во Систина да се породила со провокација?Како иде процедурата?39 +5 сум но сеуште нема знаци...ми спомна докторот дека ќе почекаме уште па ако нема ништо ќе пробаме со провокации...Прв пат сум трудница и баш ми е се ова ново.Не знам ни дали треба датум да договорам дали да чекам...Баш бев позитивна но кога почнав да читам тука искуства ептен ми е страв мислам притисокот ми оди 200 сега од паника
     
  2. majka majkicka

    majka majkicka Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2022
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    20
    Се породив во Систина со провокација ден пред термин пред 3 години не е ништо страшно без гајле само го убрзава процесот на отварање. Со докторката се договрив последната недела таа тој ден беше на дежурство ме прими претходната вечер ми дадоа во 2 часот ноќта провокација докторката дојде во 8 часот да ме види во 9 се породив. Провокацијата беше бидејќи веќе плодовата вода се намали а бев отворена само 3 прста слабо се отварав. Ако имаш болки ќе си побараш да ти вклучат анестезија. Сестрите те следат ако видат дека почнува процестот на породување ќе си ја повикаат докторката.
     
    На tambelina и Stone им се допаѓа ова.
  3. Stone

    Stone Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Многу лоши искуства прочитав и сега ептен ми е страв.Некои многу тешко и болно поминале па дури и завршиле на царски и сега не знам што да мислам преиспраничена сум ;(
     
  4. majka majkicka

    majka majkicka Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2022
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    20
    Најпрвин без паника ако немаш индикации за провокација почекај уште некој ден, јас поминав лесно и немав лошо искуство. Посакувам да имаш лесен и брз пораѓај како песна. Пред се верувај во докторот ако има индикации за царски тој најдобро знае немора да чекаш природно, битно е се да се заврши како што треба
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.324
    Допаѓања:
    137.336
    ]

    Jaс не ни знам дали ме боцнаа провокација. Знам дека со рака ме отворија. Ептен релаксирано и лесно беше. Очекувај добро, и се ќе биде добро.
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.018
    Допаѓања:
    4.969
    мисли позитивно, јас бев како тебе, цело време три прсти отворена, на крај се породив со провокации природно, не се секирај. со лесно :hug:
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stone

    Stone Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    @majka majkicka ,@Cka ,@Anaroz1
    Фала ви премногу на искуствата и поддршката.Навистина сакам само позитивни мисли да имам а тоа што сум си паничарка само ме дотепува.Све пробувам да направам се пентарам по скали,шетам..и џабе.Се осеќам како сама да сум си крива што не успевам природно како да не сум доволно добра.Тоа што во сабота ми е терминот а уште бебуш го нема ме тепа и не знам дали да чекам..секако докторот ќе каже но ете на психа ме мава.;(
     
  8. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    9.322
    Пол:
    Женски
    Јас се породив со провокации, не се отварав, а имав пукнат водењак.
    Можеби ти сама ќе се отворип, не му ја мисли многу, а и во Систина може да те боцнат лајт спинал или некоја друга имаше, ако не се лажам. Само без паника.
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.324
    Допаѓања:
    137.336
    Toa e природен процес, како да се нервираш оти имаш дебели веѓи или тенка уста. Моќе детето си го направила не на 3 ти у месецот, може на 9ти си го направила и нивните пресметки не се совршено точни. Не биди како маж ми, прокрварев една недела порано, викам одам да раѓам, вика ааа не може, докторот рече на 21ви, не денеска. Абе алооо пали колата :))) тебе ќе те слуша бебето. И торбицата не сакаше да ја земе. Ако паничиш со висок притисок ке имаш мака. Детето само си бира кога ќе дојде. Може не сака дожд деновиве, сака на сонце да роди. Ајде малце поведро.
     
    На tambelina, Tea SK, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  10. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    744
    До 41 недела се чека ако е се во ред не до 40 недела како што повеќето мислат, а после 41 се закажува со провокации ова ми е обајснато од матичен доктор кој јас многу му верував.
    Иначе и јас ко тебе на 39 со некој ден бев на доктор и плодова вода има бебе горе абер нема за излегување ми вика докторот рано е уште дојди на контрола за една недела е дури тогаш ќе ти закажиме за провокации сега рано е и убо си заминав дома и вечерта ми почнаа слаби контракции па уште некој ден имав контракции и се породив природно на 40+2 и бебе уште беше високо па ај ми го туркаа да слези, сакам да ти кажам не паничи рано тие уште една недела имаш фора.
     
    На tambelina, Mumoftwo30 и Stone им се допаѓа ова.
  11. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    2.451
    Пол:
    Женски
    Јас двете ги родив со провокации во Систина, моето искуство е одлично. Првото ден после термин, второто ден пред термин. Така се договоривме со докторот.

    Искрено ништо страшно не е, те пратат цело време, цело време си на ЦТГ, ако ти се неиздржливи болките има чаре и за тоа, епидурална. Имаат начини знаат како да го помогнат процесот да биде се како што треба.

    Треба само да соработуваш, да слушаш доктор.

    Мислите дека не си доволно добра ти се апсолутно непотребни. Не зависи од тебе, убаво му е на бебо. Се му е стокмено најадено во секое време, наспано си пливка. Зошто не мислиш така дека се чувствува безбедно бебе во меше.

    Исто мислата дека може да дојде до царски заради провокација, непотребна, до царски може да дојде и без провокации, пак ќе речам тоа е природа и не зависи од тебе. Остави да си течат работите, најубав период те следи.

    Мајка ќе станеш!

    На крај на денот ич не е битно како битно е да сте добри и ти и бебе.

    Со лесно и те чекаме со убави вести!
     
    На tambelina, Baby warrior, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Stone

    Stone Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Колку ме смири не можам ни да ти опишам.Само убаво да ти се враќа фала ти од срце :l:
     
    На Bubamaricka и Baby warrior им се допаѓа ова.
  13. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    1.466
    Пол:
    Женски
    Со лесно и со убава мисла… ќе се наместат коцките :l:
     
    На Mumoftwo30 и Stone им се допаѓа ова.